Чекај- чекај! Јас сега сфаќам дека ти си мртов сериозен за ова што го збориш до сега!
Нема да изгуби а ќе одат во фондови? Сериозно човече... ти се чудам!
Што е со мојот личен фонд кој што е во минус?
Па и мојот е во минус секој месец за пензиско, здравствено и социјално, и јас треба да излезам на протест за тоа, како после ќе функционира и така упропастеното здравство?
Кога ќе отидам на лекар, јас веќе сум го платил мојот преглед, а ти без да платиш се лечиш за исти пари како и мене, а на крајот од месецот ти остануваат повеќе пари од мене.
Бегате од вистинските проблеми или пак не ја признавате правичноста на дел од законот, пример со тебе можам да се согласам за следново дека треба да биде разгледано и запазено и дека законот може да биде искористен од работодавците:
1. Ако сте невработен, следниот работодавач нема зошто веќе да ве вработува, бидејќи придонес за здравствено и пензиско веројатно сами ќе си ги плаќате. Дури може и да ве отпушти, па да ве префрли на авторски договор, т.е. хонорарна работа.
2. Ако не сте редовно вработен, а нема да бидете, тогаш за вас не важат законските одредби кои ги регулираат вашите права: право на годишен одмор, право на боледување, право на отсуство во случај смрт на близок и слично...
3. Ако сте млада жена, бидете сигурни дека кога ќе затрудните, ќе ви биде прекинат авторскиот договор и никому ништо!
4. Ако сте вработен и земате дополнителен хонорар, ќе плаќате дупло пензиско, но парите нема да одат во вториот пензиски столб.
5. Ако сте вработен и земате дополнителен хонорар, ќе плаќате дупло здравствено осигурување(!!!), но повластици за тоа нема да добиете!
Со тоа што:
1. Ако те префрли на хонорарна работа веќе не си обврзан да одиш на работа, бидејќи е хонорар, ќе работиш од дома и по однапред дефинирани цели... Сигурно нема да ти рече хонорнарно да мешаш малтер од дома...
2. Ова во случај на злоупотреба на законот, во спротивно хонорар е хонорар, извршување на услуга за некој, не вработен, па оттука кога сакаш можеш да се лечиш или да идеш на одмор.
3. Колку трае тој авторски договор? Или се обидуваш да го изиграш законот и да платиш 10% а си фактички вработена?
4. Не се знае ова...
5. Па секој вработен со дупло поголема плата од друг вработен плаќа дупло повеќе здравствено осигурување. Не гледам сите тие да се излезени на штрајк, социјална држава?