Протест против законските измени за плаќање придонеси за хонорарите

  • Креатор на темата Креатор на темата ZeenaK9
  • Време на започнување Време на започнување
Фрилансерите не потпишуваат никаков договор.

Има такви кои потпишуваат виртуелни договори. Ради запазување на рокови, целосна исплата, точки од барањата и исполнувањата дали се до крај реализирани итн.

И не биди толку очигледен дека си партиски дудлач. Пробај малку посуптилно.
 
@Brutus, едно потпрашање ако може: дали сметаш дека некогаш излегол лош предлог од владата, со кој ти не си се согласил и си бил против, или се што доаѓа од таму како предлог по дифолт е добро за народот?
Ирелевантно прашање кое нема врска со темата.
 
Ирелевантно прашање кое нема врска со темата.

Има врска со темата. Да знаеме дали да ти ги игнорираме мислењата или не. Дискусија не се води со сите.
 
Ако де, со ДА или НЕ можеш да одговориш, не мора да трошиш многу време...
Со ДА или НЕ се одговара во полициска станица пред инспектор. Ова е форум и дискутираме. Како што можеш да видиш јас побарав попрецизно објаснување за некои детали од законот кои не се јасни. Како концепт генерално е во ред. Кое е твоето мислење?
 
Кои детали не ти се јасни? Дека фриленсер што крпари со 10000 месечно ќе изгуби 3500? Тоа е „генерално во ред“?

Ти генерално, во ред си?
 
Кои детали не ти се јасни? Дека фриленсер што крпари со 10000 месечно ќе изгуби 3500? Тоа е „генерално во ред“?

Ти генерално, во ред си?
нема да изгуби туку ќе одат тие пари во фондовите. Според тебе човек што работи во фирма и зима 18.000 месечно губи 8500 месечно?
 
Зошто да се плаќа дополнителен данок доколку нарачувачот во странство плаќа данок?

Од кај го извади ова жити се. Данокот не се плаќа во странство туку во матичната земја, во случајов Македонија. Така беше и до сега, само што се плаќаа 10% наместо 40%.

Фрилансерите не потпишуваат никаков договор.

Се кладиме во 500 евра дека потпишуваат?

Мој совет најди си жена или маж и сметките ќе ти бидат поевтини

Така ли ти правиш, одиш и бараш жени и мажи да ти ги плаќаат сметките? Интересно, хммм
 
Фриленсерите подлежат на данок- ако не треба да плаќам данок оди и објасни се со УЈП и ПИОМ, услуга ќе ми направиш.
Не користам скрил и мониграм, па нит пајонир нит пејпал. Трансферот е wire transfer. Работодавецот си ги покрива трошоците од негова страна, но тоа е кон неговата држава и банка. За да парите стигнат до мене, се вклучуваат 2-3 посреднички банки.
Склучувам договор.
Не мислиш дека, доколку би сакала да имам придонеси, би била вработена а не фриленс?
Па и во ситуацијава, и да си вработен дупло придонеси ќе плаќаш. Дупло пензиско и инвалидски, а парите нема да одат во втор столб (за да крпат дупки во пензиски фонд, нема млади јебига, треба да се плаќаат пензии на масата која е лојална), ќе плаќаш дупло за здравствено а повеќе услуги од тие што (не) ги добиваш нема да добиеш.
Логика? Е па треба да се намали фиктивната мала бројка на невработени (да се доведе, онака, што е можно пониска, ружи цветаат кај нас) а и неколку бизарни проекти да се покријат, како и кредитите да се вратат (вака или така). Да се доведе народов до питачки стап, та да нема избор друг освен партиска книшка да земе...
Ако толку позитивно би се имплементирале овие промени, зашто си се изземаат самите себе од нив? Толку ли сте мутави бе? Да се чуди човек еј...:vozbud:
 
Како концепт генерално е во ред.

За полнење на рапидно деплетиран буџет. Покрај сите останати нонсенс мерки на пунење на истиот во праска веќе/или што ќе бидат.
 
Ирелевантно прашање кое нема врска со темата.
Не знам зошто пријавуваш навреди кога оставаш впечаток за про сегашната власт. Во било која тема. Тоа е општ впечаток на форумџиите, а ние не цензурираме мислења каде некој го искажува своето мислење спрема некој член, освен ако истото не е навредливо или агресивно. И не ништо страшно или навредливо да си за владеачкава гарнитура. На многу луѓе денес тоа им е дури и професија.
 
Од кај го извади ова жити се. Данокот не се плаќа во странство туку во матичната земја, во случајов Македонија. Така беше и до сега, само што се плаќаа 10% наместо 40%.

Се кладиме во 500 евра дека потпишуваат?

Така ли ти правиш, одиш и бараш жени и мажи да ти ги плаќаат сметките? Интересно, хммм
Во македонска фирма данокот го плаќа работодавецот. Еве не знам објасни кој треба персоналец да плати ако си ангажиран од странска фирма? И тие таму и работникот тука?
Ако мислиш на некој усен договор. Зборев за договор за дело. Такво нешто нема.
Шега.
 
нема да изгуби туку ќе одат тие пари во фондовите. Според тебе човек што работи во фирма и зима 18.000 месечно губи 8500 месечно?
А тој каде ќе оди со 6500 денари месечно, во мајчина му?

Ја не знам како не ви е срам да се правите наудрени. Нема народ на светов што би дозволил вакво дерење, никаде.
 
Како концепт генерално е во ред.

За полнење на рапидно деплетиран буџет. Покрај сите останати нонсенс мерки за тоа полнење на истиот кои се во пракса веќе или ќе бидат.
 
нема да изгуби туку ќе одат тие пари во фондовите. Според тебе човек што работи во фирма и зима 18.000 месечно губи 8500 месечно?
Ццц ееееј! Ти му викаш немам пари потребни ми се тие додатни 3500 денари за живот, он ти вика ќе ти одат во фонд, уживај.
Оф мори мајко...
 
Ако мислиш на некој усен договор. Зборев за договор за дело. Такво нешто нема.
Шега.

Има, ама немаш искуство надвор од државно биро ти. Затоа.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom