Сад одамна имаат изговор за упади во Сирија,а Иран како и да е на тапет цело време.
Мислиш просечен Американец праи разлика помеѓу сунити и шиити,па треба ЦИА да троши на пропаганда за да ги прелаже?
Само покажувам на низа нелогичности, како и на фактот -кој добива од ова.
Во врска со изговорите на САД, очигледно не си запознает како функционира социјалниот инжинеринг. Градењето на јавното мислење се прави со постојано бомбардирање со закани и страв.
Зарем не ја гледаш шемата/патернот, а толку пати е повторуван во блиската историја:
Наводно Садам има нуклеарно оружје, сака сите да не уништи!
- Ирак нападнат, милиони убиени, безброј страдаат, нуклеарно оружје не е најдено никаде.
Наводно Ал Каеда (се сами Саудијци на чело на тајфата) ги урна зградите од Светскиот Трговски Центар на 9/11
- Авганистан нападнат, милиони убиени, безброј страдаат, нема никакви докази дека било кој од (или во) Авганистан имал било каква врска со 9/11
Гадафи не сака да продава нафта за долари, наеднаш Гадафи е тиранин (и покрај фактот дека никој народ во Африка немал подобар побогат живот од Либијците), Гадафи има оружје за масовно уништување (хемиско).
- Либија нападната, милиони убиени, безброј страдаат, хемиско оружје не е најдено никаде.
И идеме во сегашноста: Иранците се лоши (киднапери и убијци). Иран има нуклеарно оружје!
- Се надевам дека грешам ама... предвидувањето е: Иран нападнат, милиони убиени, безброј страдаат,
нуклеарно оружје нема да биде најдено никаде.