Не го оспорувам талентот на Стерлинг ама не е тоа пристапот за да се „зацементира“ таков играч во Ливерпул. Мислам дека е многу погрешно да се даваат толкави плати на некој сеуште незрели играчи(зборувам општо за секој hyped англичанец). Подобро би било малку по малку да му се зголемува платата и на секој нов договор да биде обврзан на уште една година. Тек кога фудбалерот ќе достигне некоја зрелост и кога ќе стабилизра се во животот може да добие повисока плата. Ќе го спомнам примерот со Балотели, можеби не е до крај соодветен пример, ама сериозно сметам дека неговата плата во Сити го заеба за сите пари(pun intended). Друга работа би било зголемување на одговорноста во тимот и поставување на повисоки цели и некој ground rules што треба да ги почитуваат(и да бидат казнети во спротивно). Трета работа да се земе во предвид тоа со отварање книшки на кое што добиваат плата и не смеат тие пари да ги чепкаат дури не наполнат 21-22 години како и да беше тоа(ми се чини такво нешто дека имам читано). И последно работа, да се покаже „душа“ и грижа од страна на тимот, дека сум прилично убеден дека таква работа нема да добие во „кралскиот тим“, не дека ги хејтам ама самиот менталитет на тимот и купување на готови ѕвезди и политиката на клубот ич не ми се допаѓа, Реал мадрид ми се наоѓа на исто дереџе како Сити само што со поголема историја. Еј торта не му купија на Јаја Туре
