Хаха. Дефетизмот, за разлика од оптимизмот, најчесто има солидна основа. Во случајов, работава е повеќе од комплицирана, ама повторно, ако се реши да биде таа реалност, ќе биде. Никоја твоја rozefka замисла за реалност нема да биде доволнa за да се изгради некоја нова, генерална. Била ти оптимист или не.
Многу ми е вака фино кога ќе се избаци некој со теорија дека имам јас rozefka реалност, а јас никаде не реков дека со сигурност ќе падне и дека сум најголемиот оптимист. Но, не тргнувам одма со ставот “нема ништо да биде, се е џабе“. Пред првиот марш, сите мислеа дека 100 души ќе се соберат, се собраа многу повеќе. За вториот мислеа ќе има помала бројка од првиот. Бројката беше поголема. Не ми е мене rozefka реалноста, ама ич, не се секирај. Ама комплетен дефетизам, каде прва реакција е безусловно секогаш - џабе, ме нервира. Се убаци сред тема и според еден пост заклучи дека rozefka ми е реалноста. Ок, фино.
Оти, ако одиме по твојот пост, испаѓа дека државниот испит е единствената работа која не чини во државава. Е д и н с т в е н а т а.
Ако одиме по мојот пост.
Чекај малце.
Темава е за екстерното, не е за цела држава. Во темава се зборува за оваа мерка. И јас дискутирам за истата. И си земал врз основа на
конкретна тема и конкретна работа за која се дискутира да носиш заклучок дека некој мисли дека тоа е единствената работа која не чини. Нема никаква логика.
Оти таква реалност изградија тие што се побунија. За другите реалности, нели...нема.
Тие што се побунија, не викаат дека само ова не чини. Но, решиле да го дигнат својот глас за нешто. Мора од некаде да се почне. Нели до вчера никој за ништо не се бунеше? Не можат овие студенти за секоја работа што не чини во исто време да се бунат. Се почнува со мали чекори.
Во државава во која X години немало асален протест, одеднаш не чини тоа што студенти се побуниле за нешто, макар и најмаргинално како што велиш ти.
Државниот испит е маргинална работа. Можеби и најмаргинална. И стои и постои за јас, ти, друг и трет да зборуваме и да се оптоваруваме со маргинален, а напумпан дека е голем, додека во позадина се делкаат и делкаат и делкаат други глупости за кои, пази дете, не зборуваме.
Мене муабетот ми е дека мора од некаде да се почне.
Има милион проблеми, милион работи, но за секоја работа ли ќе викаме џабе?
Јас не велам дека ете готово, утре се ќе биде океј, ама драго ми е што се почна од некаде барем со заземање став. Башка, секој си ги бие битките што му се битни. Студентите сметаат дека ова е врвот на глупостите во високото образование (и дали е така или не, тоа не е битно) и си го искажуваат револтот.
За држава каде постојано сите се жалат дека е заспан народот, прв пат после којзнае колку време решиле луѓето да кренат глас (за било што) и одеднаш и тоа не чини, џабе било.
Една работа, повлекува друга. Според мене, кога луѓето гледаат дека едни се јавуваат за нешто, после ќе се јават и други. Или барем така треба да биде.
Јас не сум во rozefka реалност и смешно е што тоа го тврдиш, јас само оставам простор да видам што ќе се случи. Не одам со ставот дека 100% општеството ќе се преврти на глава и дека се ќе се смени, но не велам и дека се е џабе.
Ако е се џабе, тогаш зошто воопшто било што, било каде да се дискутира?
Најјак ми е моментот, кукање на сите страни, ама на крај, заклучокот - џабе е.
Ако е џабе, тогаш не треба никој ни да се жали, пошто кукањето, без некакви предлози и активности исто така е џабе.
П.С Да ги споменам само на кратко, протестите за Мартин Нешковски. На почетокот се обидоа да заташкаат се, на крај се доби (каква-таква) правда. Ако ништо друго, барем не се заташка комплетно случајот, како многу пати во вакви случаи. Значи, сепак не е се - секогаш џабе.