Ќе се полага државен испит во 2-ра и 4-та година (Студентски пленум)

  • Креатор на темата Атомската мравка
  • Време на започнување

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Пред да ме прочита и цитира некој што погрешно би ме разбрал да кажам дека во основа сум против паушални тестирања без јасна концепција и аргументација. Напишав и наназад во темава едно мислење.

Али кога читам еуфорични мислења како циник морам оптимистите да ги удрам со стапот на релноста. Џабе еуфоријата. Гарант ќе успее воведување на тестирањето.
Прво, реалноста не е апсолутна, туку е создадена од луѓето. За што и како ќе си се избориш, таква ќе ти биде реалноста. Најјако ми е што секогаш има човек кој доаѓа во теми и ги “просветлува“ другите каква е реалноста.

Второ, сите на овој свет да беа со тоа мислење “џабе“, немаше да има ниту едно востание, ниту една револуција, сите ќе си беа под ропството во кое биле со векови и немаше светов да мрдне од мртва точка.

Преку глава више од дефетисти.

Воведувањето ќе успее, ако се зголеми бројот на луѓе кои мислат како тебе.
Иако насилнички се обидуваат се' да протнат, сепак народот мора да покаже и инает и може да успее.

Доста шириш “реалност“ и дефетизам. Постов да го чита човек и после да се пријави во Центрите за лечење депресија.
 
I

izotop

Гостин

Иако насилнички се обидуваат се' да протнат, сепак народот мора да покаже и инает и може да успее,

Доста шириш “реалност“ и дефетизам. Постов да го чита човек и после да се пријави во Центрите за лечење депресија.
За да ширам нешто треба да имам некакво влијание. Реално преку интернетов ни грип не можам да ширам така да тезата дека ширам нешто не држи. Инаку ете да не го кршам филмот и да нема непотребни дискусии во погрешна насока пошо не ми е тоа целта мислењето го избришав.
 
Последно уредено од модератор:
Член од
8 јуни 2007
Мислења
6.102
Поени од реакции
12.199
Прво, реалноста не е апсолутна, туку е создадена од луѓето. За што и како ќе си се избориш, таква ќе ти биде реалноста. Најјако ми е што секогаш има човек кој доаѓа во теми и ги “просветлува“ другите каква е реалноста.

Второ, сите на овој свет да беа со тоа мислење “џабе“, немаше да има ниту едно востание, ниту една револуција, сите ќе си беа под ропството во кое биле со векови и немаше светов да мрдне од мртва точка.

Преку глава више од дефетисти.

Воведувањето ќе успее, ако се зголеми бројот на луѓе кои мислат како тебе.
Иако насилнички се обидуваат се' да протнат, сепак народот мора да покаже и инает и може да успее.

Доста шириш “реалност“ и дефетизам. Постов да го чита човек и после да се пријави во Центрите за лечење депресија.

Хаха. Дефетизмот, за разлика од оптимизмот, најчесто има солидна основа. Во случајов, работава е повеќе од комплицирана, ама повторно, ако се реши да биде таа реалност, ќе биде. Никоја твоја rozefka замисла за реалност нема да биде доволнa за да се изгради некоја нова, генерална. Била ти оптимист или не.

Оти, ако одиме по твојот пост, испаѓа дека државниот испит е единствената работа која не чини во државава. Е д и н с т в е н а т а.

Оти таква реалност изградија тие што се побунија. За другите реалности, нели...нема.

Државниот испит е маргинална работа. Можеби и најмаргинална. И стои и постои за јас, ти, друг и трет да зборуваме и да се оптоваруваме со маргинален, а напумпан дека е голем, додека во позадина се делкаат и делкаат и делкаат други глупости за кои, пази дете, не зборуваме.

Е тоа е таа реалност.
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Хаха. Дефетизмот, за разлика од оптимизмот, најчесто има солидна основа. Во случајов, работава е повеќе од комплицирана, ама повторно, ако се реши да биде таа реалност, ќе биде. Никоја твоја rozefka замисла за реалност нема да биде доволнa за да се изгради некоја нова, генерална. Била ти оптимист или не.
Многу ми е вака фино кога ќе се избаци некој со теорија дека имам јас rozefka реалност, а јас никаде не реков дека со сигурност ќе падне и дека сум најголемиот оптимист. Но, не тргнувам одма со ставот “нема ништо да биде, се е џабе“. Пред првиот марш, сите мислеа дека 100 души ќе се соберат, се собраа многу повеќе. За вториот мислеа ќе има помала бројка од првиот. Бројката беше поголема. Не ми е мене rozefka реалноста, ама ич, не се секирај. Ама комплетен дефетизам, каде прва реакција е безусловно секогаш - џабе, ме нервира. Се убаци сред тема и според еден пост заклучи дека rozefka ми е реалноста. Ок, фино.

Оти, ако одиме по твојот пост, испаѓа дека државниот испит е единствената работа која не чини во државава. Е д и н с т в е н а т а.
Ако одиме по мојот пост.
Чекај малце.
Темава е за екстерното, не е за цела држава. Во темава се зборува за оваа мерка. И јас дискутирам за истата. И си земал врз основа на конкретна тема и конкретна работа за која се дискутира да носиш заклучок дека некој мисли дека тоа е единствената работа која не чини. Нема никаква логика.

Оти таква реалност изградија тие што се побунија. За другите реалности, нели...нема.
Тие што се побунија, не викаат дека само ова не чини. Но, решиле да го дигнат својот глас за нешто. Мора од некаде да се почне. Нели до вчера никој за ништо не се бунеше? Не можат овие студенти за секоја работа што не чини во исто време да се бунат. Се почнува со мали чекори.
Во државава во која X години немало асален протест, одеднаш не чини тоа што студенти се побуниле за нешто, макар и најмаргинално како што велиш ти.

Државниот испит е маргинална работа. Можеби и најмаргинална. И стои и постои за јас, ти, друг и трет да зборуваме и да се оптоваруваме со маргинален, а напумпан дека е голем, додека во позадина се делкаат и делкаат и делкаат други глупости за кои, пази дете, не зборуваме.
Мене муабетот ми е дека мора од некаде да се почне.
Има милион проблеми, милион работи, но за секоја работа ли ќе викаме џабе?
Јас не велам дека ете готово, утре се ќе биде океј, ама драго ми е што се почна од некаде барем со заземање став. Башка, секој си ги бие битките што му се битни. Студентите сметаат дека ова е врвот на глупостите во високото образование (и дали е така или не, тоа не е битно) и си го искажуваат револтот.

За држава каде постојано сите се жалат дека е заспан народот, прв пат после којзнае колку време решиле луѓето да кренат глас (за било што) и одеднаш и тоа не чини, џабе било.

Една работа, повлекува друга. Според мене, кога луѓето гледаат дека едни се јавуваат за нешто, после ќе се јават и други. Или барем така треба да биде.

Јас не сум во rozefka реалност и смешно е што тоа го тврдиш, јас само оставам простор да видам што ќе се случи. Не одам со ставот дека 100% општеството ќе се преврти на глава и дека се ќе се смени, но не велам и дека се е џабе.

Ако е се џабе, тогаш зошто воопшто било што, било каде да се дискутира?
Најјак ми е моментот, кукање на сите страни, ама на крај, заклучокот - џабе е.
Ако е џабе, тогаш не треба никој ни да се жали, пошто кукањето, без некакви предлози и активности исто така е џабе.

П.С Да ги споменам само на кратко, протестите за Мартин Нешковски. На почетокот се обидоа да заташкаат се, на крај се доби (каква-таква) правда. Ако ништо друго, барем не се заташка комплетно случајот, како многу пати во вакви случаи. Значи, сепак не е се - секогаш џабе.
 
VeS

.
Член од
16 мај 2008
Мислења
4.749
Поени од реакции
2.355
Не знам баш, според мене во протестот треба да бидат вклучени само студенти. Многу по чисто, pure, и помоќно е кога ќе слушнеш "Студентите излегоа да протестираат", отколку во тоа да бидат вмешани и други, па да биде "студентите со поддршка од тие и тие...". Мислам, тоа си е мое мислење, конкретно на протестот студентите се тие кои треба да излезат, без разлика на бројот. Пошто би рекол дека посилно изгледаат 8000 студенти, отколку 9000 студенти и некои од страна. Реално таа маса е доволно силна за да направи добар протест, и дополнителни бројки не се неопходни.
И да сакаш не можиш да ги забраниш тие работи.
Жално е само шо никогаш тие не успеале така сложно да протестираат и чекаат да излезат други за да си ги кажат маките и тие и тука како шо кажавте се губи цела тематика на протестот,a реално има разлика од протест на протест особено кога тангира само одредена категорија луѓе.
Фактички на некој начин си правиш државен удар.
Еј нас на студентите ова ни смета, ќе ти дојди невработен со докторат па и мене ми смета ова и она, ти се приклучува стечаец, земјоделец не зел субвенции и незадоволството расте и расте.
Затоа ете нека им забрани власта да емитуваат програма за протестите, иако кога беа тие пред собрание протест и контрапротест Латас свршаваше на Сител.
Ама,ама нека го дадат соопштението на вести, нека кажат што бараат студентите, не да кажуваат овој од СДСМ, овој Сорос овој на комшијата на Бранко, трет братучед од чичко му.
Вака само си прават контра услуга, пошто на протестиве се јавија транспаренти и за да ги обележат медиумите, конкретно кретените од Курир.

Мислам дека свесни се шо се студентите тука и дека не им зависи мизерната плата од една партиска книшка, од тоа дали отишол на митинг, дали ја натерал цела фамилија да гласа за партијата, освен овие интелектуалциве во подмладоциве.
 
Член од
14 декември 2013
Мислења
4.157
Поени од реакции
10.994

König

Гостин
Член од
29 октомври 2014
Мислења
215
Поени од реакции
575
Лаички, пошто не сум правник нит припадник на МВР.
Повикувањето е полициско дејствие каде со писмена покана се повикува одредено лице да пристапи во просториите на полициска станица, заради давање известување. Ако лицето пристапи и одбие да даде известување, не смее да биде повикано повторно за истиот случај, а ако одбие да пристапи, смее да биде присилно доведено само со судска наредба.

Задржување постои кога лицето е доведено во полициска станица заради утврдување на идентитет или дополнителни дејствија (утврдувње алиби, затечено во извршување прекршок, упатување пред јавен обвинител на пр.). За ова дејствие не е потребен налог од суд и може да трае најмногу 12 часа.

Лишувањето од слобода постои кога лицето е доведено во полициска станица, а претходно е затечено во извршување на кривично дело кое се гони по службена должност. И за ова дејствие не е потребен налог од суд и може да трае најдолго 24 часа.

Приведувањето е лишување од слобода на лице за кое постои судска наредба.

Апсење како термин повеќе не постои во нашиот правен систем.
ЗКП и ЗП се конфузни во добар степен. Лишување од слобода е секое ограничување на слободата на движење, ама законите викаат нешто друго.

Понатака имаш термини како индиции, основи на сомневање, основано сомнение, осомничен (тоа е лице за кое се води истражна т.н. претходна постапка), обвинет (против кого е подигнат обвинителен предлог или акт), осуден (лице правосилно осудено за кривично одговорно) и т.н.
 
E

Epsilon

Гостин
Беше цврсто убедена и ни кажа дека имало составено комисија за формирање на прашањата за испитот и се прашуваше како ќе сме го положеле, асистентка на УГД.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.333
Поени од реакции
26.289
Оти таква реалност изградија тие што се побунија. За другите реалности, нели...нема.
Не дека немаш поента, ама организаторите мораат тоа да го прават. Кога им ги читам соопштенијата имам чувство дека 90% од времето на составување го потрошиле во мислење како да ги избркаат исфрустрираните СДСМ идиоти. Бидејќи ако тие со нивните идеи и енергија му се залепат на протестот, џабе е и милион луѓе да излезат на улица. Затоа и ги избегнуваат другите реалности, за да не си ја уништат енергијата.

Не дека вака имаат некоја голема шанса за триумф, ама сепак, поинтересно е да се гледа малце герилско делување. И најбитно, луѓето што излегуваат, после протестот се враќаат со нова енергија и задоволни, а не разочарани и исфрустрирани.
 
RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.148
За тоа што зборевме, кој треба да учествува и за што да протестира, ако некој кој не е студент сака да присустува, еве како треба да истакне за што е таму, наместо да гледаме стечајци, рудари и... четници :D
 
Член од
15 август 2009
Мислења
2.023
Поени од реакции
4.874
За тоа што зборевме, кој треба да учествува и за што да протестира, ако некој кој не е студент сака да присустува, еве како треба да истакне за што е таму, наместо да гледаме стечајци, рудари и... четници :D
Јас па сакам на студентите да им се приклучат сите незадоволни со транспаренти од што се незадоволни. Протестот да добие огормна масовност пред која ни пресвети Груевски нема да може да молчи и да се правда со заокружувања. Не само ова мака до државата и греота е што луѓето не можеш да ги извадиш на улица па макар ги беселе. Како сто кажа Крејзи, од она све ти е џабе си патиме.
 
RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.148
Јас па сакам на студентите да им се приклучат сите незадоволни со транспаренти од што се незадоволни. Протестот да добие огормна масовност пред која ни пресвети Груевски нема да може да молчи и да се правда со заокружувања. Не само ова мака до државата и греота е што луѓето не можеш да ги извадиш на улица па макар ги беселе. Како сто кажа Крејзи, од она све ти е џабе си патиме.
Не, никако не би се согласил со ова. Тогаш би прераснало во сеопшт протест и огромни би биле шансите да биде заборавена борбата против екстерното, па од студенти кои си го бараат правото, ова да се претвори у тешки политички препукувања, измешани со настани од минатото и којзнае кај ќе му биде крајот.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom