За Тањето Каракамишева ли збориш, не и ја знам позадината на овие нејзини јавни бламирања сега, но јас имам одлично искуство со неа како професор.
Има Правен и самиот потреба од реформа, точно е тоа, ние поминавме како експериментална генерација по ЕКТС, и еве сега што слушам од помлади колеги веќе се враќаат некои работи по старо, нема веќе заокружување, дадени прашања и слични малоумности што ги имаше кога јас студирав, свесни сме сите дека или Болоња и ЕКТС се лоши проекти или се лошо имплементирани, па сега се бара некој нов модел.
Само за информација, од Правен не само во минатото, и денес речиси сите професори пишуваат или учествуваат во изготвување на закони и прописи и за оваа владејачка гарнитура.
Туку каде е да каже нешто за целава ситуација еден професор од Правен, се презива Иванов и мислам дека во слободно време се претставува како Претседател на Р.Македонија?