Го изгледав јас HG кецот еве, и не ми е тапа дека е лоша адаптација на книгите, а уствари е. Имам сосема други причини настрана од концептот.
Филмот изгледа ефтин после целиот буџет стаен у него, лошо темпо целосно, има сцени кои пребавно се одвиваат а други пребрзо, камерата заникаде, снимањето гледано у глобала не е на ниво, кинематографски/визуелно филмот е дупка според мене.
Сличен беше и сет дизајнот, костимографијата, која имплицираше на футуристички/дистописки свет, немаше доволно добри специјални ефекти кои ќе парираат на целата таа идеја, фалична скрипта, многу многу клишеа.
Глумењето беше доста добро.
Уште коа излезе за овој филм се збореше дека е америчката верзија на Battle Royale. Not even close.