Ќе се полага државен испит во 2-ра и 4-та година (Студентски пленум)

  • Креатор на темата Атомската мравка
  • Време на започнување

SF

Член од
4 октомври 2010
Мислења
290
Поени од реакции
142
Дали денес е 2014 или 1996 или 1984 или сите сме ликови од една епизода од „Зона на Самракот“? Туруруруруруруруууу
Според мене протестиве и целата ситуација е бизарно траги-комична и цинично-тривијална. Толку многу енергија за задникот Ким Кардасија да се потрошеше во работа најверојатно за 2-3 дена лек за рак ќе најдевме. Или во Македонскиот случај најверојатно ќе станеше пловен Вардар место...Жална е македонската загуба.
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413

Па со медиуми ко нашиве, а и други индикатори, се движиме некаде помеѓу 1984 и “Зона на самракот“.
Кога сакаш да браниш нешто и да излезеш смешен, не го користи Џорџ Орвел во вакви ситуации, ќе ти се удри само по глава и ништо повеќе.
 
Член од
22 април 2005
Мислења
2.492
Поени од реакции
1.120
Ооо. Oкеј. Ај и така не ми се спие.

1. Испитот не е за шестка, ни па за десетка. Испитот е вето. Ако не го положиш не можеш да продолжиш со студирање.
2. Сите сметаме дека образованието ни е у курац и сакаме реформи. Дали ти сериозно со своја глава мислиш дека со воведување државен испит ќе се решат проблемите?
3. Дали си студент?

Пошто со ставовиве ми личиш на Јанко гледач...
1. се плашиш дека нема да го положиш?
ако не го положиш, оценката која си ја добил не соодејствува со твоето знаење, кога ќе научиш и ќе ја заслужиш ќе поминеш. ако замислата ти е без знаење да тераш високо образвание, не знам што праиме муабет воопшто.
2. не мислам апсолутно дека ќе се решат проблемите. но еве прашав, студентите предложија алтернатива или други драстични реформи за да се смени на подобро или мислат дека високото образование е ок баш како што е? јас не што не мислам дека државен испит ќе го реши проблемот, јас сум за многу построги критериуми, ама тогаш каде би бил крајов на дискусијава? ваљда ти не си против државен испит пошто многу е благ, па сакаш нешто построго? прашањето под 2 ти е надвор од здрав разум, бидејќи ти првенствоно си против државен испит.
3. треба ли да сум студент? се важи ли ако сум дипломиран градежен инжињер? според она денес, имам апослутно право на свое мислење како бивш студент. нели збориш за слобода? немам ли прво на мислење?

она што е индикативно и контрадикорно, мене ми бараш да ти докажам дека сум студент, за да ми се важи мислењето, а во исто време си против системот да на испит докажеш дека твојата оцена одговара со твоето знаење. мојот став ти личи на јанко гледач, чисто дека не ти се допаѓа.
 
Член од
25 септември 2008
Мислења
369
Поени од реакции
250
Со мирни протести не се решава ништо во банана држава , ама и со агресивни протести не се решава ништо хаха значи додека русите или овој шо го викате СОРОС не реши да фрли паричка ништо не праиме ке си ја пееме казни казни од паника.бе и ке си тераме со документите за странство.
 
Член од
22 април 2005
Мислења
2.492
Поени од реакции
1.120
емигриран е од земјава со години, така да без разлика колку и да е во контакт со луѓе тука, има изгубено осет за ситуацијата. Мисли дека е како него во Ингурланд.

најаки ми се коментари на овие што не се студенти а појма немаат како е со државната матура, дека е само перење парти и лапање тендери за хартии, тестери, тестатори, мислат се подобри нешто со тоа и со испитов три пати боље ќе било :pistoldz: зелкарите од кај мене од средно што лепеа плакати од мобилен на маса препишуваа на државна, гајле им беше.
ти демек си против тие тендери, а инаку во суштина си за државен исипт, ама да има прави луѓе кои би го спровеле? патетика
и каква врска има каде сум јас? каква врска има кој сум јас? овдека за ставови се дискутира, не за тоа кој каде живее. таа карта најчесто се игра кога се нема аргументи.
а ако бев против исипт, и ви пишав браво момци, така се брани слободата, ќе бев тогаш небитен емигрант или ќе бев кул?
 
SF

Член од
4 октомври 2010
Мислења
290
Поени од реакции
142
Па со медиуми ко нашиве, а и други индикатори, се движиме некаде помеѓу 1984 и “Зона на самракот“.
Кога сакаш да браниш нешто и да излезеш смешен, не го користи Џорџ Орвел во вакви ситуации, ќе ти се удри само по глава и ништо повеќе.
Што да бранам сите се за стап и во оризови полиња кај Пол Пот барем ориз ќе јадеме од ова нема леб...освен за политичарите да не останат без леб. Не дека јадат леб они повеќе се на кавијар.
 
Член од
25 септември 2008
Мислења
369
Поени од реакции
250
Зошто банана држава па цел ден на тв бројат колку студенти излегле па биле 2000 не бе 2400 не бе изглеа 3000 па тој бил од сдс па онојод сдс алоооо вмро сдсм е пропадната партија шо се плашите сеуште ми кажувате бројки а гледам ОГРОМЕН број на студенти кои протестираат против нешто што тие мислат дека не им одговара и вие , спинувате по вести цело време лагииииии кај е русија бе кај е документот потпишан д конгресмените на америка со кој се предлага војна со русија или нашите интереси се сменија пред 3 4 месеци и русија несмееме да ја спомнуваме спин држава лузери . да ти ибам мкд ај сиктер.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
ти демек си против тие тендери, а инаку во суштина си за државен исипт, ама да има прави луѓе кои би го спровеле? патетика
и каква врска има каде сум јас? каква врска има кој сум јас? овдека за ставови се дискутира, не за тоа кој каде живее. таа карта најчесто се игра кога се нема аргументи.
а ако бев против исипт, и ви пишав браво момци, така се брани слободата, ќе бев тогаш небитен емигрант или ќе бев кул?
болд - :busi:

за другово - Лајк4е ќе добиеше.

Има врска каде си и што си затоа што си ван сите случувања тука и појма немаш што се случува во образовниот систем. Да имаше појма ќе знаеше дека државниов испит не е решение. Мерките кои се решение не им одговараат на владеачката гарнитура зошто буџет4ето ќе треба да оди на квалитет а не на гипсови на плоштад. Истото е и со здравството ама набутани им се таму полтрони така да се држи мирна ситуацијата.
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Зошто банана држава па цел ден на тв бројат колку студенти излегле па биле 2000 не бе 2400 не бе изглеа 3000 па тој бил од сдс па онојод сдс алоооо вмро сдсм е пропадната партија шо се плашите сеуште ми кажувате бројки а гледам ОГРОМЕН број на студенти кои протестираат против нешто што тие мислат дека не им одговара и вие , спинувате по вести цело време лагииииии кај е русија бе кај е документот потпишан д конгресмените на америка со кој се предлага војна со русија или нашите интереси се сменија пред 3 4 месеци и русија несмееме да ја спомнуваме спин држава лузери . да ти ибам мкд ај сиктер.

Не ме сфаќај погрешно, ама постов ти почна со едно, a ти заврши со војна и со Русија. :D
 
Член од
27 ноември 2008
Мислења
1.433
Поени од реакции
341
За тие што пишуваат “незнам за што марширате“ и “се плашите од 2 испити“ имате фб профили од Студентски Пленум и Не за државен испит за студентите, каде што се објавени сите писма испратени до влада и министерство за образование. Јавно се објавени.

И незнам што е несфатливо во тоа што не сакаме државен испит но сакаме реформи во високото образование?
 
Член од
22 април 2005
Мислења
2.492
Поени од реакции
1.120
Како би се подобрило образованието со овој испит,жити се? Со дадени прашања кој ќе треба да се учат напамет за да можеш да положиш? Извини,ама има МНОГУ други начини за реформи во образованието,како прво не требаше се ќоро и сакато да се запише на факултет,па на почетокот да пропагираат како знаењето е сила и знаењето е моќ,а сега кога видоа што се се случи да воведуваат вакви глупости? Намали ги квотите,зголеми ја задолжителната пракса во текот на студирањето и се ќе си дојде на свое место...

Иначе едвај стигнав од маршот,се успав и другариве ми рекоа дека пред влада ќе се идело прво,па неможев да ги добијам и пишав на @Ilumious ,она не ми враќа па спринт по камени да ги фатам кај просториите на Штулов,на влезот од Чаршија,кога ќе видам ги гледам последните студенти како фаќаат десно накај ГТЦ...спринт и до таму и некаде кај Холидеј Ин ги стигнав,во моментот кога се приклучив баш на тој дедото со индексот даваше интервју за Телма. Си одев така сам и се сретнав со @Коњаникот Сабја па си продолживме пред влада. Кога стигнав дома ги видов првите слики,пред тоа искрено немав појма колку луѓе имало и првите зборови ми беа У ПИЧКУ МАТЕР. Секоја чест на сите шо беа(бевме) денес,мора да се оди до крај :)
жити се, како се полага инаку на правен освен ако не со дадени прашања, кој ги учиш на памет?
се лажеш ако мислиш дека проблемот е од сега. проблемот е со години. мои двајца школски другари, едниот купи диплома од туризам од охрид, другиот не беше ни на упис, ни на исипт, ни на едно предавање, тераше паралелно со мене година за година. он на шумарски, јас на градежен.
јас одев пешки од хром до буњаковец (буквално) бидејќи толку им беше длабок џебот на моите, он не знаеше каде е шумарски, а како што реков паралелно теравме.
да не збориме како е во тетово, или во охрид како најјак пример.

секој си има право на свој став, јас против не сум. имам и зошто
 
ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.967
Поени од реакции
57.733
1. се плашиш дека нема да го положиш?
ако не го положиш, оценката која си ја добил не соодејствува со твоето знаење, кога ќе научиш и ќе ја заслужиш ќе поминеш. ако замислата ти е без знаење да тераш високо образвание, не знам што праиме муабет воопшто.
2. не мислам апсолутно дека ќе се решат проблемите. но еве прашав, студентите предложија алтернатива или други драстични реформи за да се смени на подобро или мислат дека високото образование е ок баш како што е? јас не што не мислам дека државен испит ќе го реши проблемот, јас сум за многу построги критериуми, ама тогаш каде би бил крајов на дискусијава? ваљда ти не си против државен испит пошто многу е благ, па сакаш нешто построго? прашањето под 2 ти е надвор од здрав разум, бидејќи ти првенствоно си против државен испит.
3. треба ли да сум студент? се важи ли ако сум дипломиран градежен инжињер? според она денес, имам апослутно право на свое мислење како бивш студент. нели збориш за слобода? немам ли прво на мислење?

она што е индикативно и контрадикорно, мене ми бараш да ти докажам дека сум студент, за да ми се важи мислењето, а во исто време си против системот да на испит докажеш дека твојата оцена одговара со твоето знаење. мојот став ти личи на јанко гледач, чисто дека не ти се допаѓа.
Ај вака.

Да се плашам. Затоа што не знам дали е исто полагање на предмети во сесија кои си ги слушал до вчера или полагање на предмети кои си ги слушал пред неполни 2 години. Замислата за високото образование мене ми се сруши и се демотивирав откако помина еден семестар затоа тоа што го очекував не го добив.

Студентите предложија дебата, каде што надлежните ќе ги сослушаат нивните ставови. Надлежните ја одбија таа дебата. Постојано се пека дека ќе има дебати, но тие се од затворен тип во кој престојуваат само „одбрани“ студенти.

Како ми е од здрав разум прашањето? Те прашав дали со ова мислиш дека ќе се реши проблемот? Јас мислам не. Јас мислам дека проблемот е во огромниот број на отворени факултети, примањето на работа со партиски книшки и добивањето отцени со врски.

Биди уверен дека истите што сега поминуваат со незнаење, ќе го поминат и државниот испит а изживувањето пак ќе биде кон тие кон кои е и сега, кон тивките студенти.

Против државен испит сум и затоа што е противуставен и затоа што ми ги девалвира правата на студирање. Дали ти како веќе академски обучен граѓанин се согласуваш со нешто противуставно?

Убаво што си кажа дека си дипломиран градежен техничар. На УКИМ си дипломирал? Полагаше државен испит? Не.

Секако дека имаш право на мислење. Исто ко што и јас имам право на мислење дека ова ти е пост со рандом нафрлени работи. Затоа што не ти е првпат да имаш ваков недефинирано протекциски став.
 
SF

Член од
4 октомври 2010
Мислења
290
Поени од реакции
142
Јас викам дај молотовски да фрламе и да ставаме бомби. Ама испит не полагаме. Они нас :duel::uzi:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom