големо ДА од мене за државен исипт
ме заболе мене за автономијата на универзитетот.
мојата слобода, на студентот (дури до слобода дојде работава!) нема допирни точки со автономијата на универзитетот, државен или приватен. што имам јас со тоа? мојата диплома нема да важи ни помалку ни повеќе. како може јас како студент, да ја водам битката на корумпираните универзитети, за нивната автономија? на никој начин не е доведена во прашање мојата слобода или моето право на студирање.
тоа што универзитетите изгубиле на кредибилитет, констатно произведуваат недоволно квалификувани дипломци и во европа имаат ранг на градинка, не е мој проблем и моја борба. напротив. јас како кадар излезен од универзитет кирил и методиј сакам да бидам препознаен, респектибилен и конкуретен во европа и цел свет. тоа нема да биде можно без реформи, кои можеби се болни за самите универзитети и удар по нос за нивниот авторитет, но мене како студент не ме плаши еден дополнителен исипт или два, за 6ка, ако тоа е некаков си минимален неопходен филтер.
и она што не успеав да го сватам од денешните протести, а кое многу ме интерсира, ова студентиве се воопшто против било каква рефрома, мислат дека универзитетиве наши се баш ок вакви какви што се?
ако е така, а мисам дека е така, бидејќи алтернатива не усепав никаде да прочитам, тогаш ќе парафразирам една славна: народ со ваква младина, не треба да се плаши за својата иднина - бидејќи ќе го нема (како народ)
како и да е, да се вратам на главното: големо ДА за државен испит. јас не го делам мислењето со оние од денес, и тие студенти не го репрезентатираат мислењето на секој студент (средношколец, сегашен, бивш, пензионер, шо и да е, секакви имаше и онака, во суштина тешко е ова од денес да се нарече студенски марш)