Eте, ме наковаа да го гледам филмов (треба ревизија да напраам со кој се дружам више, да, гледам во тебе
@Io Sono Interista и помало
@themutedspeaker) и очекувајќи лошо - пак мозочните вијуги кохерентно ми дебатираа дали режисерот има ал нема драстичен церебрален деформитет или сите поврзани со проектот се прават удрени дека не ги гледаат исто како него рупиве во филмот или се тоа е една елаборирана првоаприлска шега. I want to believe. Aма не, криејќи се зад „инди“ фората - момците се крајно сериозни со својата претенциозност, допирање длабочини, смисли и днa. Акцентот врз днa! Имено, сакајќи да раскажат некоја спиритуална фузија со сајфај прича без, јасно нали, ефекти, колосално се затрупуваат со една нелогична ситуација, со друга нереална човечка акција, со трета непоткована разврска... да кажеме дека ако имаше 40 заробени рудари под хаосот, на официјалниот прес ќе беа прогласени за мртви одма.
Околу приказната конкретно, без заминување во спојлери или воопшто ставање, можам само да кажам дека концептот сам по себе е клизав, и ретко кој би се снашол квалитетно, имаше доста пипави ствари кои провоцираа размислување, ама беа клише искористени, ама да бидеме фер, секој резултат на спојување религија со наука и победување на едната би бил aпсурден, дури и во филм. Глумата овојпат беше освежена со некоја љепа французкиња но страдаше од „еве-ви-убав-лик-ама-незнаеме-како-да-го-оформиме“ - па го обојиа како вегетеријанка што верува во реинкарцнација и афтерлајф и се бори за правата на црвите. Што беше кул, оти имаше топлес сцени. Младиќот во главна улога беше Џими од Boardwalk Empire, и океј беше колку што му дозволуваше сценаријото. Прекрасната Брит, мултитаскерот, ја имаше само втората половина од филмот, но доволно да го однесе во минус.
Позитивни ствари... ако можат така да се наречат, боље да идам со подобрување, беа:
- Рејдиохед музика
- Значително подобрена камера. Поштено бев изненаден.