Албанците веќе 500 години тајно живеат во Италија
Вторник, 09.12.2014 10:20
Балкан
Кога Османлиите го освоиле Балканот, многу Албанци одбиле да живеат како раја и побегнале на југот на Италија. Нивните потомци и ден - денес постојат и успеваат да опстанат како посебна група
Балканот пред и после турските освојувања не е исто место, а последиците од тие историски случувања се чувствуваат и денес. Постојат многу работи за кои и самите сте свесни и за кои не мора да ви кажуваме, но постојат и работи за кои пошироката јавност нема поим. Еве токму една таква работа.
Кога дошле Турците, Албанците под водство на Скендербег грчевито се бореле во своите планини на север. Уште за време на тие борби, наполитанскиот крал Алфонсо Петти од Арагон побарал во 1448 година од овој албански првак да му прати армија за да го задуши востанието во своето кралство. Овој му пратил трупи под водство на Деметри Ререс и со нив и два свои синови.
Албанските војници од кралот Алфонсо потоа побарале земја и добиеле дванаесет села во планинската област Катанзара. Следната години синовите на Ререс со своите војници добиле четири села во Сицилија.
Споменикот на Скендербег во Калабрија 1459 година лично Скендербег дошол да му помогне на кралот Алфонсо кој морал да се брани од ново востание, го одбранил Неапол и бил награден со земја источно од Тарант во Апулиј, каде Албанците населиле уште петнаесет села.
По смртта на Скендербег, организираниот отпор на Арбанасите против Османлиите престанал. Многумина низ вековите преминале во ислам, но не сите. Тие кои не преминале, можеле да бираат, дали ќе продолжат да живеат како раја во Отоманското царство или ќе ја премината Отрантската врата, тесна капија која го дели Јонското од Јадранското море, и да продолжат да живеат во христијанската земја.
Многумина избрале друга варијанта.
Делот од Италија во кој се зборува на арберешки јазик Од смртта на Скендербег 1468 па до 1480 година Албанците константно мигрирале кон италијанскиот брег, а ова продолжило и во 16 век. Населените многу често работеле како платеници во бројните италијански чети кои самите по себе биле надалеку познати во Европа.
Обично војувале на сметка на Неапол, односно Кралството на Двтете Сицилии, и Венеција, а учествувале и во верски војни кои во тие времиња ја потресувале Европа, па се до Наполеонските.
Често живееле во изолирани села, па заради тоа и заради големата тврдоглавост и отпор успешно го сочувале својот јазик и својата култура се до длабоко во 20 век, како и православната вера која и денес ја следат во склоп на Итало-албанската католичка црква која го признава папата како врховен поглавар, но ги задржала верувањето, обредите и поредокот на Источната православна црква.
Соборна црква на итало-албанската католичка црква во Пјана дели Албанези Пред турските освојувања, сите Албанци себе си се нарекувале Арбереши или Арбанаси. Меѓутоа, овие кои избегале во Италија го задржале тој назив, додека нашите албански соседи себе почнале да се нарекуваат Албанци.
Арберешките села во јужна Италија и на Сицилија имаат по три имиња, едно италијанско и едно или две арберешки називи. Нивните заедници денес се разорени и расфрлани, така што формираат мали етнички острови во наполитанското и сицилијанското море. Меѓутоа, многу села одамна ги изгубиле своите првобитни карактеристики, па дури јазик, додека некои потполно исчезнале.
Денес постојат 50 заедници со арберешко потекло и култура, од што 41 општина и девет села, кои се раширени низ седум региони и тоа Абрука, Молизеа, Кампанија, Апулија, Базиликате, Калабрија и Сицилија. Културни енклави постојат и во Милано, Кјери, Торино, Рим, Неапол, Бари, Козенца, Кротони и Палермо. Се вкупно кога ќе се собере, ги има преку 260.000, не сметајќи ги тука новодојдените Албанци кои последниве децении одат кон Апеннскиот полуостров.
Занаетчиски дуќан во градот Пјана дели Албанези на Сицилија Меѓутоа, ги има и во другите делови на светот, во земји како Германија, Канада, Арентина, Чиле, Бразил, Уругвај и САД, што е последца на миграциите кон крајот на 19 век и почетокот на 20 век, кога нивните селидби биле дел од масовното италијанско селење во потрага по подобар живот.
Јазикот на Арберешите е дериват на тоскискиот дијалект, бидејќи мигрантите главно доаѓале од југот, и содржи во себе многу архазми на средновековниот албански од времето пред отоманската инвазија, кои се изгубиле кај нивните балкански браќа.
Кога денешен
албанец слуша Арбереш како зборува, слично е чувството кога современ Англичанец слуша шекспиров англиски.
Двојазична табла на Сицилија Иако немаат национален совет кој ја штити нивната култура, на регионално ниво се признати и можете да видите многу официјални натписи на нивниот јазик. Постојат и асоцијации кои на тоа ниво водат сметка за заштита на нивната култура. И покрај големата асимилација, успеале да создадат дури и сопствена литератуа, а имаат и мноштов специфични јадења во својата традиционална кујна.
Познати Арбереши се генералот на Светото римско царство Џорџо Баста, писателот Кармин Абате, италијанскиот премир од крајот на 19 век, Франческо Криспи, основачот на моќната Медиобанка Енрико Куча, фудбалерот на римски Лацио и повремен италијански репрезентативец Антонио Кандрева, писателот и левичарскиот политичар Антонио Грамши, американскиот актер Реџис Филбин, американскиот писател Том Перот, аргентинскиот писател Ернесто Сабато, тенорот Тито Шипа, поетот и лингвистот Џузепе Широ, и многу други.
http://media.mk/article/54387/albancite-veke-500-godini-tajno-ziveat-vo-italija