- Член од
- 31 јануари 2014
- Мислења
- 5.169
- Поени од реакции
- 2.272
Па како поинаку да протолкувам кога ти дадоа историски примери за употреба на лавот во тие бои и ти викаш не е добро. Значи ти не чекаш некој друг да каже у старт викаш овој не е тој лав. Ај еве што не кажеш кој е лавот од Илинденското востание или од разловечкото? Или овие по црквиве? Тие биле претпоставувам компромисни лавови? Отвори било која земја и провери им ги грбовите, од ИКС причини имаат модификации низ историјата а тоа е најчесто бојата и формата. Симболот е секогаш тој.Ја убаво викам убаво знаеш да ги извртиш зборовите...
Дај објасни ми каде тоа ја викам дека овој грб бил фалсификат ?
Кажувам дека овој грб е компромис, а компромис е нешто што ќе ни штети како држава, зошто за национални симболи нема компромис !
Дали нивното знаме постоело некогаш или нашето, е работа на историчари да одговорат, ама со самото тоа што ние цело време праиме компромиси им помагаме на нив.
А за лудило да глумиш зошто преку верски празник сакаш да кажеш демек велик било македонски збор...
Хунзите ги спомнав во смисла дека и преку нив сакаме да докажеме континуитет меѓу ова сега и тоа што било пред 3.000 години. Ако инглориус вика дека и грците имаат исто толку право да се повикуваат на Александар како и ние, тогаш целава оваа приказна дека грците пуштале пари кај Хунзите и нашето натпреварување против тоа е бесмислено.
Каков верски празник Велика е и Британија. Тој е книжевен збор присутен во секој македонски речник од 1945 навака.
Аха значи ако инглориоус мисли така тогаш треба да прекинеме да го правиме. Знаеш и ја го мислам истото како него ама има еден наш јужен сосед кој се прави дека не разбира и не сака да го прифати нашето постоење и ради тоа моравме последниве години да ги интензивираме овие работи што сме ги испуштиле последниве 60 години.