Неколку работи бунат во текстовите (кога веќе се нема тв дискусии, барем вака...).
Овде вели дека Македонија треба (и наводно најде) нов грб од грбовите на Александар Македонски. Пасус подолу се вели (што е нормално) дека знамето и грбот се дел од идентитетот на една држава и нејзините граѓани. Да додадам, официјалниот јазик и името даваат една целина. Дали со нерешен и често случајно изоставен "официјален јазик" како и името Бивша југословенска...од разни држави и во меѓународни организации, што се вели пред започнување преговори, потпис на меѓународни документи за добрососедство, негирање на аспирации кон историјата на јужниот сосед и така натаму... нема свесно да се ставиме повторно во мат позиција и пред т.н. поддржувачи и пред цела меѓународна јавност да мораме повторно да ретерираме со ставови и промени. Затоа што се вели од грбовите на Александар......
Друга работа за што е очигледно дека некому пречи се поимите социјалистичка и комунистичка кои премногу се злоупотребуваат во негативен контекст. Тоа е поготово видливо
во овој текст. Во најмала рака е дегутантно, како средновековното ловење вештерки. Впрочем, еве го грбот на
Италија, која е парламентарна република, а грбот е во форма на наводно советските амблеми, со типични обележја за таа земја-гранки на маслинка, даб и запчаник. Во средина е петокраката. Со постојана стигматизација на тие системи, се јавува сомнеж, зошто. Битно е зошто се дистанцира од еден период од историјата на Македонија. Ако трнеме по таа логика, дајте да видиме какви уредувања имала Македонија кога го носела тој грб како држава, кралство итн.