Јас сум за лавот да биде државен грб, немам некои емотивни конекции со социјалистичкиот амблем но сепак го почитувам како таков. Во детството го цртавме по ликовно и ми има останато во сеќавање.
Како и да е, можеби на краток рок менувањето на грбот не е приоритет и навистина можеби е начин да ни се одврати вниманието од останатите поважни проблеми но на долг рок е потребно, лавчето ми е помило
Би сакал и ДПМНЕ да се откаже од правото да го користи лавот како симбол и името „ВМРО“ (додуша и ДПМНЕ не ја отсликува нивната природа, ниту се Демократски ориентирани а ниту Национално Обединуваат).