Разбирам дека веројатно треба да се смени стариот грб (мада пак не ми се јасни причините) ама затоа многумина овде бараат јавни дебати, кои веќе неколку години не постојат за ниедна битна (за државата) промена. Затоа што никој не знаеш точно зошто лав, зошто круна, дали со тоа пак индиректно владата прави проблем себеси во чекорите "кон целосна интеграција во ЕУ како најбитна задача" случајно или намерно. Јавни дебати затоа што граѓаните не седат ниту на кајгана ниту на идивиди. Дебати на историчари, хералдичари, стручни лица за меѓународни односи и ликовници, ослободени од односот "да, шефе" "да, министре". Посебно
што вакви објаснувања не држат вода туку оставаат отворени прашања и сомнежи, напати и шегачење од одредени заклучоци во образложението.
Од она што гледав за европските земји, Ирска има
харфа, хрватите имаат квадрати, коза и куна/ласица. Словенците направиле ерес со нивниот грб. Ги тргнале класјето ама го оставиле
Триглав, реките и морето и ставиле 3 шестокраки ѕвезди. Прашање е дали мора да е воопшто животно.
Инаку и така четвртина Македонија (кај што се оди со оклопни транспортери за проверка на фискална) лавот и сонцето се заменети со црниот албански орел па таму нашето воинствено лавиште подвиткува опашка и мјаука.
Треба да си држава не со сезонска и променлива историја и регуларно тековно суверено уредување со владеење на правото на цела РМ, без терористички примеси во власта за да имаш образ пред светот а не да служиш за потсмев (16кракото знаме,
повлекување на енциклопедијата, повлечените или "корегирани" учебници заради ИВЗ, на
Турција, на бугарите, албанците или на србите заради
Милошевиќ). Разбирам дека има овде партиски чавки и сколовранци кои тукуречи и немаат свое мислење ама има и многу разбрани луѓе кои знаат зошто се бараат јавни дебати.