Македонија ќе добие нов државен грб

  • Креатор на темата Креатор на темата dzonyb
  • Време на започнување Време на започнување
Coat_of_arms_of_Norway_stylised.png


coat_of_arms_of_finland___alternate_design_iii_by_fenn_o_manic-d545d0v.png


Постои, така?

зошто тогаш во статијата на Здружението на хералдичари НАМЕРНО никаде не се спомнува фактот дека предлогот е „традиционалниот симбол“ за Алаксандар Велики?
http://heraldika.org.mk/heraldry/he...of-arms/predlog-nov-grb-republika-makedonija/

Нема да навлагам во твојата скудоумна перцепција за да си задоволиш некакви внатрешни сомнежи. Ако мислиш дека е намерно, никој нема да те разубеди дека е поинаку.

Зошто кукавички сликата е отсечена баш под натписот Alexandre le Grand?
До кога ќе се подметнуваат кукавички јајца?
Дали знаеме колкава штета ќе нанесе предлогот врз македонско-грчките односи, членството во НАТО и ЕУ?
Зошто за предлог не е земен земскиот грб од Грбовникот од 1620, на пример, на кој под него пишува Macedoniae? Оти не е истиот кој сега е предлог? Оти ДУИ нема да го гласа, не е на Александар, туку е македонски?
А ја уште како дете на часови по ликовно го резбав македонскиот грб.
Овој кој го подметнуваат нема благе везе со него.

Ако ги познаваше македонските симболи и потеклото на лавот на земскиот грб, немаше воопшто да бараш некакви објаснувања. Тоа не е никаква тајна, побогу, кога има еден куп информации насекаде околу тебе.
Нешто кое е дискутирано надолго и нашироко дури и на теми на форумов од пред 6 години, плус на јутјуб стојат куп стари документарци од МТВ1 за македонските грбови, башка достапната литература, тешко дека ќе успееш баш сега да го претставиш како некаква конспирација.

Затоа ти реков, се гледа дека немаш блага везе што збориш, па затоа бараш она што го нема.
Сите верзии на лавот, без разлика од кој период потекнуваат а се однесуваат на Македонија или Александар во суштина се едно исто кое не се исклучува меѓусебно.

Е сега дали ти претпочиташ дневно политичко шпекулантство во објаснување и на теоријата на релативноста, кој ги изградил пирамидите, дали Колумбо навистина ја открил Америка и дали постои друга цивилизација во соседната галаксија, е потполно твоја лична работа. Како и да е, среќно со тоа.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=10159857227&id=9&setIzdanie=21812
 
Последно уредено:
Од денот кога го видов предлогот, имам забелешка во тоа што хералдичкиот предлог е многу поубав од компјутерскиот предлог. На компјутерскиот предлог му недостасува (можно е несвесно изоставена ) црвената рамка околу штитот во која се наоѓа лавот , а постои на хералдичката верзија.
Не сум хералдичар, па затоа не можам да тврдам на каква фрома (или боја) на штит треба да е лавот , дали и во кои ситуации под штитот треба да пишува Македонија или каква круна треба да има над лавот , а со кои елементи се опишува државноста.
Има разни грбови низ Европа во кои лавот се користи како елемент во грбовите, но во едно сум сигурен, лавот одамна требаше да биде грб на Македонија. Затоа што во минатото лавот бил грб на Македонија.

Се согласувам, хералдичкиот рачен предлог е многу поубав и поавтентичен отколку компјутерско обработениот.
98FE66419DBE984EA10B219C41981223.jpg
 
Груба нацрт верзија на лавот од 1620 година кој го спомена König и посовремениот дизајн кој се предлагаше досега, и двата со обратни бои црвен лав на жолто.

Зошто не некој од овие?

214yx07.jpg



Во две бои на пасош


51ouvp.jpg
 
Последно уредено:
:icon_lol:
Ете темата за грбот била дискутирана цели 6 години на долго и на широко овде на форумот.
Заради тоа, целата македонска јавност е запознаена со овој факт, па онака, нема потреба да се повторува пак и пак и пак дека овој црвен лав е симболот на Александар. НИТУ ЕДЕН портал или телевизија не го спомнаа овој факт, оти е сувишен, непотребен.
Дознав дека и бугарскиот грб има исто потекло.

Сега сум просветлен и можам на раат да спијам.

Зошто не некој од овие?
Не може, едниот е предлог на клетиот Грчев, а тој е баниран од секаков социјален импакт оти е соросоидна комуњара.
Другиот не е автентичниот на Лека и го неќат у ДУИ.
 
Последно уредено:
Ова е Кралскиот стандард на Шкотска, the Lion Rampant.

xtVKL0b.gif


Простудирајте го внимателно а потоа споредете го со новиот предлог. Ќе забележите дека се идентични буквално во секој поглед, во комплет сосе бои.

Чудна работа, ајде да видиме што има да каже историјата за ова: https://en.wikipedia.org/wiki/Royal_Standard_of_Scotland

"The earliest recorded use of the Lion rampant as a royal emblem in Scotland was by Alexander II in 1222;[7]"

За нашиот: https://en.wikipedia.org/wiki/Historical_coat_of_arms_of_Macedonia

"The earliest known example of this is the Fojnica Armorial[3] from 1340"

Океј, сигурно има објаснување за ова, можеби шкотите се тие што го украле од бугарите (како што направивме ние на пример)

https://en.wikipedia.org/wiki/Coat_of_arms_of_Bulgaria#History

"The earliest example of a lion's image as the heraldic symbol of Bulgaria is documented in the Lord Marshal's Roll,[4] composed around 1294 AD and preserved in a copy from about 1640."


Заклучок: Зошто словените толку уживаат да крадат историја?
 
Коменар на ова
Новиот државен Грб е всушност стариот грб на градот Драч во Албанија
На владата изгледа не и е доволно позната хералдиката па нити можеле да ја консултираат пред да го донесат новиот државен грб на Македонија кој хералдички е ист со оној стариот на градот Драч во Република Албанија.Несмасно круната е заменета со топови или кули што хералдички претставува малку за да имаме нов оригинален грб на Македонија туку е копија позната во хералдиката и е грб од Република Албанија оној на градот Драч.
Нашата редакција доби копија од хералдичар од Република Албанија каде е опишан стариот грб на градот Драч и е заведен како грб кои се употебувал во овој град се до почетокот на втората светска војна.
Дали овој грб е во договор со Али Ахмети или пак во Вмро-Дпмне не ја консултирале хералидката треба лично да се изјаснат министрите кои го поставија новиот грб на јавните мрежи.
10846291_806151942761622_7362992827871304779_n.jpg

http://www.dokaz.mk/majko-moja-dali...nost-stariot-grb-na-gradot-drach-vo-albanija/

А еве видео од мтв за македонскиот грб


http://www.grbovnik.iz.rs/index.php?strana=grbovnikHTML/grbm
 
Не гледам ептен вести, ама дали имаше некоја најава за менување на грбот, неколку дена пред менување на истиот ?

Пошто ако немало, и ова испадна онака преку ноќ.....страв да ти е да помислиш што се може да направат во иднина, преќутно и преку ноќ
 
Едно прашање. Во повеќе емисии посветени на земските грбови на Македонија самиот Јоновски изјавува дека црвениот лав на златна позадина е препишан на Македонија по грешка на Визетовиќ во нековата стемографија. Имено златниот лав бил симбол на Македонија, а црвениот на Бугарија, а Визетовиќ по само нему позната причина ги има заменето.

Од каде сега ова испадна континуиран грб кога се појавува само кај Визетовиќ.
 
ПО ПРЕДЛОГОТ ЗА НОВ ГРБ

ДУИ: Лавот бил дел од грбовите на многу стари албански семејства

И министрите на Демократската унија за интеграција се согласиле со предлогот за нов државен грб.


mkd-120989.jpg

Од ДУИ потврдија дека се согласуваат со изгледот на предложениот грб и дека сите министри гласале за.


„Лавот е прифатлив да биде во центарот на државниот грб. Прво, затоа што како хералдика е застапен на грбовите на многу стари и големи албански семејства, впрочем, лавот го има и во грбот на градот Тирана. Второ, прифатлива е и круната, бидејќи го одразува старото скопско кале“, велат во ДУИ.
http://www.mkd.mk/makedonija/partii/dui-lavot-bil-del-od-grbovite-na-mnogu-stari-albanski-semejstva
 
Сонце над Пирин и Егеј со Афион и Жито е нашиот грб,а да бидеш Лав и со терористите колиција не иде и .

https://www.youtube.com/watch?v=M4wvHX1qWlc
 

Attachments

  • 06122014153813_grbmakedonije.jpg
    06122014153813_grbmakedonije.jpg
    37,4 KB · Прегледи: 9
Последно уредено:
Се лажеш Зоте. Овој емблем е со Кораб, не со Пирин. Првата верзија е со Пирин. Таа на НР Македонија.
Coat_of_arms_of_PR_of_Macedonia.png

Одлично.
Ќе имаат ли храброст следна да е „Изгреј зоро на слободата“. Заслужуваме како и секоја друга држава во светов химна да ни биде воен марш, песна со која гинеле нашите херои и 1903 и 1941-44, песна која е интонирана како химна на оваа држава на првото заседание на АСНОМ. „Денес над Македонија“ е сепак само песничка со идентични 4 строфи, редок ако не и уникатен пример во свет таква песна да е химна на некоја држава.
Meh. Изгреј зоро на слободата?
Гинеле со "А бре Македонче".
Грбовите со круна прилегале на царства и кралства а тие со круна во форма на тврдина биле републикански.Имаше на вестите интервју со претс. на хералдичкото здружение
Абе и Србија е република па има круна на грбот. Бидејќи некогаш била монархија. Дај ми република со тврдина на грбот. Русија е федерација па ја има царската круна.
Освен ако Самуил, Карпош, или Александар не носеле круна во вид на тврдина на главата.
Сонце над Пирин и Егеј со Афион и Жито е нашиот грб,а да бидеш Лав и со терористите колиција не иде и .

https://www.youtube.com/watch?v=M4wvHX1qWlc
Тоа е Кораб со Вардар, а не Пирин со Егеј.
 
Едно прашање. Во повеќе емисии посветени на земските грбови на Македонија самиот Јоновски изјавува дека црвениот лав на златна позадина е препишан на Македонија по грешка на Визетовиќ во нековата стемографија. Имено златниот лав бил симбол на Македонија, а црвениот на Бугарија, а Визетовиќ по само нему позната причина ги има заменето.

Од каде сега ова испадна континуиран грб кога се појавува само кај Визетовиќ.
Ама неее... види сега... овааа...
Дали имаш чуено дека и двоглавиот црн орел е македонски симбол?
Не?
1028184.jpg

А сега?

Се лажеш Зоте. Овој емблем е со Кораб, не со Пирин. Првата верзија е со Пирин. Таа на НР Македонија.
Пошто после тоа сонцето кај нас почнало да изгрева од запад.
 
Последно уредено:
Се лажеш Зоте. Овој емблем е со Кораб, не со Пирин. Првата верзија е со Пирин. Таа на НР Македонија.
Coat_of_arms_of_PR_of_Macedonia.png


Meh. Изгреј зоро на слободата?
Гинеле со "А бре Македонче".

Абе и Србија е република па има круна на грбот. Бидејќи некогаш била монархија. Дај ми република со тврдина на грбот. Русија е федерација па ја има царската круна.
Освен ако Самуил, Карпош, или Александар не носеле круна во вид на тврдина на главата.

Тоа е Кораб со Вардар, а не Пирин со Егеј.

Со што докажуваш дека е Кораб и Вардар ? Мене ми личи на истиот грб од Н:Р Македонија само малку видоизменет заради x причини .
 
Со што докажуваш дека е Кораб и Вардар ? Мене ми личи на истиот грб од Н:Р Македонија само малку видоизменет заради x причини .
Со тоа што тоа го пишува во службен весник сонце мое неначитано. Во времето кога во Пиринска Македонија Македонците биле признати, па дури и Димитров дал амин за евентуално отцепување на благоевградската област со НР Македонија а Бугарија да влезе во Југославија. Читни, не штети.
 
Извини другар јас весниците на службата не ги читам навистина,во право си .
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom