Неделава го изгледав The Maze Runner и Serenity (2005).
The Maze Runner почнува добро но полека губи на квалитет за да до крајот се претвори во комплетен клише фест. Филмов многу потсетува на спој помеѓу Cube и The Hunger Games во атмосфера и сетинг. Не дека не ми легна како филмче за тепање време туку разочарувањето доаѓа од тоа што можеше да биде многу повеќе од тоа што е. Штета.
Serenity продукциски делува како филм од Б категорија кој би се емитувал на SyFy каналот, но ако ова не ве одврати да го гледате, филмот е сокриен Sci-Fi гем. Снимен е како континуитет и разврска на серијата Firefly која беше прекината по 1 сезона. Серијата е стара повеќе од 10 години но е солидна со интересни и добро разработени ликови, хумор и интересна приказна. Препорака филмот да се гледа само по изгледана цела сезона на Firefly за да се добие целосниот впечаток.
Од драмиве кои најверојатно ќе се најдат на оскарите освен Interstellar и The Grand Budapest Hotel немам ништо друго гледано. Ќе чекам добар торент од нив па макар и ги гледал ПО оскарите. Од трејлери како мој тип на филмови ми изгледаат The Imitation Game и The Theory of Everything. За Birdman и Gone Girl има голем хајп на форумот и сум заинтересиран да видам за што станува збор. Другите филозовски и артистички филмови не ме интересираат.