Греота за Кајгана, не знаев колку отишол форумов во неповрат. Станал дувло на расисти и шовинисти, а за да не биде тоа доста имало и трол од истите редови кој претставува спротивни апсурдни ставови.
Веста воопшто не е точна, прочитајте повеќе, сега таму се водат овие дискусии и се носител на политичката клима во земјата, и пред се се однесуваат на новите доселувања на бегалци од Сирија и какви консеквенци имаат овие нови имигранти врз ставовите на Швеѓаните кон останатите претходни доселеници.
Малку ми е смешно за нашиве националисти кои влегуваат во филмот на западните расисти против нивните сограѓани кои ги сметаат за инфериорни, а не сфаќаат дека баш таквите како нас се таргет за омраза и нетрпеливост од тие националистички групи во тие земји. Баш нашите луѓе се дружат и се блиски со овие, за вас, дивјаци, затоа што во земја како Шведска се од иста класа.
Половина од мојата поширока фамилија живее во Шведска, тие се тие за кои ќе важи овој мултикултурализам. Можеби ќе напишете дека нема разлики во културата меѓу нас и Швеѓаните, како со луѓето од Африка и Блискиот Исток, ама верувајте дека разликите се еднакви. Нетрпеливоста не застанува само кај религијата, продолжува и понатаму, едноставно само е огледало на пропаднатите шанси на расистите да се самореализираат и само бараат причини за тоа кај туѓите од нив.
Не морате вие да им берите гајле на Швеѓаните за иднината на нивната раса и земја. Богатите земји многу добро знаат што им носи имиграцијата и про и контра ставовите им се добро одмерени, што носи за економијата, за демографијата и најважно за добросостојбата и иднината на самите Швеѓани.