Документ: Македонското државјанство на баба Ванѓа
Дека баба Ванѓа е македонска државјанка потврдува нејзниот бугарски пасош кој е издаден за престојот на Ванѓа во соседна Бугарија.
Факт е дека Ванѓа е македонка е од нејзиното раѓање. Ванѓа е родена на 31 јануари 1911 година во Струмица (во пасошот е запишан датумот 3 октомври 1911, денот кога е евидентирано нејзиното раѓање).
Познатата пророчица е родена под името Евангелија Сурчева, за време на вледеењето на Отоманската империја со Македонија. По нејзиниот татко Панде подоцна го добива презимето Еванѓелија, скратено Ванѓа Пандева.
За време на Балканските војни и по Првата светска војна, во Струмица се менувале многу власти и вршеле асимилирање на населението. Најпрво Бугарија, каде Струмица припаѓа до 1919 година, потоа Струмица влегува во кралството на СХС, па Грција и Југославија.
Но струмичани отсекогаш се сметала како дел од македонскиот етникум, па така и граѓаните се декларирале како македонци. Таков е и случајот со Ванѓа, што може да се потврди од нејзиниот пасош.
Ванѓа до 1942 годна живее во Струмица, потоа се мажи заДимитар Гуштеров и се преселува во Петрич, по што го добива презимето Гуштерова. При издавањето на нејзиниот бугарски пасош јасно е наведено дека таа по националност е македонка.
http://strumicadenes.mk/dokument-makedonskoto-drzavjanstvo-na-baba-vanga/