Ова што го тврдам, не ми е од некои книги, туку од историјата на дел од мојата фамилија и се однесува на селото Бродец (на Кораб).
Како што нагласив селото го исселуваат Балистите за време, или нешто пред, Втора Светска Војна. Какви 60-ти години, какви бакрачи.
Дилемите не постојат кај нив. Знам, затоа што јас сум нив, на некој начин. Моите роднини и предци се нив.
Треба ли да земам и да постувам скенирани пишани изјави од нив, за тоа како се чувстуваат и што се случило? Можно е тоа да се направи, бидејќи баба ми која го преживеала тоа е жива (фала богу) исто и сестра и исто и (пази го ова) тетка и и нејзината сестра (они се во САД). Знам и тоа дека има и живи сведоци и од други фамилии од Бродец.
Никој нормален Македонец до сега, не му текнало да го доведува македонството на Шкретите во прашање. А и небитно дали изродите тоа ќе го прават, затоа што нема никаква промена кај нив и нивниот став.
Јас само го поставив како прашање (повеќе техничко), дали дури и на овој на форум се толерира негирањето на Македонците или не?
Добро е што во корен беа сосечени сите српско-бугарски обиди, но гледам дека се толерира, кога некој слободно конструира тези за тоа дека Македонците се Албанци, а не Македонци.
Колку и да се силни намерите, кај Шкретите да се направи истата грешка како кај Македонците Муслимани, ви гарантирам дека тие никогаш нема да кажат дека се нешто друго освен Македонци, затоа што не се ништо друго. Некој очекува дека ќе си измислат друга националност? Зошто би го правеле тоа?