Сега се знае дека станува збор за државен испит, а не за екстерно тестирање и за тоа дека овие два концепти се сосема различни. Исто така, се знае дека државниот испит не ги опфаќа сегашните студенти, туку идните. Сега, се повеќе е јасно дека оваа помала група која ќе излезе на следниот протест, се партиски мотивирани. Најголем дел од нив се од подмладокот на СДСМ и од невладините организации финансирани од Владимир Милчин и СОРОС, истакна Груевски.




Тоа е тоа одамна видено сценарио.
Прво преку нивните медиуми предлагаат пуштаат муабет за некој поекстремен закон кој планираат да го воведат и оставаат време да биде испитан на какви реакции ќе наиде.
Откако ќе добие негативни реакции од сите страни, одма ќе излезе некој министер на ТВ и ќе рече, "Абе не сватиле убаво луѓето, Соросоидите ги лажат дека заkонот бил бла бла бла, а уствари е бла бла бла, пробувајќи да престават некоја публажена верзија на законот, или најчесто некоја позбунувачка верзија, која на крајот сепак ќе испадне како што било првично објавено во медиумите, само напишано во поинаква форма".
Овојпат наидоа на поголем отпор, бидејќи ни самите не очекуваа толку масовен НЕЗАВИСЕН студентски протест. Им се случи буквално мочање на тоа токмаците од СПУКМ, кои патем се штитеници на владеачката партија.
Успеаа да го минимизираат значењето на протестот со тоа што истиот доби по 30-тина секунди прилог на средината од вестите.
Преку своите медиуми откако го истераа филмот дека не било екстерно тестирање туку државен испит (само Јанко може да ја пронајде разликата помеѓу овие два поима), почнаа со смислени прилози во кои на свои млади луѓе им даваа да изведат однапред смислено сценарио, во кое во улога на загрижени студенти, наводно збунети од медиумите, млади лица зборуваат како повеќе нема заблуда меѓу нив, бидејќи се на некој начин радосни откако дознале дека не се работело за екстерно, туку за државен испит

Ги даваат како зборат, тие со очите гледаат на сосема трета страна, се утепаа од читање, не успеале да го научат ни она што им го составиле од штаб

Груевски како гостин на некои вести демек со ироничен тон почна да збори дека они знаеле дека студентите кои биле на протести биле поттикнувани од одредени професори од СДСМ, и дека на некои факултети се правеле и списоци


Пробаа да ги поткупат студентите со најавата дека овој испит всушност не бил за овие генерации, туку за наредните, па си рекоа ќе проработи (а можеби и навистина ќе проработи) Македонскиот синдром за не-болење кур за другите, па ќе се откажат студентиве од протести, бидејќи нема да им биде гајле за идните генерации кога они самите нема да бидат засегнати од полагањата.
Видоа нема откажување и го превземаа финалниот удар, така што преку нивните медиуми почнаа уште однапред да им ставаат етикети на протестантите, дека биле поттикнати од СДСМ
Баш од овие работи уште толку ми будат мотиви да одам на протести иако не сум засегнат. И не, не сум приврзаник на СДСМ, напротив можеби на последните избори сум гласал и за ВМРО, пошто партијата на која и дадов глас, на крајот во моето избирачко место имаше 0 гласови, што значи којзнае на чие конто бил препишан истиот
И сега која е целта на овој државен испит, кој е толку поразличен од екстерното тестирање?
И на едниот и на другиот, крајната цел е да се соберат што е можно повеќе пари за да се збогати државната каса.
Првичната цел дека со ова ќе се направел еден вид на филтер, со кој наводно само квалитетниот кадар (или поточно оние кои на фер начин ги добиле оцените) би продолжил со студиите, сега паѓа во вода, бидејќи со новите измени, студентот би полагал дур не положи. Тогаш која е целта, освен ќе повторам, полнењето на буџетот со тоа што студентите за секој паднат испит плаќаат средства за да полагаат одново?
На Јанко пак, цело време се тераше муабет дека постоеле професори кои биле корумпирани и неправедно ставале оценки. Со тој муабет колку што разбрав, овој испит треба да биде еден вид на испит за самите корумпирани професори да бидат откриени. Ова е уште еден автогол, бидејќи самиот Груевски кажа дека професорите нема да бидат засегнати од тестирањата и нема да има санкција за нив.