Ќе се полага државен испит во 2-ра и 4-та година (Студентски пленум)

  • Креатор на темата Креатор на темата Атомската мравка
  • Време на започнување Време на започнување
@VeS За овие на власт, сите што мислат различно од нив се опозиционери. Што ти менува тебе лично, дали некој небитен на ТВ ќе каже дека си опозиционер?
 
Никој не може да го прогласи Уставниот суд за ненадлежен, освен самиот себе. Законски е определено која е функцијата на Уставниот суд, нo има премногу дупки, кои Уставниот суд, поттикнат од партиски интереси, ги користел и се прогласувал за ненадлежен.
Според тебе доколку го усвојат законот, и дојде до Уставен кој би бил исходот ?
 
Според тебе доколку го усвојат законот, и дојде до Уставен кој би бил исходот ?

Уставен може да реагира во однос на членовите 44 и 46 и тука ќе игра толкувањето. Дали се прекршува правото на образование? Според мене да, со оглед дека те уценува дека мора да го положиш испитот за да одиш понатаму. Не е битно колку шанси имаш. Во однос на автономијата мислам дека нема ништо да постапи со некакво вакво толкување: нема да влијае врз просекот, нема влијание врз професорите, така да не влијае врз автономијата.

Е сега, со оглед дека пројде срамниот закон за абортус на Уставен, со оглед дека пројдоа милион други ствари, се сомневам дека може да рачунаме на Уставен. Најсмешно ќе биде ако се прогласи за ненадлежен. Затоа треба да ја земеме работата во свои раце, моќта е во граѓаните!
 
Ќе излезам и на овај протест и ќе напишам слоган : Стечаец, земјоделец, студент, 3 во 1!
Море кога ќе излезат на следниов протест 2 пати повеќе студенти ме интересира што ќе изјави Грујо.
Не прави глупи еј, 2 милиони не држи како марионети. Рака му пружам за тоа.

Веќе навикната сум во државава дека ако не си со вмро не си со сите, конкретно не сум ни за едните ни за другите и ако ми смета нешо имам право да се изразам против тоа и затоа излегувам на протест. @VeS по ново и за Металург ако навиваш си за опозиција, така да не се замарај.
 
Револтирана сум шо некои нема да излезат како студенти на протест за своите права, туку поради партиски причини,а други пак и воопшто нема да излезат од истите причини.
Лута сум и на тие шо си ја љубат актуелната партија ко икона и шо сметаа при здрав(?) разум дека екстерното е во ред и дека тоа било за професорите, ние ако сме знаеле за да положиме, ќе положиме и екстерно,ама исто и лута сум и на овие од другава страна кој го користат секој моменент да ги исплукаат првиве.
Поради можноста да бидам погрешно сфатена и етикетирана како опозиционер, а не како студент овој пат ќе го прескокнам протестот, во име на едниве и другиве шо размислуваат партиски, а не академски.

Глупа, глупа ствар.
Тоа им е и поентата со пропагандата.
Не паѓај на вакви филмови. Никој за нишо не те етикетира.
На крај краева, ако сакаат и дома седи, пак ќе те етикетираат ко сдсм.
Затоа, искачаме на протест, сите, јако. Без вакви заебанции.
 
Значи вака мојот став е дека треба да има протести,со цел да се искаже нашето незадоволство за државниот испит.Јас никаде не споменав дека не подржувам протести,а ти не можеш да знаеш дали јас сум бил веќе на протести или не.Чисто за твоја информација бев и во Скопје и во Штип.Какви партиски заднини наметнувам ? не ми е јасно искажи се. Доколку си лично исфрустрирана и искомплексирана , лечи си ги фрустрациите и комплексите на некое друго место.Овде на форумот е јасна темата секој има право да си каже што мисли, и нема потреба од меѓусебни препукувања.

Првите три реченици беа ко некоја реакција на твоето мислење (каде се повикуваш на Уставниот суд и тој ти влева надеж), те цитирав со цел да се надоврзам, не се однесуваше на тебе лично, него општо. Не си должен да ми се објаснуваш де, супер чим делуваш. Очигледно не се изразив доволно јасно, под „дотичниот погоре“ мислев на Груевски, ти не иницираше никаква партиска заднина. За делот „Знаеме дека се тврдоглави, и бескомпромисни и на нивната одлука не можеме многу да влијаеме“ - муабетот ми е дека не треба да се размислува во тој правец и дека треба да се оди до крај.
 
Абе мене јасно ми е сето тоа.
Ај од почеток :)
Првиот пат излегов на протест исклучиво како студент и само како студент. И друг пат кога би излегла би излегла само како студент бидејќи не сум приврзаник на ниту една партија.
Е, сега она шо го видов на протестот околу мене беше еден куп студенти наводно кои снимаа демек од гужвава,а воедно ми го вртат телефонот дирекно во фаца.
Мене ме иритира фактот шо има студенти шо излегуваат за да задоволат дел од партиски интереси,а не како студенти, како академски граѓани. Овие од УМС ќе им достават снимки во партија, овие од СДСМ да искористат јавно да се испукаат против ВМРО.
Мене јасно ми е дека протестот е јавен акт, но зошто некој упорно да ме снима и да ме облежеува?
Целта на студентскиот протест е да се искаже незадоволството од одлуката да се има екстерен испит, а исто така и да се осуди работата на студентскиот парламент од кој студентите имаа единствена "корист" со тоа што преку макотрпните преговори ние ја имавме привилегијата да се возиме за 600 денари месечна карта јули и август.
@true blue зошто мислиш дека не го спомнав студентскиот пленум?
Не мислам дека е никаква партиска организација, напротив. Но, оние кои излегуваат на протест со цел да не етикетираат опозиција и опозицијава да мислат дека "сме со нив ", е тие ме изреволтираа.
Затоа не зборувам конкретно дека идиотине од курир напишале статија дека студентскиов протест е партиски и дека е ствар на опозиција, туку кажувам како и едните така и другите влечат корист од ова и се пикаат кај што не им е место и не не оставаат да бидиме студенти.Ја имам таа привилегија да познавам луѓе, колеги од едната и другата партија на кои не можеш да им докажиш дека секоја твоја активност едноставно не е партиски иницирана, туку можеби размислуваш како индивидуа.
Револтот е голем, стравот уште поголем кога им ја знаеш моќта што ја имаат врз твојата иднина.
 
@VeS искрено во кој свет живееш ти ?
Знам дека звучи препотентно од една страна ова што ти го пишав, ама немој да ми кажеш дека дури и најмал дел од тебе веруваше во тоа дека минатиот, овој или било кој друг марш ќе биде карактеризиран како независен од партии ?
Исто вакво размислување како твоево имав пред 5-6 години и често го користев како изговор за да не одам на било кој протест, ама реалноста е дека секогаш ќе бидеш оценет како сдсмовец/вмровец/соросоид/предавник...
Но, големо но, ако сакаш да направиш промена во нашево општество тоа е тој „ризик“ што мораш да го превземеш. Едноставно друг излез нема. Верувај и мене не ми е баш по ќејф некој да ме етикетира како предавник/црвен/плав или како и да е, ама искрено верувам во промена, па ако тоа е цената што треба да ја платам со задоволство се согласувам со тоа.
 
http://republika.mk/?p=354798

Ева ја мојата омилена колумнистка пак, женава ми е вистинско откритие, прав рекордер на сите можни истресени глупости во еден текст.
 
@VeS ако се случило такво нешто пријави на редарите. Сега ќе има многу повеќе редари и пораспространети. Пријави слободно и таквиот учесник во протестот ќе биде отстранет од истиот.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: VeS
@Bojan Van Buuren знаев и очекував дека ќе биди така, ама не очекував дека толку ќе има "неко меџу нама није наш"
Се надевам дека студентскиот пленум ќе преземат активности како што спомна @true blue за таквите, бидејќи ако излезам некаде како независен студент, сум останал и таков студент и при тоа никаква моја потенцирам студентска активност, нема да инволвира други членови ради мене.
Тоа е што одамна не сме демократско општество и каде што секое дејствување различно од нечии интереси можи да ми наштети на некаков начин.
На протест беа излезени 3000 студенти од 26 346 редовни на УКИМ и вкупно скоро 58 000 на ниво на Македонија, што доволно говори за она шо сакам да го кажам.
 
@Bojan Van Buuren знаев и очекував дека ќе биди така, ама не очекував дека толку ќе има "неко меџу нама није наш"
Се надевам дека студентскиот пленум ќе преземат активности како што спомна @true blue за таквите, бидејќи ако излезам некаде како независен студент, сум останал и таков студент и при тоа никаква моја потенцирам студентска активност, нема да инволвира други членови ради мене.
Тоа е што одамна не сме демократско општество и каде што секое дејствување различно од нечии интереси можи да ми наштети на некаков начин.
На протест беа излезени 3000 студенти од 26 346 редовни на УКИМ и вкупно скоро 58 000 на ниво на Македонија, што доволно говори за она шо сакам да го кажам.
На 17ти ноември студентите што изглеоа на протест беа независни студенти. Никој не извади партиско обележје, никој не извади ни национално или верско обележје. Сите сме еднакви. Секако, има поединци со други цели, кои сакаат да се инфилтрираат и од двете партии. Студентскиот пленум е политичко движење, но не партиско и нема да биде!


Рудари

Инаку некој од децава малку ми се сомнителни нормално тоа не го окаректиризра протестот Но

http://denesen.mk/web/?p=314925

http://telma.com.mk/vesti/marsh-nadvor-studentite-gi-povikaa-site-gragjani-na-protest

http://www.radiomof.mk/galerija-akc...zheleznichkata-stanica-vo-skopje/#prettyPhoto

Што сакаш да кажеш? Првиот линк има ли потреба да го коментирам. Дури и дотичните посочени во текстот (патем повторно се кршат приватноста, личните податоци) да се членови на било која партија, од каде тоа дека тие се организатори? Организатор е Студентскиот пленум, кој е неформална и непартиска организација. Тие којзнае дали некогаш биле на некој од собирите. А и јак доказ извадија, пратиле покани на Фејсбук. :vozbud::vozbud::vozbud::pos::pos::cuc::cuc:
Поентата на линкот од Телма?
Во врска со акцијата на железничка, тоа е т.н. герила маркетинг. Не сум баш навлезен во таа област, но накратко, промоција на нешто, на еден подруг начин, често и доста креативен.
 
Последно уредено:
  • Ми се допаѓа
Reactions: VeS
Ако сакаш да го подобриш ќе направиш промени кои ќе ги тангираат тие корумпирани професори, а не нив да ги оставиш лошо да си предаваат и цело време да произведуваат лош кадар, а студентите да ги тестираш. Едноставно нема смисла тоа.
Добар аргумент. :D Ех да можев моиве дома за секој паднат испит да ги излажам со таа фора, дека професорот не ми предавал убаво, затоа паднав. :D

Ако не можеш факултет да завршиш, не е секогаш професорот крив што неубаво предавал, туку ти што не си научил доволно за да положиш испити. Не може професорот со инка да ти тури знаење, мора сам малку да се потрудиш.

Ако си паднал на испит бидејќи професорот не ти предавал убаво, како тогаш останатите твои колеги положиле? Нели и тие заедно со тебе присуствувале на исти предавања? :D

Ако има корумпиран професор, во смисла да ти бара пари за да те пушти на испит, таков случај се пријавува во полиција, ти даваат обележани банкноти и крај. :D


Друга работа, од сите овие муабети ја разбрав дека испитот ќе биде положил/не положил, што значи нема да има никаква интервенција во оценката што му стои на некој во индекс, што одма е контрадикторно со тоа дека ќе се подобри високото образование. Пример ако ја сум учел и сум знаел за 8ца, а некој со врски си добил 10ка, на овој испит и двајцата ќе положиме (зошто тешко да очекуваш некој да не успее да положи кога однапред му се дадени прашањата), само што сега државата гарантира со документ дека неговата 10ка е заслужена и утре кога ќе конкурираме двајцата на оглас за вработување он ќе има предност. ГЛУПОСТ !
Ако НЕМА државен испит, на крај и ти со 8ца (заслужена) и тој со 10ка (со препис) ќе имате диплома. И пак тој ќе има предност пред тебе, пошто има повисок просек. :D

Ако ИМА државен испит, тој со 10ка (со препис) може да не го положи испитот, пошто е дрво и сака факултетот да го заврши на препис, а не со учење. Ова значи дека ти со заслужената оценка имаш предност пред него (побрзо ќе го завршиш факултетот, побрзо ќе се вработиш (lol)), а тој ќе кисне на факултет мачејќи се да положи. Државниот испит е во твоја корист, бидејќи си поштен човек, си учиш редовно, сите оценки ти се заслужени. Нека му ја мисли тој што полага на препис. :D

Трета работа, како ќе го подобриш ти високото образование кога однапред ги даваш прашањата ?!
Па тоа е целата поента на државниот испит, да те натера да научиш барем нешто, колку-толку... да не бидеш дрво што цел факултет го завршил на препис, без никакви познавања од својата професија. :D
Едно е да имаш научено барем 500 прашања од цел факултет, друго е да не знаеш ништо, дрво декор.

Значи пак, дојдете сите што можете на протестов, да покажеме дека не сме глупи.
Точно така, дојдете на протестов, да покажеме дека не ни се учи, дека убаво ни беше да полагаме испити со бубица, на препис. :D



Иначе, за тие што не знаат, ќе има одговорени прашања кои ќе ви бидат однапред дадени. На испит ќе ви се паднат по 5 за секој предмет (до втора година). Испитот може да се полага се додека не се положи, нема услов колку пати може да го полагаш. Се додека не научиш барем минимално, нема полагање. :D

Да не се лажеме, на студентите не им се учи. :D
Студент како студент, никој не сака дополнителни тестирања и испити, сите сакаат со полесно да поминат. Многу нормално.


Disclaimer: Не сум од партија платен, не се мачете да ми реплицирате за тоа и да ме етикетирате. Само сум реален и некомформист. I fuckin' love realism. :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom