Конечно го изгледав еј, и тоа за првпат во кино како човек, како господин. Интерстелар е филмиште од многу аспекти. Да појдам со ред:
Кадри, феноменални, фантастични. Навистина потсетува на Одисеја, како се вртеа, општо вселената и замрзнатата планета кога се бореа, значи навистина имаше кадри во филмов кои баш беша над моите очекувања со оглед дека не помнам последен пат кога имам гледано sci-fi филм а да бидам пријатно изненаден. Гравити ме разочара, Обливион исто ама филмов ги избуши сите од последниве години. Очекувам номинација на Оскари за техничкиов дел од филмот, затоа што навистина заслужува.
Приказна, помешани емоции. До пред самиот крај и Тесерактот не знаев што да искоментирам, искрено се изненадив колку внимание е посветено на драмско дејствоите и story build up за луѓево, за инстинктот за преживување, фамилија и љубов. Еден момент и бев накурчен со Ането кога се избацисо она дека љубовта ќе го спаси светот, ебати поклише нема, очекувам мал милион цитати од филмов од нежниов пол
После крајот и Тесерактот беше врв. Особено како беше визуелно направен а и општо перфектен со оглед ако се фатиме на деталите за времето кога Купер се враќа, па паралелата со Stay, часновкиот, значи ебење, како што рече Ио погоре, Нолан не е човек што прати трендови, тој е човек што ги ствара. Ептен ми се допадна. Истотака ми се допаѓа како го одржуваа мистицизмот у филмот низ целиот тек со вонзејманите и доктор Манн, и ред други работи.
Глумата, очекувана и пријатно изненаден од Џесика. Метју очеквуав дека ќе биде на ниво затоа што навистина е класа глумец и апсолутно беше на ниво. Омилена сцена ми беше со син му коа во рок од 5 минути му го виде целиот живот, навистина беше тажна сцената, а глумата на Метју уште појака, ама си бушеше он низ целиот филм.
Ан Хетавеј. хејт. хејт. хејт. Искрено беше црна точка у филмов, ај шо на моменти ме стварно напињаше, ама то е Ане, ко ќе ми текне. Ама навистина не знам зошто луѓево шо го гледаа филмот ми ја направија дека одглумила за Оскар, ма немој да ме јебеш. Просек глума, на моменти под просек.
Џеси <3
За Мајкл Кејн исто се согласувам дека е млитав тип и општо лошо му беше смислен ликот и општо промашен избор
Саундтрак ебење. Eargasm. Особено со озвучувњаето од Синеплекс. Фантазија.
И то.