DUNE: PART TWO (2024) - Тема за тие што гo гледале филмот! (SPOILERS!)

RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.148
I rate this movie "meh".

Сосема океј филмче, на кој би се палеле луѓето што си се палат на вакви филмови. Никако не е нешто ултра, т.е не е од оние филмови кои би ги сакале и луѓе кои нејќат филмови од таков жанр, што го прави едвај натпросечен.
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
cccc kopilina masonski evreiski! falati ZOTE za videovo migi otvori ocite!
Зезај се, но на 23.38 од видеото, ќељавиот што коемнтира го дава истито пример како фунционира црната дупка со листот хартија што го имаше како приемр во филмот интерстелер.

п.с. ниеден филм од холивуд кој има научна фантастика за тема не го прават случајно или по слободна воља на режисерот. Сето тоа им е добро осмислено за пропаганда и манипулација.
 

Expecto Patronum

Citizen Erased
Член од
13 јули 2011
Мислења
1.331
Поени од реакции
3.281
zote neznam zosto mislis deka sezezam... holliwud e americka masonska organ izacia i preku filmovite sakat dane kontrolirat site.......
 
Последно уредено:
H

HoT IcE

Гостин
Конечно го изгледав еј, и тоа за првпат во кино како човек, како господин. Интерстелар е филмиште од многу аспекти. Да појдам со ред:

Кадри, феноменални, фантастични. Навистина потсетува на Одисеја, како се вртеа, општо вселената и замрзнатата планета кога се бореа, значи навистина имаше кадри во филмов кои баш беша над моите очекувања со оглед дека не помнам последен пат кога имам гледано sci-fi филм а да бидам пријатно изненаден. Гравити ме разочара, Обливион исто ама филмов ги избуши сите од последниве години. Очекувам номинација на Оскари за техничкиов дел од филмот, затоа што навистина заслужува.

Приказна, помешани емоции. До пред самиот крај и Тесерактот не знаев што да искоментирам, искрено се изненадив колку внимание е посветено на драмско дејствоите и story build up за луѓево, за инстинктот за преживување, фамилија и љубов. Еден момент и бев накурчен со Ането кога се избацисо она дека љубовта ќе го спаси светот, ебати поклише нема, очекувам мал милион цитати од филмов од нежниов пол :D После крајот и Тесерактот беше врв. Особено како беше визуелно направен а и општо перфектен со оглед ако се фатиме на деталите за времето кога Купер се враќа, па паралелата со Stay, часновкиот, значи ебење, како што рече Ио погоре, Нолан не е човек што прати трендови, тој е човек што ги ствара. Ептен ми се допадна. Истотака ми се допаѓа како го одржуваа мистицизмот у филмот низ целиот тек со вонзејманите и доктор Манн, и ред други работи.

Глумата, очекувана и пријатно изненаден од Џесика. Метју очеквуав дека ќе биде на ниво затоа што навистина е класа глумец и апсолутно беше на ниво. Омилена сцена ми беше со син му коа во рок од 5 минути му го виде целиот живот, навистина беше тажна сцената, а глумата на Метју уште појака, ама си бушеше он низ целиот филм.
Ан Хетавеј. хејт. хејт. хејт. Искрено беше црна точка у филмов, ај шо на моменти ме стварно напињаше, ама то е Ане, ко ќе ми текне. Ама навистина не знам зошто луѓево шо го гледаа филмот ми ја направија дека одглумила за Оскар, ма немој да ме јебеш. Просек глума, на моменти под просек.
Џеси <3
За Мајкл Кејн исто се согласувам дека е млитав тип и општо лошо му беше смислен ликот и општо промашен избор :D

Саундтрак ебење. Eargasm. Особено со озвучувњаето од Синеплекс. Фантазија.

И то.
 

Down

Boozer
Член од
4 мај 2012
Мислења
3.847
Поени од реакции
6.596
Е ова е филм, филмиште еден од најдобрите филмови што ги имам гледано. Да, беше клише на моменти и да потсеќаше на Одисеја на моменти али имаше толку многу содржина што не може да му се замери на Нолан. Имаше се од физика до драма до комеди моменти до напетост до убавини за око, одлична глума, супер сценарио. Ме мрзи да пишувам поише, за филмов и есеј би било малку.

Само не ми е јасно датата што ја прати преку саатот, што беше точно, кој беше одговорт на равенката со гравитацијата? :D
 

Mojso

uneducated knob
Член од
14 септември 2009
Мислења
4.711
Поени од реакции
12.710
Споредбите со Одисејата ми се малку претерани искрено. Филмот е еден од подобрите sci-fi во скоро време али не би отишол до тој степен. Пре би го споредил со некој од скорашните блокбастери/epic movies за space-time.
Единствена паралела што можам да ја видам со класикот на Стенли е колку толку, сценариово е plausible. Од моментот на претставување на состојбата во која Земјата се наоѓа па до станици, тајм травел итн итн. Логиката позади црните дупки и не е толку тешка за сфаќање, само земаш една од секоја можна теорија и ја вметнуваш во сценариото :)

Се на се одлична глума, паметно вметнат хумор, plausible теорија како што веќе спомнав, океј сеа, има моменти што ќе ме спречат да му дадам 9ка, како класичните холивуд моменти „ батка што е гениј, ама работи како фармер поради што животот е суров кон него...преживуваат едино двајцата што им ги претставуваш најблиски до публиката.... обавезно мора да се маж и жена кои никогаш пред тоа не се сретнале али животите сепак им се преплетени “.

8/10 си е права оцена, се повеќе е претерување.
Исто имаше еден коментар, на Хурин мислам беше кога некаде 40-50 минути во филмот имаш одпрлика точна слика како ќе заврши филмот, исто тоа за мене беше негативно. Не го обвинувам ниту сценаристот, ниту Нолан. Тешко е да си оригинален деновиве кога имаш пристап до скоро се што сакаш.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
Се на се одлична глума, паметно вметнат хумор, plausible теорија како што веќе спомнав, океј сеа, има моменти што ќе ме спречат да му дадам 9ка, како класичните холивуд моменти „ батка што е гениј, ама работи како фармер поради што животот е суров кон него...преживуваат едино двајцата што им ги претставуваш најблиски до публиката.... обавезно мора да се маж и жена кои никогаш пред тоа не се сретнале али животите сепак им се преплетени “.

8/10 си е права оцена, се повеќе е претерување.
Исто имаше еден коментар, на Хурин мислам беше кога некаде 40-50 минути во филмот имаш одпрлика точна слика како ќе заврши филмот, исто тоа за мене беше негативно. Не го обвинувам ниту сценаристот, ниту Нолан. Тешко е да си оригинален деновиве кога имаш пристап до скоро се што сакаш.
Сите се фармери, со мали исклучоци како батките кои работат за НАСА. Дури и учителите во школо се бават со земјоделие. Тоа е во премисата на филмот, дека е дојдено време на преживување, време во кое не е повеќе важно кој какво занимање имал. Или ќе одгледуваш пченка или ќе умреш. За потенцирање на овој момент Нолан ја вметна сцената во училиштето кога дискутираа за Аполо мисиите (да не должам, знаеш).

И тоа како крајот ви бил предвидлив 40-50 минути пред крај никогаш нема да знам. :) Па целиот дел со Тесерактот е во тие 40-50 минути, тоа ли го предвидовте?
 

Mojso

uneducated knob
Член од
14 септември 2009
Мислења
4.711
Поени од реакции
12.710
Сите се фармери, со мали исклучоци како батките кои работат за НАСА. Дури и учителите во школо се бават со земјоделие. Тоа е во премисата на филмот, дека е дојдено време на преживување, време во кое не е повеќе важно кој какво занимање имал. Или ќе одгледуваш пченка или ќе умреш. За потенцирање на овој момент Нолан ја вметна сцената во училиштето кога дискутираа за Аполо мисиите (да не должам, знаеш).

И тоа како крајот ви бил предвидлив 40-50 минути пред крај никогаш нема да знам. :) Па целиот дел со Тесерактот е во тие 40-50 минути, тоа ли го предвидовте?
Очекувана во таа смисла дека се знаеше дека Купер е духот уствари. Како и зошто беше дилема се дур не го спомнаа тоа дека немаат доволно гориво за назад. Мислев дека ќе има еден момент пред да биде згмечен од гравитацијата кога ќе биде на сите места одеднаш ( теоријата за брзината на светлината ). Не дека биле предвидливи последните 40-50 минтуи, него 40-50 минути ВО филмот веќе знаеш ( моментот кога влегуваат во другиот универзум ).

Башка не заборавај, Холивуд е ова. Мора да има некој сентиментални „срања“ :icon_mrgr:
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
Генијалци сте :)

И мене единствено што ме изнервира во филмот беше она Love is transcending bla bla...
 

AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.899
Поени од реакции
11.225
Јас долго време мислев дека духот е починатата му жена.

За предвидливоста со Тесерактот алал да ви е :)
 
H

HoT IcE

Гостин
Јас немав појма за духот и аномалијата у собата се до моментот кога Купер и ТАРС збореа у Тесерактот и кога рече дека податоците ќе треба да ги пренесат на Марф. Тогаш скопчав со она дека неможат да манипулираат со времето во стил backwards/forwards туку само да пресенат податоци затоа што е можно единствено преку гравицатација. А моментот кога Ането се поздрави and she got her first handshake тотално го заборавив се до моментот кога се навратија.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom