Фан клуб - РК Вардар

Лацковиќ и не беше така промашен трансфер ако го споредиме со некои други ракометари што се носеа. Генерално скаутингот на Вардар во однос пари - квалитет беше мизерен. Со тие финансии доколку беа правилно вложени можеше да се направи состав за фајнлфор. Вака далеку се од конкуренција на најдобрите тимови, што јасно можеше да се види против Веспрем(три порази оваа сезона). Едвај излегоа и со Цеље на крај, да не беше нивното неискуство, посебно во Словенија во првиот натпревар, Вардар можеше и два пати да изгуби. Децата на Цеље двапати сами се победија со неизнудени технички грешки на крајот на натпреварот. Останува да видиме како ќе биде формата на Штербик кон крајот на сезонава, од него многу нешта ќе зависат.
 
А јас кога ви викав оти на утакмици кога ќе видам уфирцани, нашминкани и испеглани цури со штикли многу се нервирам, вие сите ме нападнате оти биле убави за око. Е па еве ви ги сега у голем број таквите, гледајте си ги и престанете да се жалите како останатата публика не навивала на утакмици. Не може и јаре и паре да имате. :P

Секако да ги нервираат вистинските навивачи кој имаат двоцифрен број на утакмици зад себе ако не и повеќе.
Дефинитивно треба прирачник за одење на утакмица.
- На утакмица никој не иде да гледа девојки ваљда, освен ако не игра жрк.
- Немора да си уфирцан како за на матура, Препорачливо е да се носи дрес, маица,шал или друг реквизит но да не се претерува ,само едно од предхотно наведените е доволно за повеќе кога ќе идеш на маскембал.
- На утакмица не се иде на 5 минути пред почеток, мимимум 30 мин пред почеток.
-Кога ќе влезеш барај си го местото и не стои на оградата да им сметаш на сите.
- Кога ќе почне утакмица во никој случај немој да му викаш на некој седи неможам да гледам од тебе.(не си во Данска) Контра аргумент ако толу ти се стои иди кај комитите! Ваљда на другиве трибини не го гледаат шекспир па да им сметам. Препорачливо е да станеш и ти подобра ќе биде атмосверата. Ако ептен сакаш некој да не ти смета ги гледаш фотељите доле или крајно пред телевизор дома нај вероватно никој нема да ти смета.
-Ако некој пцуе вика немора да значи да е не културен едноставно си навива од срце. Препорачливо е да истото го правиш и ти.
-Добро би било да знаеш и по некоја песна не само ајде, ајде... не е којзнае колу за учење.
-Ако не се одбираш многу од ракомет не коментирај гласно доволно е да го пцуеш судијата.
Не ги навредувај нашите ракометари (освен Ф.Лазаров он сам си го бара)
Ако некој крева рака и вика пасивен. Вика и по тебе, и ти да бидеш активен и да ја креваш раката.
- Ако се сликаш немора да имаш 200 слики доволно е и 1-2 и не мора да висиш на фејзбук ваљда си платил карта за да гледаш у живо и да ја почуствуваш атмосверата.
Кога се излегува од сала немораш да излезеш прв не даваат бомбони.
Поради залутаните навивачи често верните си седат дома и неможат карта да најдат.
Има и организациски проблеми дефинитивно на официјалниот спикер не му оди работата или е пијан или треба да дрмне 2-3 за да се опушти.
Ај грешавал англиси не му е мајчин простено му е. Малку ја претера со грешаваење то на имињата на играчите од сопствениот клуб. На крајот беше врв во грешките што можат да се направат а тоа е да незнае кој е крајниот резултат ваљда тоа не треба да биде проблем.
Маскотата не коментирам за идејата но реализација 0% како да ја правеле деца од градинка за престава.
Слободно допелнете го прирачников има уште многу...
 
Многу членови тука објаснуваат како треба да се однесува обичната публика, а истите тие се членови на Комити па и химната не си ја знаат, а не пак нешто повеќе да набројувам. :)
 
Многу членови тука објаснуваат како треба да се однесува обичната публика, а истите тие се членови на Комити па и химната не си ја знаат, а не пак нешто повеќе да набројувам. :)

Знам дека даде опомена пред исклучување новиот ни модератор ама морам да пишам во врска со ова.
На викендашката утакмица имаше минимум 20тина луѓе што во ист период седеа на трибина каде што се Комити. Неколку и си муабетеа, делуваа незаинтересирано од далеку се разбира.

Исто според мене Старски напиша неколку нелогични работи при „кодексов“ на навивање на обичната публика од кои ќе ја издвојам според мене најсмешната. Не си ги пцуј играчите освен ако е Филип, он си го бара.

А маскотата, тотална утка, според мене :)
Вие сте КОМИТИ а не Антички Македонци :D
 
Фан страната на фејсбук на РК Вардар им честита официјално на ЛФ за 15 години постоење, на cover photo ја ставија кореографијата на Комити за ЛФ од мечот Вардар - Работнички, а фан страната на ФК Вардар абе мува не ги лази, ништо буквално ништо:pos::facepalm:
 
РК Вардар страната ја води Комита, а на ФК некој од управа вработен :D
Знам дека даде опомена пред исклучување новиот ни модератор ама морам да пишам во врска со ова.
На викендашката утакмица имаше минимум 20тина луѓе што во ист период седеа на трибина каде што се Комити. Неколку и си муабетеа, делуваа незаинтересирано од далеку се разбира.

Исто според мене Старски напиша неколку нелогични работи при „кодексов“ на навивање на обичната публика од кои ќе ја издвојам според мене најсмешната. Не си ги пцуј играчите освен ако е Филип, он си го бара.

А маскотата, тотална утка, според мене :)
Вие сте КОМИТИ а не Антички Македонци :D
Не ВИЕ туку НИЕ, заборави дека си Комита, а ? :D
 
РК Вардар страната ја води Комита, а на ФК некој од управа вработен :D

Не ВИЕ туку НИЕ, заборави дека си Комита, а ? :D

Да бе, да....тоа и мислев. Тастатурава ми е заебана :D
 
Овај прилично сум нов член и нормално е да ги проследам коментариве критикиве најчесто овие новиве пресниве на крајов.. Искрен да бидам се знае која ни е целта што сме сите овде и која ни е пораката нели? После се што се промени во Вардар тотално цел концепт лошо е да критикуваш на основа на навивачи на комити, и на овие дојдени што не "навивале" епа така е сеа што да праиме? Што ти е гајле тебе другите што правеле?, прави како што оние малкуте што прават. Ти си дојден да ги гледаш другите што прават или да си навиваш за клубот? Дегутантно е да фрлаш отров за публика кој секој ја сака да ја има во својот клуб. Не се доволни коментарите од светската јавност ? Ако некој го уништи ова што сега го имаме моментално, само ние ќе бидеме тие виновници.. всушност ние со ова сами си се уништуваме. Моментално имаме се што треба за Светско реноме од клуб.. ти неможеш на Митре до тебе да му кажеш да навива бе чоек? На уво си му викал, му го уриваш амбиентот.. тој мисли дека е дојден во кино или театар. Јас едноставно одам и бодрам клуб, зошто пријателе менталитет не се менува, како на волкот крзното, идете бре бодрете го клубот се што е потребно и треба се прави, не упропастувајте нешто што е создадено со пот, не за друго зошто сум комита, зошто е мој клуб наш :) .. поздрав
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom