Порасни, постигни го она што сум го постигнал и учи ме како и што да правам, тоа дали јас пишувам за други екипи треба да размислиш и да созрееш за да го разбериш, исто како што некои тиквари во Србија по средбата со Германија плукаа по диви откако тој даде се за победа оти отишол во Вардар, а мора кога нема пари во Битола оти рани фамилија...сум напишал со мали ненамерно оти беше 4 наутро...
За Пелистер ко ќе вложиш, ко ќе дадеш пари како што секогаш јас давам без разлика на цена на карта или на пат тогаш ќе ми кажеш дека не заслужувам во сала, за игра доволно знам и тоа очигледно некој го гледа со оглед дека моите статии се најчитани во медиумите кои ми ги постираат со оглед на самото признавање од оние кои ги споменавте како Индира, да оној Радиќ кој беше селектор кога завршивме осми во Норвешка и Данска, онаа Милева која сега секој кој познава ракомет ја цени, оној Раде кој сите го ценат и кој мислат дека треба да игра за нас место Филип, оној наш Кире кој сите го величаме, а мене ме цени оти знам и да го критикувам, или нашата сограѓанка Мирјета слободно прашај ја ако ја најдеш на фаце за мене можеби ќе имаш среќа или сите девојки од Вардар кои веќе договорија интервју со мене лично оти ме ценат...
Да друже пишувам за Металург оти Металург е цела репрезентација и не се срамам да кажам дека и сум одел на негови средби да ги гледам и сум бил горд кога паднала една Барселона, еден ПСЖ, Колдинг, Загреб...сум бил горд оти не победи Металург пиле недозреано туку победи Македонија земјата која ја сакам и која ако ме знаеш знаеш дека секаде сум одел да ја гледам и ќе одам без разлика дали е фудбал, ракомет или кошарка или да тенис, одбојка или шах...но за ниедна победа не сум бил толку горд како кога победил Пелистер...
Пишувам и за Вардар од иста причина прво затоа што ми е работа второ затоа што секоја победа на Вардар е победа за Македонија... ако тоа не го разбираш или ти или другите ваш проблем..
Ми се фалите тука за не знам Пелистер ова она, плукате по двојче кој да и јас го нејќам ни гласав за него и за оваа расипничка власт оти знам брате сум завршил факултет сум се трудел, сум напишал книги кои сега се читаат низ цел свет и да пишувам оти знам оти сум читал и сум шетал низ светот додека ти си пиел кафе на широк сокак и си глумел кабадаја...
за Пелистер ми пишите тука а за на утакмица денес кога јас отиидов да си купам карта да карта која секогаш ја купувам и ќе ја купувам оти верувам дека тој клуб дали фудбалски или ракометен ги заслужил и ме задолжил, затоа што го сакам...гледам луге која карта бре не купувам и влегуваат а по други плукаат, гледам и Чкембари да со срце навиваат и супер се секоја чест, горд сум што ко дете сум бил дел од нив, но еве на фаце статус да не цитирам ке платиме карти по 30 денари да одат за дете болно да и за тоа секоја ви чест, но ори да не дадете по 30 денари за него посебно или повеќе секој колку може, а не купите и карта како што треба да купи секој кој го сака овој клуб затоа што таа стотка која за вас е едно кафе за овој клуб е живот...
Ми се фалиш овде а ти ли пишуваш статии за клубот кои ги читаат сите?
Ти ли пишуваш статии како онаа за она полуфинале и финале кои наредната недела ке одат на секој спортски портал? Јас пишувам за Пелистер оти се обидувам да помогнам, давам пари од џеб не оти ги имам туку затоа што сакам да помогнам и го сакам овој клуб затоа не ми паметувај плукај по мене плукај и по двојче но погледни се и сам в лице....
и за крај пишувам за Кометал да и го сакам и тој клуб и тие девојки оти тие ја ставија оваа земја во историјата со онаа титула, онаа статија ако ја прочита тие зборови на мојот дедо се вистина.. таа е наша и е драга, тие ракометарки ми се мили оти ги гледав во дрес на Македонија во Германија,во Холандија, Данска и Норвешка, во Романија, во Русија, во Полска исто како што сум ги гледал нашите репрезентативци на еден куп натпревари плакајки се од свој сопствен геб не како некои кои одат на сметка на власт или федерација...
Пишувам за се оти си ја сакам својата земја, а Пелистер е мој клуб како и твој и се што сакам е да помогнам очигледно многу повеќе од тебе и некои други... ти и многу други од мене можете да учите за навивање... и кој сака да чита има нова статија за Пелистер слободно прочитајте ја и тука и на оние портали кои понеделник ке ја објават[DOUBLEPOST=1417315717][/DOUBLEPOST]
Пелистер е прв и секогаш ќе остане но да сакам и се што е наше оти сите играат за она црвеножолто знаме[DOUBLEPOST=1417316100][/DOUBLEPOST]Јас одам и ке одам едноставно не само оти морам зарди ова што сега го работам туку затоа што како што кажав таа стотка мене ништо не ми е а на клубот му е ако дај боже има сезонска и на ниеден натпревар да нео доам ако не можам сепак ќе ја купам... Пелестер се сака со дела не со зборови,да Чкембарите навиваат секоја им чест но прачајте се колку карти купуваат (за на фудбал па и за на ракомет сум сведок од кај влегуваат аи сите кога зборувам со пријатели од Италија, од Англија, од Франција, србија сите се чудат да гледаат како во сала сите навиваме мислат дека е ненормално да не сакаш да дадеш таква смешна сума за клуб кој го сакаш) ова не го кажувам за да навредам некого туку затоа што е вистина...
Брате џедају..
Прво,за вистинскиот навивач постои
САМО ЕДЕН КЛУБ-САМО ЕДЕН ГРАД...
Нема тука,АБЕ ПЕЛИСТЕР МИ Е НА ПРВО МЕСТО,АМА ЗА СИТЕ СУМ...

Ти шо сакаш пиши си во колумните,то си е твое право,демократска земја сме(барем не лажат дека сме)

,ама мора да напрајш разлика малце....
Новинарството,колумни,статии се сосема друга работа-љубовта кон клубот,кон својот град,кон навивачката група не се меша со ништо друго...
Со самото то шо кажваш дека си одел на утакмици на Металург,Кометал и си навивал за нив се е кажано....

Како можиш да пишиш дека ко ја тепал Барса и Псж Металург победила Македонија...

Како бе Македонија победи?
Македонија ќе победи ко ќе игра репката,и на никаде друго место..
То шо играат грото од репрезентативците таму ништо не значи..
Ете кажваш дека си шетан чоек,ако е така ќе знајш дека во сите земји ривалството е пред се..
Сите се заедно(барем навидум) ко ќе игра репрзентацијата,ама кога се работи за клубовите секој си ја зазема својата страна..
Само кај нас во Македонија имаме навивачи за секоја сезона...
Кометал ко беше јак сите беа за Кометал,Металург сјача ајмоо сите за металург,сепак Македонци се...

И после се чудиме зошто ни се смеат сите....
Затоа и атмосферата на Металург е далеку поразлична од таа кога игра Пелистер и Вардар,зошто овие тимови имаат селектирана база на навивачи,се знај за кој се навива..
Додека на Металург слушал песни од типот ИЗЛЕЗИ МОМЧЕ....на утакмиците на Пелистер и Вардар нема такво нешто..
Е то е таа разлика шо вие останатите нема да ја разберите никогаш,затоа секогаш опстојуваат тимовите кои имаат навивачи....
Секоја чест за Металург,навистина со својата работа привлекоа многу луѓе,од сите градови,достојно е за почит,ама то е недостигот шо се јавува,зошто се шо е напраено наеднаш нема долг рок на траење...
Значи се додека не се разграничи
РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА-КЛУБ делење на играчи на
ВАШИ И НАШИ...нема да има спорт овде,никогаш...
Е сега да се вратам на репрезентацијата,го спомна Диви,си го навлече гневот и нема враќање,не е во ред,ама то е..
не можиш да контролираш шо прат еден куп луѓе во Ниш,посебно шо таму не бевме организирано ојдени во група,туку појќе екипи на Чкембари имаше....
И на крај за картите..
Коче,можи за тебе не се многу 100 денари,ама има луѓе во Чкембари шо не можат да си дозволат...
Децата пред се,и зошто да не идат тие деца ако немаат да платат,ко се редовни на сите утакмици..
А многу од тие деца се заслужни за сите кореографии,пароли,за цел труд шо е вложен во групата..
И то без помош од никој,се со самопридонес....
Колку се можи се поможва,то е реалноста засега,и тие се условите во градот.....
Ги спомна Комити во колумната,кај најде толкава бројка на сезонски карти жити се...
И самите Комити се жалат на бројката,и да не се тие ќе нема ни толку на стадион на Вардар..
За ракомет е друга песна,имаат дрим тим и нормално е шо имаат маса на луѓе....
И да се вратам кај нас, од друга страна ако гледаме,
ЗА КОЈ И ЗА ШО ДА ПЛАЌААТ ЛУЃЕТО 100 ДЕНАРИ?
Не знам како не му беше срам на луѓето,односно квази управата да бараат вчера карта?

За кој бараат карта?за то шо го ебаја клубот?
За то шо ја ебаја салата,шо нема столчиња,треба од дома перниче да си носиш за да не седиш на ладен бетон,за то шо нема греење и ко Еским треба на зима да се облечиш за да не замрзниш во шталата....
Море ни 50 денари не требаше да биди картата вчера,20 денари максимум,и тие се многу за оние....
Ко ќе напрат услови за нормално чоек да оди да гледа,ко сегде во светот,е тогаш нека бараат карта,а дотогаш нека се скријат од срам и нека не излегват,излегват да се фалат дека напрајле табла....(и та се расипа по 2 дена и цркна ламбата)

...
Нека бидат среќни шо и покрај цела фрустрација на луѓето,покрај сите разочарувања шо ни ги приредија сите овие години,сеуште има некој шо оди во салата(а не се малку тие луѓе)...
Зошто ние сме силата на Пелистер,ако не сме ние нема да има ништо....
Да собериш 3,4 илјади луѓе,а клубот ти е најслаб од постоењето е навистина за подвиг,и за ова можат да сонват многу клубој,посебно Металург шо ги фалиш,па и Кометал на времето...
Добри ти се колумните,ама треба малку посубјективно да гледаш на работите,премногу апстрактно ти се опишани,појќе на поезија маваш,осврни се на суштината на проблемот,остај ти како било некогаш,сите сакаме да се врати то време,ама за жал тешко засега...
Остај ти Кометал,женската репрезентација на времето,помина то....
Па и Металург кој го тепал лани,вака така,кој се замара со то?
Посебно не ние во Битола...
