Највероватно си приметил, ни јас не сум по тепање, колење, убивање. Не треба да си ниту просечен интелигентен за да знаеш дека ништо не добиваш со тоа, апсолутно ништо.
Ниту територии, едноставно не се поклопува со никаква стратегија која вообичаено му ја препишуваат некако севкупно врз албанците. Сосема јасно е дека овие дела кои му ги препишувате врз целото племе се дела кои работат против интересите на племето, па и на државата.
Многу е важно да сфатите дека дела на поединци не може да се земат како дела на цела нација.
Не можеш да кажеш дека албанците ни убија деца, ниту сите албанци беа убијците, ниту тие се ваши деца, затоа што не е можно ти да жалеше повеќе од мене.
Кај кои форуми жив ти се се славеше тоа? Јас насекаде кај сум бил никаде не сум приметил славење, освен некој немиен, такви има и во форумов па ниту се банираат ниту се казнуваат.
Има обострана омраза, не може народот да се обвини за тоа, но што направиле интитуциите во врска со ова? Да не се правиме наудрени, знаеме сите дека се храни народот со омраза.
Стварно ве замислувам дека стварно мислите дека ножевите самите мајки им ги пикнат во чанта за заштита, а таткото ги тренира да колат на труп на животно кој виси.