87ми американски филмски награди (Оскари 2014)

Кој е вашиот фаворит?

  • American Sniper

    Гласови: 4 4,3%
  • The Imitation Game

    Гласови: 25 27,2%
  • Selma

    Гласови: 3 3,3%
  • Birdman

    Гласови: 18 19,6%
  • Boyhood

    Гласови: 8 8,7%
  • The Theory of Everything

    Гласови: 3 3,3%
  • The Grand Budapest Hotel

    Гласови: 5 5,4%
  • Whiplash

    Гласови: 26 28,3%

  • Вкупно гласачи
    92
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.847
Поени од реакции
36.910
Системот кој победува, не се менува! Како и претходните две години (2012 и 2013), така и оваа, анализата на можните номинации во шесте „главни“ категории е направена врз основа на предвидувањата на 5 веб страни чија тематика е филмската уметност и Холивуд. Направени преку сложен систем на бодување според нивните предвидувања, подолу ќе ги најдете листите на можните номинирани во категориите: најдобар филм, режија, главна машка и женска улога, споредна машка и споредна женска улога на 87мото доделување на златните статуетки за најдобрите филмски остварувања од 2014 кое ќе се одржи на 22 февруари 2015 во Dolby Theatre во Холивуд. Оваа година направив две измени на веб страните чии предвидувања беа консултирани: освен стандардните Indie Wire, Rope of Silicon и Variety, наместо минатогодишните EW и Moviepilot ги зедов Awards Circuit и Timeout London.

До објавувањето на номинациите можете вашите желби и прогнози да ги објавувте тука. По објавувањето на номинациите следува задолжителната анкета за најдобар филм според членовите на Кајгана форум.
_______________________________________________________________
ФИЛМ (ранг листа)
(во заградите до името на филмот и режисерот е моменталниот IMDB рејтинг)

СИГУРНИ НОМИНАЦИИ:

1. Birdman or (the Unexpected Virtue of Ignorance) - Alejandro González Iñárritu (8.8)

2. Boyhood - Richard Linklater (8.5)

3. The Imitation Game - Morten Tyldum (8.4)

4. Unbroken - Angelina Jolie (6.9)

НАЈВЕРОЈАТНО ЌЕ БИДАТ НОМИНИРАНИ И:

5. Gone Girl - David Fincher (8.4)

6. The Theory of Everything - James Marsh (7,8)

7. A Most Violent Year - J.C. Chandor (7,4)

8. Interstellar - Christopher Nolan (8,9)

9. Selma - Ava DuVernay (6,1)

КАНДИДАТИ ЗА ПОСЛЕДНАТА (МОЖНА) НОМИНАЦИЈА

10. Foxcatcher - Bennett Miller (7,8)

11. Mr.Turner - Mike Leigh (7.1)

12. Big Eyes - Tim Burton (7.2)

МОЖНИ „ИЗНЕНАДУВАЊА“:

13. Wild - Jean-Marc Vallée (7.1)

14. Fury - David Ayer (8.0)

15. Still Alice - Richard Glatzer, Wash Westmoreland (7.8)

16. Whiplash - Damien Chazelle (8.7)

17. Into The Woods - Rob Marshall (N/A)

18. American Sniper - Clint Eastwood (8.1)

19. Nightcrawler - Dan Gilroy (8.2)

20. Inherent Vice - Paul Thomas Anderson (8.4)
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.847
Поени од реакции
36.910
РЕЧИСИ И ДА НЕМААТ ШАНСИ, НО ВРЕДНИ СЕ ЗА СПОМЕНУВАЊЕ:

21. Exodus: Gods and Kings - Ridley Scott (N/A)

22. Rosewater - Jon Stewart (6.9)

23. St. Vincent - Theodore Melfi (7.4)

24. The Homesman - Tommy Lee Jones (6.6)

25. Calvary - John Michael McDonagh (7.5)

26. Black or White - Mike Binder (7.8)

27. The Fault In Our Stars - Josh Boone (8.1)

28. The Grand Budapest Hotel - Wes Anderson (8.2)

29. Top Five - Chris Rock (6.1)

30. Get On Up - Tate Taylor (7.1)

31. Love is Strange - Ira Sachs (7.2)

Предвидувањата во останатите категории следуваат во наредните неколку дена.
 
dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.400
Поени од реакции
85.351
Не е рано за темава ? :)
 
H

HoT IcE

Гостин
Се чувствувам лошо што од филмовиве само „Boyhood“ го имам гледано, али до Оскари има време, ќе им седнам на сите па ќе пишам свои фаворити.
Вака на слепо:
Boyhood, дефинитивно ќе добие некој Оскар за режија со оглед на трудот вложен низ текот на годините.
Interstellar нема да добие никаков оскар because it would be too much for Matthew. А и филмот според критиките и box office до сеа не исполнува очеквуања.
Gone Girl не, зошто не. Вакви филмови не се Оскари, што знам зошто такво чуство имам.
Да речеме дека според мене мислам дека битката ќе се води помеѓу Whiplash, Theory of Everything и The Immitiation Game во кој фаворит ми бил последниот, ради Бенедикт.
АЛИ ПАК ДА ПИШАМ ДЕКА НЕМАМ ГЛЕДАНО НИТУ ЕДЕН ОД ФИЛМОВИВЕ :D
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.620
Поени од реакции
59.444
Од каде знаат дека Егзодус нема шанси кога не е излезен?

Друго, бокс офисот нема никаква врска со наградите. Некогаш идиотски комедии растураат на бокс офис, а некогаш филмови како Артистот или Говорот на кралот победуваат. Бокс офисот има повеќе врска со моменталната понуда, маркетингот и жанрот.
 
Ама бокс офисот нема врска ни со мојов систем. Јас ги следам предвидувањата на петте сајта кои ги спомнав и ги рангирам филмовите преку систем на бодување. На крај секогаш испаѓа дека нема којзнае колку отстапки од мојата листа до листите со номинирани. Еве, провери ги темите од 2012 и 2013 и ќе видиш. Башка, и оскаровецот 2 пати го погодив: и Арго и 12 години роб. За годинава е Birdman, па ќе видиме дали ќе биде 3 од 3.
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
Ако победи Birdman (што сега за сега од изгледаното би ми било драго) ќе го имаме најчудниот и најнеОскаровски филм победник во последните неколку години, можеби и откако пратам Оскари! И да, мислам дека генерално слаба е конкуренцијата годинава.
 
W

wicked_1

Гостин
Ми стои дека Gone Girl т.е Џеф Кроненвет ќе земе за најдобра кинематографија, веќе неколку пати го ограбуваат човеков кој е заслужен за тоа што е Финчер денес, барем 1/3.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.847
Поени од реакции
36.910
Birdman, Calvary и The Grand Budapest Hotel ги изгледав, Boyhood ми е симнат веќе подолго време, а сега се симнуваат и:

Interstellar ќе го гледам во недела во Cineplexx, а се надевам ќе го фатам и Gone Girl таму.
Оскаровската сезона започнува! :vozbud:

Ми стои дека Gone Girl т.е Џеф Кроненвет ќе земе за најдобра кинематографија, веќе неколку пати го ограбуваат човеков кој е заслужен за тоа што е Финчер денес, барем 1/3.
Емануел Лубецки зема за најдобра кинематографија за Birdman. За ова ако сакаш можеме и да се обложиме. Не само оти се збори така, туку и од гледањето на филмот камерата беше тоа што најмногу го привлече моето внимание. Цел филм е снимен (навидум) во one continuous shot (не знам како најточно да го преведам ова на македонски), и навистина изгледа како воопшто да не направиле рез (cut) при снимањето. Не знам дали го гледаше Birdman, но верувај дека ќе го смениш мислењето по гледањето, ако не си го изгледал.

И за монтажа оскарот оди кај Birdman. ;)
 
Го неам гледано Birdman, а тоа шо сакаш да го кажеш дека е изведен у една снимка/еден кадар без катови, или нема повторување и сечење на различни снимки/кадри? У првиот случај најдобар пример е Russian Ark, снимање филмот у еден ден, без cut-ови. Како и да е ќе мора да го глеам деновиве.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.847
Поени од реакции
36.910
Го неам гледано Birdman, а тоа шо сакаш да го кажеш дека е изведен у една снимка/еден кадар без катови, или нема повторување и сечење на различни снимки/кадри? У првиот случај најдобар пример е Russian Ark, снимање филмот у еден ден, без cut-ови. Како и да е ќе мора да го глеам деновиве.
Изгледа како да нема рез (cut), како да е изведен во еден кадар, само камерата се движи низ собите, Се е снимено со една камера, ама дејството не е во еден ден.
 
Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.945
Birdman, Calvary и The Grand Budapest Hotel ги изгледав, Boyhood ми е симнат веќе подолго време, а сега се симнуваат и:

Interstellar ќе го гледам во недела во Cineplexx, а се надевам ќе го фатам и Gone Girl таму.
Оскаровската сезона започнува! :vozbud:

Емануел Лубецки зема за најдобра кинематографија за Birdman. За ова ако сакаш можеме и да се обложиме. Не само оти се збори така, туку и од гледањето на филмот камерата беше тоа што најмногу го привлече моето внимание. Цел филм е снимен (навидум) во one continuous shot (не знам како најточно да го преведам ова на македонски), и навистина изгледа како воопшто да не направиле рез (cut) при снимањето. Не знам дали го гледаше Birdman, но верувај дека ќе го смениш мислењето по гледањето, ако не си го изгледал.

И за монтажа оскарот оди кај Birdman. ;)

на DVDSCR не се гледаат такви филмови, ќе си чекам добри торенти :)
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.620
Поени од реакции
59.444
Знам дека твоето нема врска со бокс офис, по тебе го спомнаа тоа. Кажи ми за Егзодус, зошто мислат дека нема шанси да земе ништо ?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom