Типот што го коментираш е 10 нивоа пониско од аматер.
Е да тоа е една од маните на интернет разговорите. Се случувало неколку пати да читам долги интернет расправии, тие не се знаат меѓу себе, а ги знам лично и двајцата. И ми било многу смешно едниот е пример професор, а другиот зелено дете од 16 години. И се расправаат ли се расправаат, а не се знаат колку се различни како категории на интелект.
Но еве ти лично, не ти текнуе дека во судир меѓу сили како САД и РФ... конвенционалното наоружување е споредно по важност?
Тоа е тактичко средство во непосредните политички натегнувања, но и добро се наоѓа за поддршка на својот сојузник при посредните тензии во некој дел од светот. Пример одлична зезанција за американците се руски ПВО единици продадени на сириската или иранската влада. Самите суми кои се трошат за одржување и развој на конвенционалното оружје ја докажува неговата значајност. Нуклеарното одвраќа од агресија, но освен за лудаците, нема практична корист да се употреби.
Многу е смешно како ги гледате работите. Вистина, од ваша сопствена перспектива извесно така изгледа, но целата работа е во тоа што вашата перспектива е неспоредлива со таа на ликовите како Путин (и други).
Зарем не сметате дека цели аналитички тимови немаат милијарда пати поминато милијарда пати посложени и подетални анализи за состојбата, од сите можни перспективи. Анализи кои се секако многу посложени од вашиве „анализи„.
Многу често едноставниот и простиот ум многу подобро ги забележува работите од луѓе способни за големи аналитички испитувања. Во православието се смета дека интелегентните имаат замка во својата суета и дека простодушниот и чист ум подобро доаѓа до вистината за работите. Ако беа моќните аналитичари со секогаш најдобри анализи немаше да дојде до војни со катастрофални последици како прва и втора светска војна, немаше и сега светот да биде во вака пореметена состојба. Ете пример дали мислиш дека потезите произлезени од американски безбедносни стратези е добра за нивната безбедност кога од сите народи (настрана од медиумските анкети) прават непријатели.
Сите ние овде пишуваме бидејќи веруваме дека можеме да додадеме едно мало парче на чисто сознание до кое сме дошле во себе, и со тоа да помогнеме човештвото барем малку поисправно да го избира патеките по кои оди. Тоа право не може да му се одземе на ниеден човек од никој елитистички независно колку и да е интелегентен аналитичар.[DOUBLEPOST=1416845545][/DOUBLEPOST]
Најубаво е да се одржи референдум и да се отцепи источниот дел на Украина, јас да бев премиерот или претседателот на Украина ќе се согласев да се дели Украина, чим не сакаат да живеат заедно нека си ебет матер и нека се приклучат кон Русија, а овие експресно ќе влезат во НАТО.. Па можеби и во ЕУ, по голема преспектива ќе имаат доколку се делат. А вака само ќе гинат и едните и другите,а Украина како држава само ќе тоне..
Добро така доколку настаните произлегуваа од желбата за украински напредок. Но во украинските настани постапките не се произлезени од желбата за напредок туку од желбата за наштетување и уназадување на Русија. Да не беше таа цел на украинската криза, САД, ЕУ немаше воопшто да ги интересира Украина.[DOUBLEPOST=1416846089][/DOUBLEPOST]
http://www.mkd.mk/svet/vesti/ukraina-pred-bankrot-zlatoto-od-rezervite-zavrshilo-vo-sad
„Официјалните податоци покажуваа драстично намалување на количеството во нашите трезори, а не се знае каде отишло сето тоа злато. На почетокот на месецот имавме само околу милајрда долари во злати, што е само осум отсто од вкупните резеви“, изјавила Гонтарева.“