Vanlok
deus ex machina
- Член од
- 30 мај 2009
- Мислења
- 26.578
- Поени од реакции
- 35.365
Типот што го коментираш е 10 нивоа пониско од аматер.Не претерувај! Освен за поморските сили Русија е воено компетитивна со силите на САД посебно во одбранбена војна.
Но еве ти лично, не ти текнуе дека во судир меѓу сили како САД и РФ... конвенционалното наоружување е споредно по важност?

@Gag дај не биди наивен...Од '91 наваму Русија никогаш не го контролирала Киев.

Многу е смешно како ги гледате работите. Вистина, од ваша сопствена перспектива извесно така изгледа, но целата работа е во тоа што вашата перспектива е неспоредлива со таа на ликовите како Путин (и други)....
Што требаше Русија да стори после настаните во Одеса за да го спречи крвопролевањето кое сега ќе трае со месеци?
Неколку сати после настаните во Одеса да постави на границата барем 150 000 целосно наоружана војска. Да се свика итна седница на Советот за Безбедност и да побара можност за ограничена воена акција во Украина образложувајќи ги причините посебно она кое го видовме во Одеса. Се согласиле или не се согласиле (што е поверојатно) Русија да ги превземе постапките кои ги најавува. Уште од изутрина другиот ден Претседателот на Русија да излезе во јавност и да ги навести сите свои идни потези.
- Да навести ограничена воена акција пред се на воздушните сили во Украина.
- Да изнесе црна листа на криминалните наци организации во Украина и црна листа на политичарите кои ги прекршуваат меѓународните права на народите.
- Да ги изнесе правните основи кои ги има на десетици. Доволно е да се земе некоја најбанална. Јавното вадење на награда за убиство на рускиот Претседател како и за секој русин (етничко чистење) во Украина објавено од страна на висок украински политичар (олигархот Коломајски) за што целата сега киевска власт не рече ништо против. Во изминативе месеци на криза ги има на десетици вакви причини кои правно оправдуваат вмешување на Русија и заштита на своите права.
- Фаќање на криминалните лидери кои ги прекршуваат меѓународните права.
- Да го одреди времетраењето на акцијата и целта.
- Јасно да ја одреди иднината на Украина. Украина да остане цела со автономија на руските региони. Крим е во склопот на Русија но со специјален однос со Украина. Без граница, без пасоши и слично.
Да започне со воздушни акции за уништување на украинските воздушни сили, а на терен испратените специјалци во соработка со локалните проруски диверзанти за да го спречат или намалат одговорот на украинските воздушни и противвоздушни сили. Тогаш кога би била остварено целосно владеење со украинското небо, 90% од целата работа е завршена. Украинскиот одговор може да биде помал или поголем. Украинската авијација е помал проблем отколку противвоздушните сили на Украина. Како и да е независно што може да дојде до сериозна штета за неколку недели руската авијација би воспоставила целосна контрола над украинското небо. Особено ако добро работат руските диверзанти на терен. Потоа се забранува секакво движење на воени сили во Украина и секој ден со патроли на авијацијата се контролира и се оневозможува било кој да убива било кого. Средно големи десантни сили се спуштаат во местата онаму каде што се мисли дека се кријат Турчинов, Јацењук, Јарош, раководствата на наци организациите, односно сите оние кои се ставени на црната листа. Десантните сили пребаруваат успешно или неуспешно фаќаат и се повлекуваат. Се избегнува колку што се може било каков судир со украинците. Ако било која повлијателна јавна личност почне да галами против руската интервенција и тој се става на црната листа. Преку десантните сили се зазема банкарскиот систем. Им се одземаат имотите на сите оние кои се на црната листа (политичари и олигарси), и банкарски се распределуваат на социјалните слоеви во Украина. Истото и со се она кое е со нивните недвижности. Од Украина се зема само она што останало од воздушните и противвоздушните сили како и воените технологии битни за руската армија. За определениот период колку се фатило се фатило. Прекинуваат руските упади на десантни сили продолжува само воздушната контрола над Украина и се остава можност на упад на командос групи. Се организира добро платена прикриена агентура за да даде известување за било какво појавување на лицата кои се на црната листа. Штом се добие известување, преку авијацијат се испраќаат специјалците и се обидуваат да ги фатат. За оние кои се скриле надвор од Украина, најверојатно во западните држави, се објавува меѓународна потерница. Ако државите каде се наоѓаат лицата од црната листа одмавнат со раката. Се повикуваат правните средства во ООН, меѓународни судови и слично. За оние кои се однесени во Русија се организира судење јавно и по сите стандарди. Пресудите се извршуваат во руски затвори со најповолни услови затоа што истата мерка нема можност да се изведе во Украина. Кога во јавниот живот на Украина нема да можат да вршат насилни влијанија силеџиите од црната листа, медиумите и политичката сцена ќе почнат понормално да работат. Останатите партии природно ќе мора да го организираат животот и да ја распределат власта меѓу себе. Русија им дава плин според најповолниот договор. Им дава не повеќе од 2 милијарди и ветување дека како што ќе заслужат со стабилизирање на политичката сцена така и ќе го исполни договорот со ветените 15 милијарди евра.
Кога сето ќе се оствари, ја повлекува авијацијата и контролата ја превзема украинската војска.
Тоа би бил Путин и Русија каква што очекувавме. Мислам дека само вака би било спречено крвопролевањето на цивили чиј крај не може да се согледа. Ако би дошло до загуба тоа би било војници, авиони, нешто што е прифатливо и што постои за таа намена. Убивањето на цивили не е прифатливо и тоа би било спречено. Така Путин би го исполнил ветувањето дека нема да дозволи раскрвавување на украинскиот и рускиот народ.
И што можеше во сето ова да стори НАТО или западните распустувачи на држави и народи!? Цел свет ќе речеш браво, вака се запира крвопролевање на обичното население.
Ако се земе предвид искажаната спремност за насилие од страна на наци Киев и западните поттикнувачи. Нема можност за прекин на крвопролевањата се додека постои било каква можност да направат човечка или некаква штета на русите и Русија. Порано или подоцна Русија пак ќе мора да сериозно да се вмеша, ако ништо друго со доставување на потешко вооружување. Како што погоре напишав, кој го контролира украинското небо, ќе ја има надмоќноста на теренот.
Ова со Република Донбас, Луханск е само заглавување. Што ќе рече сега Москва!? Ако ги прифати како дел од Русија, ќе направи прекршување на меѓународните норми кое може да и се удри од глава. Ако ги одбие, населението во тие региони ќе се смета за изневерен
Зарем не сметате дека цели аналитички тимови немаат милијарда пати поминато милијарда пати посложени и подетални анализи за состојбата, од сите можни перспективи. Анализи кои се секако многу посложени од вашиве „анализи„.
