Пресвртница за Украина

Дали ја оправдувате воената агресија на Русија над Украина?

  • Вкупно гласачи
    746

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.578
Поени од реакции
35.361
Не претерувај! Освен за поморските сили Русија е воено компетитивна со силите на САД посебно во одбранбена војна.
Типот што го коментираш е 10 нивоа пониско од аматер.
Но еве ти лично, не ти текнуе дека во судир меѓу сили како САД и РФ... конвенционалното наоружување е споредно по важност? ;)

Од '91 наваму Русија никогаш не го контролирала Киев.
@Gag дај не биди наивен... :)

...
Што требаше Русија да стори после настаните во Одеса за да го спречи крвопролевањето кое сега ќе трае со месеци?
Неколку сати после настаните во Одеса да постави на границата барем 150 000 целосно наоружана војска. Да се свика итна седница на Советот за Безбедност и да побара можност за ограничена воена акција во Украина образложувајќи ги причините посебно она кое го видовме во Одеса. Се согласиле или не се согласиле (што е поверојатно) Русија да ги превземе постапките кои ги најавува. Уште од изутрина другиот ден Претседателот на Русија да излезе во јавност и да ги навести сите свои идни потези.
- Да навести ограничена воена акција пред се на воздушните сили во Украина.
- Да изнесе црна листа на криминалните наци организации во Украина и црна листа на политичарите кои ги прекршуваат меѓународните права на народите.
- Да ги изнесе правните основи кои ги има на десетици. Доволно е да се земе некоја најбанална. Јавното вадење на награда за убиство на рускиот Претседател како и за секој русин (етничко чистење) во Украина објавено од страна на висок украински политичар (олигархот Коломајски) за што целата сега киевска власт не рече ништо против. Во изминативе месеци на криза ги има на десетици вакви причини кои правно оправдуваат вмешување на Русија и заштита на своите права.
- Фаќање на криминалните лидери кои ги прекршуваат меѓународните права.
- Да го одреди времетраењето на акцијата и целта.
- Јасно да ја одреди иднината на Украина. Украина да остане цела со автономија на руските региони. Крим е во склопот на Русија но со специјален однос со Украина. Без граница, без пасоши и слично.

Да започне со воздушни акции за уништување на украинските воздушни сили, а на терен испратените специјалци во соработка со локалните проруски диверзанти за да го спречат или намалат одговорот на украинските воздушни и противвоздушни сили. Тогаш кога би била остварено целосно владеење со украинското небо, 90% од целата работа е завршена. Украинскиот одговор може да биде помал или поголем. Украинската авијација е помал проблем отколку противвоздушните сили на Украина. Како и да е независно што може да дојде до сериозна штета за неколку недели руската авијација би воспоставила целосна контрола над украинското небо. Особено ако добро работат руските диверзанти на терен. Потоа се забранува секакво движење на воени сили во Украина и секој ден со патроли на авијацијата се контролира и се оневозможува било кој да убива било кого. Средно големи десантни сили се спуштаат во местата онаму каде што се мисли дека се кријат Турчинов, Јацењук, Јарош, раководствата на наци организациите, односно сите оние кои се ставени на црната листа. Десантните сили пребаруваат успешно или неуспешно фаќаат и се повлекуваат. Се избегнува колку што се може било каков судир со украинците. Ако било која повлијателна јавна личност почне да галами против руската интервенција и тој се става на црната листа. Преку десантните сили се зазема банкарскиот систем. Им се одземаат имотите на сите оние кои се на црната листа (политичари и олигарси), и банкарски се распределуваат на социјалните слоеви во Украина. Истото и со се она кое е со нивните недвижности. Од Украина се зема само она што останало од воздушните и противвоздушните сили како и воените технологии битни за руската армија. За определениот период колку се фатило се фатило. Прекинуваат руските упади на десантни сили продолжува само воздушната контрола над Украина и се остава можност на упад на командос групи. Се организира добро платена прикриена агентура за да даде известување за било какво појавување на лицата кои се на црната листа. Штом се добие известување, преку авијацијат се испраќаат специјалците и се обидуваат да ги фатат. За оние кои се скриле надвор од Украина, најверојатно во западните држави, се објавува меѓународна потерница. Ако државите каде се наоѓаат лицата од црната листа одмавнат со раката. Се повикуваат правните средства во ООН, меѓународни судови и слично. За оние кои се однесени во Русија се организира судење јавно и по сите стандарди. Пресудите се извршуваат во руски затвори со најповолни услови затоа што истата мерка нема можност да се изведе во Украина. Кога во јавниот живот на Украина нема да можат да вршат насилни влијанија силеџиите од црната листа, медиумите и политичката сцена ќе почнат понормално да работат. Останатите партии природно ќе мора да го организираат животот и да ја распределат власта меѓу себе. Русија им дава плин според најповолниот договор. Им дава не повеќе од 2 милијарди и ветување дека како што ќе заслужат со стабилизирање на политичката сцена така и ќе го исполни договорот со ветените 15 милијарди евра.
Кога сето ќе се оствари, ја повлекува авијацијата и контролата ја превзема украинската војска.

Тоа би бил Путин и Русија каква што очекувавме. Мислам дека само вака би било спречено крвопролевањето на цивили чиј крај не може да се согледа. Ако би дошло до загуба тоа би било војници, авиони, нешто што е прифатливо и што постои за таа намена. Убивањето на цивили не е прифатливо и тоа би било спречено. Така Путин би го исполнил ветувањето дека нема да дозволи раскрвавување на украинскиот и рускиот народ.
И што можеше во сето ова да стори НАТО или западните распустувачи на држави и народи!?
Цел свет ќе речеш браво, вака се запира крвопролевање на обичното население.

Ако се земе предвид искажаната спремност за насилие од страна на наци Киев и западните поттикнувачи. Нема можност за прекин на крвопролевањата се додека постои било каква можност да направат човечка или некаква штета на русите и Русија. Порано или подоцна Русија пак ќе мора да сериозно да се вмеша, ако ништо друго со доставување на потешко вооружување. Како што погоре напишав, кој го контролира украинското небо, ќе ја има надмоќноста на теренот.

Ова со Република Донбас, Луханск е само заглавување.
Што ќе рече сега Москва!? Ако ги прифати како дел од Русија, ќе направи прекршување на меѓународните норми кое може да и се удри од глава. Ако ги одбие, населението во тие региони ќе се смета за изневерен
Многу е смешно како ги гледате работите. Вистина, од ваша сопствена перспектива извесно така изгледа, но целата работа е во тоа што вашата перспектива е неспоредлива со таа на ликовите како Путин (и други).

Зарем не сметате дека цели аналитички тимови немаат милијарда пати поминато милијарда пати посложени и подетални анализи за состојбата, од сите можни перспективи. Анализи кои се секако многу посложени од вашиве „анализи„. ;)
 
Член од
17 јули 2008
Мислења
1.560
Поени од реакции
1.019
Кризата во Украина западот поточно Америка и ја наметна на Русија и Европа ! Ако за Крим тоа беше ко кец на десетка , источниот дел на Хохландија никако не им беше потребен на русите ! И сега Русија со минимален ангажман го менаџира жариштето колку да не се каже дека ги оставиле русите од источна Украина сами против фашистите од западна ! Инаку на Русија и е преку глава од Украина и верувајте дека со задоволство би им одстапиле дел од својата територија , само да не си имаат било каква работа со нив ! Али бидна што бидна , го голтнаа апчето Европа и Русија , сега Барак бин Хусеин и неговите наследници ке ги држат во скут уште долго .
Ако за Русија ми се чини дека ке се искубе од стегите , по цена на големи одстапки на Кина за поддшката , Јуроп може и да оптегне папци од ова криза . Она што ке остане од ороспијата вавилонска ке биде вазелински вазално кон јуесеј . Али тоа е , што е ! Единствено е јасно дека нема наскоро да заврши !
 
Член од
14 ноември 2013
Мислења
7.446
Поени од реакции
23.352
И што дека Русија е втора воена и нуклеарна сила? Економски е далеку позади УСА и ЕУ. Soft power да не збориме. Зошто Путин не влезе во Украина и се уште глуми дека не ги подржавува сепаратистите ако е Русија толку моќна? Ај не зборувајте глупости... Јас ги подржувам сепаратистите но тоа не значи дека слепо ќе гледам на целокупната состојба. Возджете ги вашите емоции и трезвено размислувајте како функионира светот.

PS Прочитајте што е дефиниција за суперсила.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.106
Поени од реакции
12.683

Очигледно ти си тој кој не се воздржува од сопствените емоции, бидејќи признаваш само употреба на сила, па бидејќи Русија и Владимир Путин досега не покажале заби, ги сметаш за слаби.

Русија има и други проблеми, а не само Украина и хунтата во Киев.

Путин во моментов е зафатен со подготовки за подолготрајна изолација, бидејќи повеќе од очигледно е дека, и покрај прекинот на огнот во Украина од септември 2014, западот и понатаму сака да си игра топло-ладно со Русија и не само што не ги укинува санкциите, туку се обидува да изврши притисок и врз Србија, а несомнено во блиска иднина и врз Македонија, освен ако веќе вршат притисок врз Македонија, за да се приклучат кон санкциите.

Со вакво сценарио, многу е важен внатрешниот опстанок на една држава, а не покажувањето заби и демонстрирањето сила надвор од границите на државата.

Путин ја подготвува Русија за подолг временски период исполнет со изолации, се додека не најде нови пазари за рускиот гас и за руската нафта. Беше во посета на Јужна Америка, но таму секоја држава има свои извори на нафта и гас, поради што единствено што може Путин да направи во тие држави, е да отвори воени и поморски бази, а такви работи не се случуваат преку ноќ. Договара и бизнис зделки со Кина, се обидува да го зацврсти влијанието на Русија врз останатите поранешни советски републики и го подготвува теренот за идната Евроазиска Унија.

За сите овие работи е потребно време, а исто како што и Сталин попуштал пред Хитлер - на истиот ден кога потпишал договор за ненапаѓање помеѓу Советскиот Сојуз и Југославија, Хитлер ја напаѓа Југославија, а Сталин е оставен без друг избор, освен да го протера југословенскиот амбасадор од Москва само за да му удоволи на Хитлер - така и Путин мора да попушта пред западот додека Русија не биде доволно силна за да се соочи со последиците од долготрајно војување со западот во Украина, а по можност и во Сирија.

Да, Русија е силно вооружена и има најмногу нуклеарни боеви глави во светот - да, повеќе и од САД - но нејзините вооружени сили засега се подготвени само за одбрана на татковината, а не за марширање во Украина или во други делови од источна Европа.

За сето тоа е потребно време, и исто како што и Сталин своевремено се обидувал на секакви можни начини да купи време од Хитлер, така и Путин се обидува на сите можни начини да купи време од западот, бидејќи не е будала туку така да се фрли во воена авантура како што тоа го направил Леонид Илич Брежњев кога испратил војска во Авганистан, од каде што Советите се повлекле со наведнати глави на крајот од 1980-те години, само бидејќи Брежњев знаел дека Советскиот Сојуз е светска суперсила, па си мислел дека советските вооружени сили само ќе се прошетаат низ Авганистан исто како што направиле и во Чехословачка кога ја задушиле Прашката пролет во 1968 година.

За една држава да биде светска суперсила е ретка привилегија која не доаѓа на златна тацна, туку истата мора да се заслужи, а и откако ќе се заслужи, мора да се негува и да се одржува во живот, бидејќи во спротивно може да се изгуби.
 
Последно уредено:
Член од
14 ноември 2013
Мислења
7.446
Поени од реакции
23.352
Очигледно ти си тој кој не се воздржува од сопствените емоции, бидејќи признаваш само употреба на сила, па бидејќи Русија и Владимир Путин досега не покажале заби, ги сметаш за слаби.

Русија има и други проблеми, а не само Украина и хунтата во Киев.

Путин во моментов е зафатен со подготовки за подолготрајна изолација, бидејќи повеќе од очигледно е дека, и покрај прекинот на огнот во Украина од септември 2014, западот и понатаму сака да си игра топло-ладно со Русија и не само што не ги укинува санкциите, туку се обидува да изврши притисок и врз Србија, а несомнено во блиска иднина и врз Македонија, освен ако веќе вршат притисок врз Македонија, за да се приклучат кон санкциите.

Со вакво сценарио, многу е важен внатрешниот опстанок на една држава, а не покажувањето заби и демонстрирањето сила надвор од границите на државата.

Путин ја подготвува Русија за подолг временски период исполнет со изолации, се додека не најде нови пазари за рускиот гас и за руската нафта. Беше во посета на Јужна Америка, но таму секоја држава има свои извори на нафта и гас, поради што единствено што може Путин да направи во тие држави, е да отвори воени и поморски бази, а такви работи не се случуваат преку ноќ. Договара и бизнис зделки со Кина, се обидува да го зацврсти влијанието на Русија врз останатите поранешни советски републики и го подготвува теренот за идната Евроазиска Унија.

За сите овие работи е потребно време, а исто како што и Сталин попуштал пред Хитлер - на истиот ден кога потпишал договор за ненапаѓање помеѓу Советскиот Сојуз и Југославија, Хитлер ја напаѓа Југославија, а Сталин е оставен без друг избор, освен да го протера југословенскиот амбасадор од Москва само за да му удоволи на Хитлер - така и Путин мора да попушта пред западот додека Русија не биде доволно силна за да се соочи со последиците од долготрајно војување со западот во Украина, а по можност и во Сирија.

Да, Русија е силно вооружена и има најмногу нуклеарни боеви глави во светот - да, повеќе и од САД - но нејзините вооружени сили засега се подготвени само за одбрана на татковината, а не за марширање во Украина или во други делови од источна Европа.

За сето тоа е потребно време, и исто како што и Сталин своевремено се обидувал на секакви можни начини да купи време од Хитлер, така и Путин се обидува на сите можни начини да купи време од западот, бидејќи не е будала туку така да се фрли во воена авантура како што тоа го направил Леонид Илич Брежњев кога испратил војска во Авганистан, од каде што Советите се повлекле со наведнати глави на крајот од 1980-те години, само бидејќи Брежњев знаел дека Советскиот Сојуз е светска суперсила.

За една држава да биде светска суперсила е ретка привилегија која не доаѓа на златна тацна, туку истата мора да се заслужи, а и откако ќе се заслужи, мора да се негува, бидејќи во спротивно може да се изгуби.
Од каде прочита дека дека ги сметам за слаби Русија и Путин жити се! (освен ако мислиш во однос кон УСА) Јас сметам дека Путин одлично ја игра играта во Украина.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.106
Поени од реакции
12.683
Од каде прочита дека дека ги сметам за слаби Русија и Путин жити се! Јас сметам дека Путин одлично ја игра играта во Украина.
Во ред, тогаш дефинирај го твојот израз soft power.
 
oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
3.089
Поени од реакции
1.257
Најубаво е да се одржи референдум и да се отцепи источниот дел на Украина, јас да бев премиерот или претседателот на Украина ќе се согласев да се дели Украина, чим не сакаат да живеат заедно нека си ебет матер и нека се приклучат кон Русија, а овие експресно ќе влезат во НАТО.. Па можеби и во ЕУ, по голема преспектива ќе имаат доколку се делат. А вака само ќе гинат и едните и другите,а Украина како држава само ќе тоне..
 
Референдуми веќе имаше, на кои мнозинството жители на источна Украина гласаа за отцепување од Украина, но ниту хунтата во Киев, ниту западот, но истовремено, ниту Русија официјално не ги признава резултатите од истите тие референдуми.
 
The xx

Russia state-affiliated bot. ☑️
Член од
8 април 2013
Мислења
7.211
Поени од реакции
13.646
Најубаво е да се одржи референдум и да се отцепи источниот дел на Украина, јас да бев премиерот или претседателот на Украина ќе се согласев да се дели Украина, чим не сакаат да живеат заедно нека си ебет матер и нека се приклучат кон Русија, а овие експресно ќе влезат во НАТО.. Па можеби и во ЕУ, по голема преспектива ќе имаат доколку се делат. А вака само ќе гинат и едните и другите,а Украина како држава само ќе тоне..
Ниту во НАТО ќе ги примат, ниту во ЕУ.
 
Член од
14 ноември 2013
Мислења
7.446
Поени од реакции
23.352
Украинциве се најиспран народ.
Украинска телевизија. Жената е од Донбас и кажува како Украинската војска бомбардира и убива цивили. Во сред разговор водителот запира и им дава збор на Маидан активисти кои автоматски почнуваат како навиени : Слава Украина, слава херои!

oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
3.089
Поени од реакции
1.257
Референдуми веќе имаше, на кои мнозинството жители на источна Украина гласаа за отцепување од Украина, но ниту хунтата во Киев, ниту западот, но истовремено, ниту Русија официјално не ги признава резултатите од истите тие референдуми.
Западот не ги призна референдумските резултати поради тоа што и Киев не ги призна, доколку самите власти во Киев се согласат да се отцепат од источниот дел, тогаш јас мислам дека и Западот ќе се согласи..
 
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.834
Поени од реакции
2.928
Најубаво е да се одржи референдум и да се отцепи источниот дел на Украина, јас да бев премиерот или претседателот на Украина ќе се согласев да се дели Украина, чим не сакаат да живеат заедно нека си ебет матер и нека се приклучат кон Русија, а овие експресно ќе влезат во НАТО.. Па можеби и во ЕУ, по голема преспектива ќе имаат доколку се делат. А вака само ќе гинат и едните и другите,а Украина како држава само ќе тоне..
Ако Украинците се согласат да одцепат тогаш Еу и Нато нема да го примат бидејќи тој дел теритоија е богата со јаглен и понекои нафта и Украина ќе биде сиромашна од рудните богатства затоа нема да примат во члнството.

Sent from my iPhone 5S using Tapatalk
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.733
Поени од реакции
7.549
Украинциве се најиспран народ.
Украинска телевизија. Жената е од Донбас и кажува како Украинската војска бомбардира и убива цивили. Во сред разговор водителот запира и им дава збор на Маидан активисти кои автоматски почнуваат како навиени : Слава Украина, слава херои!

Дебалцево е под украинска контрола уште од 20-ти Јули. Можеби женава ќе сака да објасни како тоа украинците сами врз себе фрлаат бомби?

Официјални сепаратистички твитови.
Како и со паднатион малезиски авион, прво се фалат, па кога ќе дознаат дека има цивилни жртви ‘хунтата‘ уствари е крива.

Kajgana Shop

На врв Bottom