Па демек нема да можат да гласаат тие 5 милиони и нема да можат да користат здравствено осигурување. Така рече Барак Хусеин Обама. Нели тоа неможе да помине без поддршка од сенатот или од конгресот кои ги имаат републиканците?
Во САД нема гласачки легитимации и нема избирачки список. Ова барем важи за претседателските избори, на кои не се врши никаква легитимација на гласачите и не се бара од нив никаков документ за идентификација, па од тука паѓа во вода тврдењето дека тие 5 милиони нелегални имигранти нема да имаат право на глас. Не само што ќе имаат право на глас, туку ќе можат и да гласаат повеќе пати на повеќе избирачки места во еден ист ден на едни исти избори, ете колку е апсурден американскиот изборен законик.
Ако стануваше збор за предлог закон за кој ќе се гласаше во Конгресот и во Сенатот - да, ќе требаше поддршка од Конгресот и од Сенатот.
Но токму за тоа не станува збор, бидејќи ова не е предлог закон за амнестирање на тие 5 милиони нелегални имигранти, туку е извршна наредба која доаѓа директно од претседателот на САД.
Претседателот на САД има право да издава извршни наредби кога е во прашање националната безбедност или кога треба веднаш да се реагира при вонредни ситуации без дозвола од Конгресот и Сенатот. Така на пример, Џорџ Буш Помладиот на 11 септември 2001 ги приземји сите авиони низ САД со извршна наредба од сосема разбирлива и оправдлива причина - државата беше нападната од терористи.
Американските претседатели вообичаено издаваат извршни наредби за тајни мисии на специјалните сили, на фоките, на војската, за нечие апсење или за нечие погубување без знаење на јавноста, но Барак Хусеин Обама ја претвори извршната наредба во лична диктатура. Типот не само што издава извршни наредби за тајни мисии, туку исто така издава извршни наредби за форсирање на закони кои не можат да го поминат гласањето во Конгресот и во Сенатот.
Прво во 2012 година издаде наредба до американските цариници и погранични служби да не ги депортираат малолетните нелегални имигранти, туку напротив - да им издадат дозволи за неограничен престој во САД, слично како Зелената карта бидејќи, според неговите зборови, тие биле
"идни лојални американци, израснати, воспитани и образовани на американско тло и не е фер да бидат депортирани само бидејќи нелегално влегле во САД".
После издавањето на ваквата наредба, Мексиканците и припадниците на други латиноамерикански националности, си ги натоварија децата на возовите кои ја поминуваат границата од Мексико кон САД, каде што тамошните имиграциски служби се немоќни да ги депортираат, бидејќи претседателот на САД им го забранил тоа со наредба.
Единствено гувернерката на сојузната американска држава Аризона, Џен Брувер, се спротивстави на ваквата извршна наредба, со тоа што издаде своја извршна наредба - која важи само на територијата на Аризона - со која им забранува на аризонските државни и јавни служби да им издаваат возачки дозволи откако ќе станат полнолетни, здравствено и социјално осигурување, дозволи за работа и им забранува работење за компании кои реализираат јавни набавки за државата. Во основа, Џен Брувер се обидува да им потенцира на малолетните нелегални имигранти дека не се добредојдени во Аризона и дека ќе го даде максимумот од себеси како знае и умее, да ги спречи во нивните намери да се вработат во Аризона или да примаат здравствено и социјално осигурување, социјална помош или било какви субвенции и/или бенефиции на сметка на државата, но за волја на вистината, не може да ги депортира дури и да сака.
За да биде ситуацијата уште посмешна, Барак Хусеин Обама нареди повлекување на пограничните патроли за 64 километри северно од јужните граници на САД со Мексико, за да им биде потешко подоцна да ги откријат нелегалните имигранти.
А со својата најнова извршна наредба, Барак Хусеин Обама наредува издавање на нови 5 милиони дозволи за работа на исто толкав број на нелегални имигранти во САД. Со дозвола за работа во рака, секој од овие нелегални имигранти ќе може да аплицира за издавање на работничка виза, а после 6 или 12 месеци ќе може да аплицира и за дозвола за траен престој во САД, слично како Зелената карта.
Првично ова беше предлог закон наречен DREAM Act, но никогаш не беше усвоен од страна на Конгресот и Сенатот, бидејќи беа свесни дека токму ова ќе бидат последиците од ваквиот закон.
Па бидејќи Конгресот и Сенатот не дозволија изгласување на ваквиот предлог закон, Барак Хусеин Обама со извршна наредба го форсира истиот, во целост заобиколувајќи ги Конгресот и Сенатот, кои сеуште функционираат во претходниот парламентарен состав од 2012 година, бидејќи новиот парламентарен состав кој беше изгласан на почетокот на ноември 2014, ќе почне со работа дури во јануари 2015.
Ете како функционира американската демократија наспроти руската пропаганда.
Еве малку подетална анализа на неодамнешниот говор на Барак Хусеин Обама за неговата најнова извршна наредба.