Одземање коли

  • Креатор на темата Креатор на темата Rockey.1
  • Време на започнување Време на започнување
Тоа е основниот текст, после тоа има неколку измени и дополнувања.
Регистрирај се на странава и можеш да си ги симнеш сите измени и дополнувања на законот.
Еве ти линк од законот:
http://www.pravo.org.mk/documentDetail.php?id=211
Обрни внимание на измените и допoлнувањата на законот од 14.02.2013 година, посебно на членовите 29 до 34.
Или пак консултирај си го другарчето @Fringe , он е поупатен од мене во однос на последните измени и дополнувања на СИТЕ закони!!!:D:D:D
На страницата на Министерството за транспорт и врски, го пронајдов овој закон.
http://mtc.gov.mk/new_site/mk/storija.asp?id=2225
Последно дополнување на Законот, кое е прикажано е од 2011
Има пречистен текст... Таму се зборува не за одземање на колата, туку за одемање на сообраќајна дозвола во рок од 30 дена
Ако има одредба за одземање на возило, таа е од подоцна
Еве што се вели во овој пречистен текст
Член 89

Државниот инспектор за патен сообраќај има право да донесе решение за:
- исклучување на возило од сообраќај, со одземање на сообраќајната дозвола, доколку се врши превоз пред впишување на дејноста во Централниот регистар или доколку превозникот нема лиценца за вршење на соодветен вид на превоз предвидено со овој закон,
- исклучување на возило од сообраќај, со одземање на сообраќајната дозвола, доколку превозникот врши линиски превоз на патници без соодветна дозвола или без регистриран возен ред,
- исклучување на возило од сообраќај со одземање на сообраќајната дозвола доколку врши авто-такси превоз на патници надвор од подрачјето на општината, ако превозот се врши спротивно на одредбите на овој закон,
- привремено одземање на дозвола на домашниот превозник ако не се придржува на одобрениот и регистриран возен ред при вршење на меѓуопштинскиот превоз на патници, со предлог за бришење на возниот ред од евиденцијата,
- привремено одземање на дозвола на домашен или странски превозник за вршење на меѓународен линиски превоз на патници ако не се придржува на одобрениот и регистриран возен ред, итинерерот и планот за возење на возачите,
- исклучување на возило од сообраќај со одземање на сообраќајната дозвола доколку превозникот врши посебен линиски превоз на патници меѓу две или повеќе општини без дозвола,
- одземање на дозвола на превозник, за посебен линиски превоз на патници што се врши меѓу две општини, доколку патниците што се превезуваат не располагаат со доказ за идентификација од нарачувачот на превозот,
- забрана на натамошно движење на странско возило на територијата на Република Македонија со упатување на возилото до еден од граничните премини, заради напуштање на земјата, ако во возилото не се наоѓа пропишана документација за соодветниот вид на превоз предвидена со овој закон и меѓународен договор,
- одземање на дозволата на домашен и странски превозник за вршење на меѓународен превоз на стока, доколку превозникот не се придржува на условите од истата и условите пропишани од Секретаријатот на Европската конференција на министрите за транспорт ако превозот се врши со ЦЕМТ дозволи како и да даде предлог до министерот за транспорт и врски за одземање на категоризацијата на автобуската станица или за категоризирање една категорија пониско од постојната категоризација,
- отстранување на недостатоците во определен рок во поглед на исполнувањето на пропишаните услови за вршење превоз во патниот сообраќај, условите за работа на автобуските станици и придржување на возниот ред и
- времена забрана за употреба на автобуските станици и автобуските стојалишта ако во определен рок не се отстранат недостатоците што ги утврдил инспекторот за патен сообраќај.

Под одземање на дозвола за линиски превоз на патници се подразбира одземање на сите примероци на дозволи со кои располага превозникот за одржување на конкретната линија за која е сторен прекршокот.

Превозникот е должен во рок од 24 часа од добивањето на решението за одземање на дозволата сите примероци од дозволите за предметната линија да ги предаде во Државниот инспекторат за транспорт.

Привременото одземање на дозволата од ставот 1 алинеи 4 и 5 на овој член изнесува 30 дена, а доколку во рок од една година превозникот го повтори прекршокот инспекторот ќе поднесе предлог за трајно одземање на дозволата до Министерството за транспорт и врски.

За привременото одземање на дозволата од ставот 1 алинеја 5 на овој член и за забраната на натамошното движење на странско возило на територијата на Република Македонија од ставот 1 алинеја 8 на овој член се известува Царинската управа на Република Македонија на граничниот премин.

Одземената сообраќајна дозвола од ставот 1 алинеи 1, 2, 3 и 6 на овој член се предава во Министерството за внатрешни работи.

За одземената сообраќајна дозвола на превозникот му се издава потврда.

Исклучувањето на возилото од сообраќај со одземање на сообраќајната дозвола од ставот 1 алинеи 1, 2, 3 и 6 на овој член трае 30 дена.

Времената забрана од ставот 1 алинеја 11 на овој член може да се изрече во траење од 10 до 30 дена.
 
Како законот разликува на пр. ако сме се собрале четворица другари и со една кола одиме до Солун на шетање и при тоа сме ги поделиле трошоците за бензин наспроти некој што редовно за пари врши див превоз до Солун ? Првиот случај никако несмее да биде казнив . :eek:

Јас имам мало искуство со оваа ситуација. Во неколку наврати ме сопре полиција и се распрашуваше за луѓето кои се возеа со мене. Ништо посебно.
 
Леле луѓе, кажите искуство со ова а не како гласат законите, сум ги прочитал ама полиција може да те зафркава иако си исправен се.
 
ова и те како функционира во Украина
Дури многу повеќе од општествениот транспорт( јавниот превоз)- секој секого качува во кола (за пари) ем ќе стигнат побргу ем им е поевтино и нит закон ни бутур - се’ во корист и за добро на граѓанинот
ова функционираше и во Охрид, диви таксисти... оди на плажа ама прво чека да најде луѓе што ќе му платат ...
Во принцип има 2 работи :
Бесплатно да вози некој некого не е реално, најнапред одговараш во случај на судар, може да те тужи
Делење на трошоци меѓу сопатници... го има ова, дури има во Хрватска и веб сајт, но пак е релативно... доволно е полиција да те запре, контролира или да ти најде некоја друга работа... комшијата беше пред 5-6 години се друштво во Црна Гора, еден ден отидоа на еднодневен излет во Дубровник... беа дочекани на нож, мислам дека ги казнија за не носење појас на задните седишта
 
Денес поминав покрај таква контрола. Сообраќајна полиција и инспектори од Транспорт и врски. Запираа и контролираа камиони и комбиња.
 
Денес поминав покрај таква контрола. Сообраќајна полиција и инспектори од Транспорт и врски. Запираа и контролираа камиони и комбиња.
Да, да, па ако не се лажам пред некој ден лично министерот за транспорт и врски најави дека (во следниов период) ќе има засилени контроли на такси возила, комбиња, камиони!
 
Денес бев сведок на такво нешто. Запреа 3 камиони додека одев пешки накај тренинг. Ќе отиде пред него и ќе му ја уклучи сирената да застане.
 
а автомобили?
Не... Стоеја на еден широк паркинг, две комбиња имаше застанато, и еден камион. Кола имаше пред мене, јас по неа, поминавме, не не ни приметија...
 
Пред некој ден добив информација дека ако качиш некого во кола, полиција може да ти ја одземе под изговор дека вршиш транспорт за пари. Дали има некој искуство со ова?
Искрено да проба да ми одземе кола под овој изговор, сигурно ќе добијам кривична за напад на службено лице.

Се е можно , ако на пример застанеш на некое место кај што стојат дивите таксисти , и земеш некој роднина или познаник кој чека автобус .... но малце понатака те запира инспекција и ти ја зимат колата поради тоа што наводно си див таксист. А ти немаш врска со превоз , нити си зел пари. Така да кај нас и автостопот е опасна работа, ќе те обвинат за транспорт на мигранти.
И ај да те видам докажи се со нив.

Се има случено , и добра информација си добил.
 
Со новиот закон ќе можат да те казнат за намера да качиш некој в кола и да го возиш беспари, те застанува полиција, ти си сам в кола и ти вели “Ти брачко имаш 4 слободни места значи можеш да земеш 4 патници и да му наплатиш.... давај 500 евра казна“
 
Се чудам како тоа ви го одземат кола ако го превезувате другарчиња или пријателчиња ?
Инаку тоа важи за оние што имаат ЦОЛ регистрација или бугарски таблици со буграски пасош додека со МК регистрација можете да превезувате колку сакате само ако е приватно или не е таксирано и сопатникот да е од МК , значи според сообраќајна книшка колку патници е дозволено во спротивно ќе плукнете 500 еура казна.


Sent from my iPhone 5S using Tapatalk
 
Се чудам како тоа ви го одземат кола ако го превезувате другарчиња или пријателчиња ?

Ќе те стопрат некој ден, ќе ти ја земат колата и нема да се чудиш. Правиме муабет за коли на МК таблици, не за бугарски.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom