Sungerot Bob
Живеј го животот
- Член од
- 7 август 2012
- Мислења
- 32.391
- Поени од реакции
- 36.508
Викаат дека од општина Ѓорче бил изгласан,сега требало од Градот да се усвоел до нова година.Дали знае некој дали е готов ДУП-от за стопански двор-волково? И дали почнаа да даваат дозволи за градба? Знам дека беа стопирани низ цел град?
Готов е!Дали знае некој дали е готов ДУП-от за стопански двор-волково? И дали почнаа да даваат дозволи за градба? Знам дека беа стопирани низ цел град?
Абе и јас знам дека е готов и дека општина Ѓорче го има изгласано.Готов е!![]()
Не знам тоа. Знам само дека после една година мене пред некој ден ми дадоа Извод од план.[DOUBLEPOST=1416821605][/DOUBLEPOST]Абе и јас знам дека е готов и дека општина Ѓорче го има изгласано.
Сега треба односно до нова година ГУП-от градот да го гласа ама претходно одреден период е огласен на огласна табла за ако има некои забелешки да се исправат пред гласање.
Од катастар вадиш имотен лист и извод од катастарски план. Со нив, и со потврда за платен данок за земјиштето одиш во општина и поднесуваш барање за Извод од план. Тој ти е готов за 5 работни дена. Со него одиш кај архитект, се договарате и он ти ја брка целата работа понатаму до добивање Дозвола за градба.Ок фала на сите, и сега за дозвола градба на кука, треба да прашам во катастар или во општина? Обично во општина ме моткаат веке 1.5 год.
дозвола за градба вадиш во општина но прв документ што ќе ти биде потребен за да почнеш со постапката е извод од план , а за добиеш план треба да има план за тоа место ( дуп / акт за населено место ) . постапката иде електронски преку системот за градежна дозвола и во зависност од постапка дали е нов објект доградба надградба адаптација потребни ти се различни документи. потребен ти е проект архитектура статика електрика водовод и канализација ( за нов објект), позитивно мислење од изис(нов објект), хидротехнички услови ( потребни се за позитивно мислење од водовод ) геодетски елаборат и најважно нешто е решени имотно правни односи т.е. имотниот лист за земјиштето да гласи на име на тој што сака да гради Целава постапка е комплицирана зашто за да водиш сам ти треба електронски потпис ( тие ги издава кибс и телеком ) така да најдобро е да си најдеш проектантско биро / фирма што ќе ти ја среди целата работа а ти само да ја ополномоштиш. тоа би било тоа во кратки црти.Ок фала на сите, и сега за дозвола градба на кука, треба да прашам во катастар или во општина? Обично во општина ме моткаат веке 1.5 год.
епа ќе чекаш да го средат, а проверка можеш да правиш во службениот гласник на општината ( би требало да го има електронски на веб сајтот ) , сепак и да се изгласа тој план на општинска седница за да биде истиот валиден мора да биде објавен во службениот гласник на општината т.е. јавно пред ситеЈас кога и да отидев во општина (до пред 1 месец) ми викаат за стопански двор неможат да дадат извод од план, бидејки не бил готов...
Баш така. Јас инаку ја имав комплетирано целата документација која @Ryan Giggs ја спомна погоре уште лани, но наеднаш процесот прекина затоа што правеа измени во ДУП-от. И сега ми бараат се Јово на ново зошто старите документи застариле (6 месеци). Ај да речеме - не е потребно којзнае колку пари за вадење имотни листови (180 ден.), извод од катастарски план (183 ден.) и извод од план (500 ден.), ама потоа - хидротехнички услови се 3000 денари... А тие 3000 кои сум ги дал лани Цацко ќе ми ги врати. Да не зборам за проектите, доколку треба да се прават измени таму: јас се на се треба да платам уште минимум 400 евра на сумата која требаше да ја платам лани. Ама нејсе...Помош - сакам да крадам!
тоа со хидротехнички услови нема врска што го кажа освен ако објектот не го градиш на друга парцела ( пошто услови за поставување се исти доколку нема драстични промени ), а и во самиот документ пишува дека е во важност од 2 години од датумот на издавање. Имотен лист е менлива работа во рок од 6 месеци може да има измена а секој бара понов имотен лист за да биде сигурен во она што го работи како и секој нормален човек на планетава. Доколку имало промена во планот нормално дека стариот извод нема да ти важи и ќе мора да извадиш нов. Незнам каква била ситуацијата со тој дуп ѓто го напомена но измена се прави доколку има потреба а не зашто е интересно да се прави. Постапките сега што се водат се решаваат во рок од 2 месеца, доколку си имал комплетна документација која си ја приложил предметот ти се решава по истата, така беше пример и за плановите за селата, сите што имаа поднесено пред поништување законски нема образложение да не им се реши предметот иако повеќе тој план не важи.Баш така. Јас инаку ја имав комплетирано целата документација која @Ryan Giggs ја спомна погоре уште лани, но наеднаш процесот прекина затоа што правеа измени во ДУП-от. И сега ми бараат се Јово на ново зошто старите документи застариле (6 месеци). Ај да речеме - не е потребно којзнае колку пари за вадење имотни листови (180 ден.), извод од катастарски план (183 ден.) и извод од план (500 ден.), ама потоа - хидротехнички услови се 3000 денари... А тие 3000 кои сум ги дал лани Цацко ќе ми ги врати. Да не зборам за проектите, доколку треба да се прават измени таму: јас се на се треба да платам уште минимум 400 евра на сумата која требаше да ја платам лани. Ама нејсе...
На хидротехничките услови кои ги извадив во март годинава исцртана е планирана канализациона мрежа (со испрекината линија). Сега постои изградена канализациона мрежа - веројатно само заради тоа бараат нови.тоа со хидротехнички услови нема врска што го кажа освен ако објектот не го градиш на друга парцела ( пошто услови за поставување се исти доколку нема драстични промени ), а и во самиот документ пишува дека е во важност од 2 години од датумот на издавање. Имотен лист е менлива работа во рок од 6 месеци може да има измена а секој бара понов имотен лист за да биде сигурен во она што го работи како и секој нормален човек на планетава. Доколку имало промена во планот нормално дека стариот извод нема да ти важи и ќе мора да извадиш нов. Незнам каква била ситуацијата со тој дуп ѓто го напомена но измена се прави доколку има потреба а не зашто е интересно да се прави. Постапките сега што се водат се решаваат во рок од 2 месеца, доколку си имал комплетна документација која си ја приложил предметот ти се решава по истата, така беше пример и за плановите за селата, сите што имаа поднесено пред поништување законски нема образложение да не им се реши предметот иако повеќе тој план не важи.
Во најмала ситуација е се само крадење не, постапката не е едноставна како купување патлиџани од пазарче па да ги фрлиш ако не чинат, сепак станува збор за траен документ кој одобрува да се изгради објект на кој е постапено по сите закони и правила. Се надевам се разбираме.