Добро еве сега имам дома планче направено, што треба да направам понатаму за да го почнам процесот. Знам дека треба прво архитект да ми го среди планот... но што понатаму?
1. во кое населено место живееш?
2. доколку има услови да се даде извод од план доколку ти е чисто земјишето ( ако сакаш да градиш нов објект ) или решени имотно правни односи или легализација ( доградба надградба адаптација )
3. наоѓаш рандом проектантско биро кое ќе го ополномоштиш да ти брка процедура во општина за реализирање на идејата
4. ти треба проект архитектура статика водовод канализација електрика( во зависност од постапка, градење реконструкција адаптација етц )
5. мислење од ИЗИС( во зависност од постапка )
6. ополномоштеното лице по електронски пат документите кои се заверени со дигитален печат ги поднесува на градежна дозвола за соодветна постапка до соодветната општина
7. доколку е се во ред со документација општината бара мислење од водовод и евн ( за соодветна постапка зависи што планираш )
8. откако се добива мислење позитивно се праќа на пресметка во град скопје
9. плаќаш комуналии
10. ти се изработува одобрение, решение ( се известуваат соседи во зависност од постапка )
11. чекаш 15 дена правосилно за валидно одобрение решение
12. после тоа општината поднесува до катастар упис на можен објект изграден според проект
Цела постапка може да ти трае максимум 2-3 месеца во зависност од тоа како ќе поминеш со документација.
постапката понатака околу објектот мора да ја реализираш со фирма со лиценца и надзор ( се друго ти е ризично во поглед на тоа некој да те пријави и да те казнат ) Објектот мора да го започнеш во рок од 2 години а да го завршиш за макс 10.