Големиот потоп (Потопот на Ное)

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.945
Се зачудив кога побарав и видов дека нема тема за Бибсликата приказна: Големиот потоп. Верувам повеќето тука се запознаени со оваа Библиска приказна за големиот потоп, ако не се, еве ви го веројатно најдобриот текст (на македонски) кој го најдов по интернет во врска со ова.

НАДВОР од арката, луѓето си живееле исто како претходно. Тие и понатаму не верувале дека ќе дојде потопот. Мора да се смееле како никогаш порано. Но, набрзо престанале да се смеат.


Наеднаш почнала да паѓа вода. Се истурала од небото како од кофа. Ное имал право! Но, сега било предоцна! Никој не можел да влезе во арката, бидејќи Јехова цврсто ја затворил вратата.

Набрзо биле поплавени сите низини. Водата станала како големите реки. Туркала дрвја, тркалала големи камења и правела голема бучава. Луѓето биле исплашени. Се качувале на повисоките места. Ах, камо да го послушале Ное и да влегле во арката додека вратата сѐ уште им била отворена! Но, сега било предоцна.

Водата се подигала сѐ повисоко. Од небото се истурала вода 40 дена и 40 ноќи. Се искачувала по планините, па наскоро и највисоките од нив биле под вода. Токму како што рекол Бог, сите луѓе и животни што биле надвор од арката умреле. Но секој што бил внатре, бил на сигурно.

Ное и неговите синови направиле добра работа градејќи ја арката. Водата ја подигнала, и таа пловела по површината. Еден ден, откако престанало да врне, почнало да грее сонце. Колку убава глетка било тоа! Насекаде се простирал само еден голем океан. А единственото нешто што можело да се види била арката која пловела по водата.


Џиновите исчезнале. Веќе не постоеле и не можеле да ги повредуваат луѓето. Сите тие умреле, заедно со своите мајки и со другите лоши луѓе. Но, што се случило со нивните татковци?

Татковците на џиновите не биле вистински луѓе како нас. Тие биле ангели кои слегле на Земјата за да живеат како луѓе. Така, кога дошол потопот, тие не умреле заедно со останатите. Само престанале да ги користат човечките тела што си ги направиле и се вратиле на небото како ангели. Но, повеќе не им било дозволено да бидат дел од Божјето семејство од ангели. И така станале ангели на Сатана. Во Библијата тие се наречени демони.

Тогаш Бог пуштил ветар, и водата од потопот почнала да се намалува. По пет месеци, арката застанала на врвот од една планина. Поминале уште многу денови пред да можат оние што биле во арката да ги видат врвовите на планините. Водата продолжила да опаѓа.

Тогаш Ное пуштил од арката една црна птица која се вика гавран. Гавранот летал некое време, но пак се вратил назад бидејќи не можел да најде добро место за да слета. Тоа го направил неколку пати. Гавранот секој пат се враќал за да се одмори на арката.


Ное сакал да види дали водата се повлекла од земјата, па затоа пуштил од арката гулабица. Но и гулабицата се вратила затоа што не нашла место да застане. Ное ја пуштил и по вторпат, а таа му донела во клунот свеж маслинов лист. Така Ное знаел дека водата се повлекла. Ное ја пуштил гулабицата и по третпат, и таа конечно нашла суво место каде што ќе живее.

Тогаш Бог зборувал со Ное и му рекол: 'Излези од арката и земи ги со себе семејството и животните‘. Тие поминале во арката повеќе од една година. Затоа можеме да си замислиме колку биле среќни што се повторно надвор и што се живи!
Темава ја сместив во мистерии, се двоумев дали да ја ставам во религија, ако е за таму некој од модераторите нека ја премести.

Има многу книги во врска со овој потоп, во некои само се испишани страници а нема некои силни аргументи а некои пак и навистина се интересни за читање. Споделете ако ви се наоѓа нешто, уште поубаво ако имате електронски изданија.

Кои се вашите размислувања за потопот, дали тој некогаш се случил, зошто? Бујрум :)
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
Како би тролал сега, ама секако ова ќе ти го избришат. Мора да има тема во религија, а и дискутирано е многу пати. Ќе ти заврши во канта, како оваа.
 

Expecto Patronum

Citizen Erased
Член од
13 јули 2011
Мислења
1.331
Поени од реакции
3.281
Какво е то прашање дали потопот некогаш се случил? Исто ко да прашаш... не знам... дали битката за Хогвортс се случила?
 

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.945
Какво е то прашање дали потопот некогаш се случил? Исто ко да прашаш... не знам... дали битката за Хогвортс се случила?
Тоа е прашање за лично размислување на кајгана членовите во врска со потопот.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.998
Поени од реакции
83.378
Има такви кои сметаат дека библискиот Потоп, е всушност настанот кога цела низина била поплавена и се создало Црното море (пред само 10.000 години).
 
Член од
3 септември 2010
Мислења
6.386
Поени од реакции
8.989
Што мислите, каде отишла водата од последното ледено доба кога се стопиле глечерите?







Затоа и легендите за Потопот ги имаш помеѓу сите народи во светот зашто сите биле засегнати од топењето на таа огромна количина лед.
 
Последно уредено:

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.945
Што мислите, каде отишла водата од последното ледено доба кога се стопиле глечерите?





Затоа и легендите за Потопот ги имаш помеѓу сите народи во светот зашто сите биле засегнати од топењето на таа огромна количина лед.

Untitled.png

Еве ја истата слика само од книгата на Иан Вилсон Before the Flood. Имам електронско издание на српски јазик. Интересна книгичка, кој сака нека пиши пп.
 

König

Гостин
Член од
29 октомври 2014
Мислења
215
Поени од реакции
575
Прикаската за Ное почнува во Генезис 6, со опис за тоа како „синовите божји се женеле за човечките ќерки“ и како ѝм се раѓале титани. Не знам како црквата го интерпретира овој дел, но за мене јасна е дистинкцијата помеѓу две раси: божествена/неовоземска и човечка.

1. А кога луѓето почнаа да се множат на земјата, и ќерки им се народија,
2. тогаш синовите Божји, гледајќи ги ќерките човечки дека се убави, ги земаа, кои што ги сакаа, за жени.
3. И рече Господ Бог: „Духот Мој нема вечно да пребива во луѓето, зашто тие се тело; ете деновите нивни нека им бидат сто и дваесет години.”
4. А имаше во тоа време џинови на земјата, особоно, пак, кога синовите Божји почнаа да влегуваа при ќерките човечки и тие почнаа да им раѓаат; тоа се силните луѓе, прочуени од старото време.
5. И виде Господ Бог дека лошотиите меѓу луѓето на замјата се големи, и дека сите мисли и помисли во срцата нивни беа зли во секое време.
6. И се покаја Бог што го беше создал човекот на земјата, па се огорчи во срцето Свое.
7. И рече Господ: „Ќе ги истребам луѓето што сум ги создал, од земјата – од човекот до животното, ѕверовите и птиците небески – оти се кајам што ги создадов.”
8. Но Ное најде милост пред очите на Господа Бога.
9. Еве го животот на Ноја: Ное беше човек праведен и непорочен во својот род; Ное живееше секогаш според волјата Божја.
10. И му се родија на Ное три сина: Сим, Хам и Јафет.
11. А земјата се израсипа пред лицето на Бога, и се исполни со неправда.
12. И погледна Господ Бог на земјата, и ете – таа беше расипана: бидејќи секоја плот беше се отклонила од својот пат на земјата.
13. И му рече Господ Бог на Ноја: „Крајот на секое тело пред очите Мои дојде, зашто се исполни земјата со неправда од нив; и, еве, Јас ќе ги истребам нив од земјата.
14. Изгради си за себе ковчег од дрвото гофер, и направи прегради во ковчегот; потоа намачкај го со смола одвнатре и однадвор.
15. А изгради го вака: должината на ковчегот да биде триста лакти, ширината негова педесет лакти, а во висина да е триесет лакти.
16. Направи и прозорец на ковчегот, и засводи го на еден лакот одозгора; стави му и врата на ковчегот отстрана и нека има три ката во него: долен, среден и горен.
17. Јас ќе пуштам потоп, вода, на земјата, за да ја истребам под небото секоја плот, во која има дух животен, сè, што е на земјата, ќе изгине.
18. Но со тебе Јас ќе направам завет Свој, а во ковчегот ќе влезеш ти, и со тебе и синовите твои, и жената твоја, и жените на синовите твои.
19. И внеси во него исто така од сите животни, од секој добиток и од сите влекачи, и од секоја плот да има по две, за да останат со тебе во живот; а од машки и женски пол да бидат.
20. Од птиците според родот нивни, и од добитокот според родот негов, и од сите влекачи според нивниот род, и тоа сè по две ќе влезат при тебе, за да останат живи со тебе, пород од машки и женски пол.
21. И земи со себе секаква храна, со каква се хранат, и чувај ја при себе; тоа ќе биде храната за тебе и за нив!”
22. И направи Ное сè: направи така како што му заповеда Господ Бог.
Интересно е дека на бог му засметуваат луѓето веднаш по стихот за мешањето на божјите мажи и човечките жени и појавата на титаните. Од нигде никаде и никако необјаснето, одеднаш луѓето во очите на господ станале развратни до мера да тој се покајал и посакал да ги уништи. Значи пази, совршениот господ посакал да си ја уништи својата најдобра креација.

Опишаната арка е премала да собере по две животни од секој вид, но можеби доволна само за DNА примероци или машка и женска јајце-клетка од секој вид.

Филмот Ное пак, библиски споредено е чисто богохулие и ја сум изненаден што истиот е пречекан со воодушевување од страна на претставници на некои христијански деноминации. Имено, во филмот бог сака потполно уништување на човековиот вид. Ное и неговото семејство се избрани само да ја завршат вољата божја и по потопот да бидат последните луѓе на земјата. Девојката на еден од синовите ја остава да умре, а од најстариот син ја зема на арката, мислејќи дека таа не може да забремени и да остави потомство. Но кога таа сепак забременува, тој вели дека ако е машко ќе го остави да живее, а ако е женско, ќе го убие бебето пошто ќе оставела потомство (ОД КОГО?). Се раѓаат две близначки и тој се предомислува дури кога го држи ножот над нив двете.

Зошто е извртена библиската приказна? Зошто христијанските свештеници се воодушевуваат на филмот? Да не не не читаме од ист стар завет? Според оваа приказна, сите луѓе се производ на инцест, исто како во приказната со Адам и Ева.
 
Член од
3 септември 2010
Мислења
6.386
Поени од реакции
8.989
Опишаната арка е премала да собере по две животни од секој вид, но можеби доволна само за DNА примероци или машка и женска јајце-клетка од секој вид.
Дури и со ваков "генетски инженеринг" кај би ги сместил бактериите и протозоата што паразитираат само на човекот?
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.277
Опишаната арка е премала да собере по две животни од секој вид, но можеби доволна само за DNА примероци или машка и женска јајце-клетка од секој вид.
По две животни од нечистите, од чистите животни по 7 пара се земени, значи 4 свињи али 14 кенгури, или 14 тетреби, 14 нислки коња.....

2. и земи со себе од секое чисто животно по седум од машки и женски пол, а од животните нечисти по две, машки пол и женски пол
Битие 7
 

König

Гостин
Член од
29 октомври 2014
Мислења
215
Поени од реакции
575
Дури и со ваков "генетски инженеринг" кај би ги сместил бактериите и протозоата што паразитираат само на човекот?
Па... во Ноа енд фемили?[DOUBLEPOST=1416776227][/DOUBLEPOST]
По две животни од нечистите, од чистите животни по 7 пара се земени, значи 4 свињи али 14 кенгури, или 14 тетреби, 14 нислки коња.....

2. и земи со себе од секое чисто животно по седум од машки и женски пол, а од животните нечисти по две, машки пол и женски пол
Битие 7
Да така е. Направив превид заради напишаното во Генезис 6
19. И внеси во него исто така од сите животни, од секој добиток и од сите влекачи, и од секоја плот да има по две, за да останат со тебе во живот; а од машки и женски пол да бидат.
20. Од птиците според родот нивни, и од добитокот според родот негов, и од сите влекачи според нивниот род, и тоа сè по две ќе влезат при тебе, за да останат живи со тебе, пород од машки и женски пол.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.277
Па... во Ноа енд фемили?[DOUBLEPOST=1416776227][/DOUBLEPOST]
Да така е. Направив превид заради напишаното во Генезис 6
не е прв пат дедо боже да се премисли и смени мислење
 

Kajgana Shop

На врв Bottom