Толстој
екс Бомбастичен
- Член од
- 28 септември 2012
- Мислења
- 11.920
- Поени од реакции
- 11.945
Се зачудив кога побарав и видов дека нема тема за Бибсликата приказна: Големиот потоп. Верувам повеќето тука се запознаени со оваа Библиска приказна за големиот потоп, ако не се, еве ви го веројатно најдобриот текст (на македонски) кој го најдов по интернет во врска со ова.
Има многу книги во врска со овој потоп, во некои само се испишани страници а нема некои силни аргументи а некои пак и навистина се интересни за читање. Споделете ако ви се наоѓа нешто, уште поубаво ако имате електронски изданија.
Кои се вашите размислувања за потопот, дали тој некогаш се случил, зошто? Бујрум
Темава ја сместив во мистерии, се двоумев дали да ја ставам во религија, ако е за таму некој од модераторите нека ја премести.НАДВОР од арката, луѓето си живееле исто како претходно. Тие и понатаму не верувале дека ќе дојде потопот. Мора да се смееле како никогаш порано. Но, набрзо престанале да се смеат.
Наеднаш почнала да паѓа вода. Се истурала од небото како од кофа. Ное имал право! Но, сега било предоцна! Никој не можел да влезе во арката, бидејќи Јехова цврсто ја затворил вратата.
Набрзо биле поплавени сите низини. Водата станала како големите реки. Туркала дрвја, тркалала големи камења и правела голема бучава. Луѓето биле исплашени. Се качувале на повисоките места. Ах, камо да го послушале Ное и да влегле во арката додека вратата сѐ уште им била отворена! Но, сега било предоцна.
Водата се подигала сѐ повисоко. Од небото се истурала вода 40 дена и 40 ноќи. Се искачувала по планините, па наскоро и највисоките од нив биле под вода. Токму како што рекол Бог, сите луѓе и животни што биле надвор од арката умреле. Но секој што бил внатре, бил на сигурно.
Ное и неговите синови направиле добра работа градејќи ја арката. Водата ја подигнала, и таа пловела по површината. Еден ден, откако престанало да врне, почнало да грее сонце. Колку убава глетка било тоа! Насекаде се простирал само еден голем океан. А единственото нешто што можело да се види била арката која пловела по водата.
Џиновите исчезнале. Веќе не постоеле и не можеле да ги повредуваат луѓето. Сите тие умреле, заедно со своите мајки и со другите лоши луѓе. Но, што се случило со нивните татковци?
Татковците на џиновите не биле вистински луѓе како нас. Тие биле ангели кои слегле на Земјата за да живеат како луѓе. Така, кога дошол потопот, тие не умреле заедно со останатите. Само престанале да ги користат човечките тела што си ги направиле и се вратиле на небото како ангели. Но, повеќе не им било дозволено да бидат дел од Божјето семејство од ангели. И така станале ангели на Сатана. Во Библијата тие се наречени демони.
Тогаш Бог пуштил ветар, и водата од потопот почнала да се намалува. По пет месеци, арката застанала на врвот од една планина. Поминале уште многу денови пред да можат оние што биле во арката да ги видат врвовите на планините. Водата продолжила да опаѓа.
Тогаш Ное пуштил од арката една црна птица која се вика гавран. Гавранот летал некое време, но пак се вратил назад бидејќи не можел да најде добро место за да слета. Тоа го направил неколку пати. Гавранот секој пат се враќал за да се одмори на арката.
Ное сакал да види дали водата се повлекла од земјата, па затоа пуштил од арката гулабица. Но и гулабицата се вратила затоа што не нашла место да застане. Ное ја пуштил и по вторпат, а таа му донела во клунот свеж маслинов лист. Така Ное знаел дека водата се повлекла. Ное ја пуштил гулабицата и по третпат, и таа конечно нашла суво место каде што ќе живее.
Тогаш Бог зборувал со Ное и му рекол: 'Излези од арката и земи ги со себе семејството и животните‘. Тие поминале во арката повеќе од една година. Затоа можеме да си замислиме колку биле среќни што се повторно надвор и што се живи!
Има многу книги во врска со овој потоп, во некои само се испишани страници а нема некои силни аргументи а некои пак и навистина се интересни за читање. Споделете ако ви се наоѓа нешто, уште поубаво ако имате електронски изданија.
Кои се вашите размислувања за потопот, дали тој некогаш се случил, зошто? Бујрум