Баш ти со постов си се натрти. Сега ќе ти образложам и зошто.
Да, тоа е точно и тоа -треба- да остане така од очигледни причини, а нормално и природни предиспозиции. Тестостеронот си го прави своето.
Ееее тука те чекав! Да се разбереме... сила и моќ се две различни работи.

Промените во однос на правата се должат на психичкиот развој на човековата интелигенција и фактот дека увиделе луѓето дека сепак физичката сила не е репер за моќ и способност во време кога се бара мозок, а не мускули... но за жал сеуште има некои примитивни остатоци во општеството во кои спаѓаш и ти и сметаат дека демонстрација на физичка е демонстрација на моќ. Сериозно со овие неандерталски мислења си се сметаш за високоеволуирано суштество над жените?

Не, мажите не "напреднале еволутивно", очигледно немаш врска од наука и немаш никакво познавање од процесот на еволуција, затоа ќе те замолам да не се бламираш вака и да скокаш ко прле пред магаре зошто траскаш зелени.
Е тука грешиш. Баш напротив, како што наведов погоре,
мажите увиделе дека во време кога се бара интелигенција, а не мускулатура и мавање боксови, би имале корист и помош од страна на жените. Околу покажувањето, тука нема што да се дискутира во однос на тоа што на жените не им било -дозволено- да се докажат и биле потиснувани (поради, повторно, природните предиспозиции на мажите во однос на физичка сила)..
Коментаров ти е апсурден, но без разлика, ќе прокоментирам:
доколку ти сметаш дека тие општества функционираат без проблеми тоа само укажува дека твојот умствен развој е на исто ниво со нив - а мислам дека е очигледно нивната просечна интелигенција на кое ниво е... може да се рече број на патики.
Како што реков, приоритетите и тоа што се -бара- во денешно време - е памет, твојата најслаба страна очигледно, но за среќа, тие што го вртат светот се свесни за оваа потреба и токму поради тоа се случиле тие промени, а ти ако мислиш дека тукутака им текнало "ај бе шо, ќе им даеме права, кој к*р нека се радуваат" тогаш... извини вака... ама многу си глуп бе, кај со детскиве размислувања. Дете од 10 години подобро резонира од тебе.