Се
Се поголем број европски муслимани го напуштаат исламот и преминуваат во христијанство. Французот Саид Уиџибу, кој се одрекол од ислам и преминал во евангелиски протестанти, објаснува дека е време и останатите поранешни муслимани да излезат во јавност и да соопштат дека се откажале од исламот.
-Одрекувањето од верата е табу тема во муслиманскиот свет, а сепак во Куранот нема предвидена казна, сепак пророчката традиција повикува на убивање на отпадниците, истакнал Радуан Атија, некогашен имам, кој своето образование го завршил во Саудиска Арабија, а денес е експрет за ислам на Универзиетот на Лијеж.
Голем број на европски муслимани, како што пишува Ел њуз, го напуштаат исламот и преминуваат во христијанство.
Атија потенцира дека една од најголемите причини за напуштање на исламот е исламскиот радикализам и светскиот џихадизам.
Еден инжинер од Белгија, кој сакал да остане неименувам, го напуштил исламот поради тоа што не бил согласен со „целосната контрола“ над животот на луѓето.
-Доста ми е од сепоприсутниот фундаментализам и лицемерен ислам, категоричен е инжинерот. Тој заедно со друга група на луѓе се бори против муслиманската „индоктринација“.
Слични организации постојат во Британија и Германија.
Според некои податоци, во Лондон има 600.000 муслимани од кои 10.000 се откажале од исламот.