Дневно внесувам од 1800 до 2100 калории,а дневна потреба за да се одржувам ми е 3000 калории.Тоа се бајааги калории дефицит+ тренингот.Не знам стварно што правам грешно,иако да не зборам дека не ставам во уста се што е џанк фуд,не пијам ниту никакви сокови и сите такви празни калории не ги ставам во уста.Едино што морам да признаам е дека за овој месец ипол имам 3-4 пати јадено џанк фуд оброк,но поради тоа што сум бил на работа со вујко ми и на такви места нема бирање освен сендвичара,а си гладен ко вол затоа што си дигал кутии 6 саати,и на слава кај дедо ми што сум каснал нешто не дозволено.
Најверјоатно треба време,за овој месец ипол намалив 3-4 килограми,зголемив килажи на сите вежби(бенџ претходно 80 кг,сега сум на 95 кг 6 пати,мртво 100ка,чучањ 90) и по оцртани ми се мускулите но сепак остана стомакот и најмногу спољерите да ги симнам,таму се таложат 90% од сите калории вишок,за жал.