Сакам да купам 2 водни желки имам аквариум 90x35x35... што се е потребно за во аквариумот и ако може подетално да ми објасните како се чуваат желките, ако имам пумпа во аквариумот на колку време треба да ја мењам водата, со што се хранат, дали мирисаат,и ме интересира дали е поубаво ако им е подлабока водата за пливање или поплитка? фала однапред...
-Подлабока вода, да можат да си пливаат убаво, само мора да има сува површина во дел од аквариумот (односно акватерариумот), односно некој камен на кој ќе излегуваат. Потребно е тој дел да е потопол од остатокот, т.е. да има сијалица над каменот, зошто желките треба да се сончаат.
-Пумпа не ти помага којзнае колку, желките многу валкаат. Еднаш на две до три недели, максимум месец мораш да ја смениш водата, и тоа ако ги храниш само со ракчиња. Ако им даваш и зеленчук и месо, сметај дека мора да ја смениш водата еднаш неделно, инаку ќе се отруеш од смрдеа.
-Мирисаат, како што реков, ако им даваш и зеленчук и месо (што е поздраво отколку да ги храниш само со ракчиња). Во никој случај не им давај овошје и зелка. Инаку обожуваат марула, краставица, риба, пилешко месо, полжави и црви.
-Преку зима обично хибернираат и не јадат ништо со денови. Немој да се исплашиш ако се случи тоа. Затоа е пожелно да и ставиш грејач во водата. Само внимавај, мојата желка еднаш го скрши грејачот со оклопот. Среќа што веднаш по кршењето грејачот излегол над водата, инаку ќе настрадаше од струен удар.