Какви луѓе ве нервираат/не поднесувате

Каков тип на луѓе не сакате:

  • Дволични

    Гласови: 84 28,7%
  • Со негативна енергија

    Гласови: 85 29,0%
  • Преваранти

    Гласови: 39 13,3%
  • Лажговци

    Гласови: 46 15,7%
  • Од оние што се фураат/се прават којзнае кои се

    Гласови: 80 27,3%
  • Од оние што мислат дека се знаат

    Гласови: 66 22,5%
  • Татини мази/галеничиња

    Гласови: 40 13,7%
  • Ќе наведам какви....

    Гласови: 38 13,0%
  • Не ме нервираат никакви

    Гласови: 22 7,5%

  • Вкупно гласачи
    293
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.305
Поени од реакции
5.911
Со поднесувањето карактери и толерирање секаква народија немам проблем. Има карактери на луѓе што не ми одговара нивната природа али како на секое живо суштество така и нив им ја давам онаа морална почит. Ако морам да издвојам нај непријатни за мене карактери тоа се циници, провокатори и луѓе кои немаат осет за околината во која се наоѓаат.
 

Vespertine

The Ugly Duckling
Член од
22 септември 2009
Мислења
2.932
Поени од реакции
3.387
Ме нервираат оние луѓе што плукаат по уилца.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.925
Поени од реакции
41.900
Највеќе ме нервираат луѓе што се замараат и следат се што прават другите околу нив. Се прават главни и коментираат: еј ова не треба да го правиш, она не е за тебе.
Нека си гледаат за нив, затоа што секој си е одговорен за тоа што го прави.

Втор тип на луѓе што ме нервираат е кога со некој друг правам муабет, а они од страна се смеат без причина или се мешаат во муабетот.

Трет тип на луѓе што ги мразам се оние што порано биле сиромашни и дошле до некоја пара па се дигнале во облаци. Ги исмејуваат сите, а заборавиле што биле и како живееле во минатото.

Мразам кога некој ќе ми раскажува за животот на некој што не го познавам.

Мразам и лажачи, преваранти, лицемерни, завидливи и радознали. Лица кои не поднесуваат заебанции и не знаат да се смеат, разгалени и оние кои се плашат од се и не сакаат да ризикуваат.
 
Член од
21 јануари 2014
Мислења
210
Поени од реакции
444
-Прости луѓе што мислат дека се премногу интелигентни и паметни ако знаат нешто или прочитаат нешто.
-Луѓе кои приоритет им е да се забавуваат.
-Луѓе без соништа и умрено "дете во себе".
-Фејкери, оние кои мислат дека животна желба ти е да знаеш се за нив па не прекинуваат со јас-муабети.
-Луѓе со предрасуди и без почит на туѓо мислење.
 
Член од
25 ноември 2009
Мислења
692
Поени од реакции
191
1) луѓе кои постојано тажат оти се сами оти немаат дечко или девојка..значи аман за секое тенџерче има капаче. среќата на секого ќе му дојде еден ден. ништо не е трагично никој не умрел аман нема да останите неизеб*** :lolzz:
2) луѓе кои ме понижуваат и критикуваат а се полу писмени или немаат поим за тоа што имам намера да го направам, па се прават дека многу знаат и од околу ти кажуваат дека неможиш или нема шанси да успееш оти тие имат видено, пробано или искусено а ти си викаш ма немој!:neetaka::neetaka::neetaka:
3) луѓе кои парите и славата ги смениле..дефитинивно за овие имам посебни фрустрациии:popce:
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.830
Поени од реакции
8.858
Јас одговорив - ќе наведам.
1. Типичен македонски пример. Верувам во Бог, зошто ми кажале така дома. Не знам ништо за тоа во што верувам, освен дека така требало. Немам ни желба да дознаам нешто повеќе.
2. Конзервативни фацки во секој поглед.
3. Неамбициозни луѓе, и просечни луѓе. Сакам ексцентрици, исклучиво.
Да се надоврзам: врскаџии.
За испити, за работа, за шалтери, за што сакаш - за тоа.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.729
Поени од реакции
13.468
1. Емоционални пијавици. Луѓе кои кога и да искочиш со нив, никогаш не се барем малку со оптимистички дух. Разбирам дека во моментот светот околу нас не цвета, но не поднесувам луѓе со константен дефетистички став, као брат што се замараш, вака и онака ништо нема да смениш. Најчесто тоа се оние што погоре Пумата ги спомна - врскаџии, луѓе кои никогаш во животот не фатиле книга/нешто да работат. Седат како аморфна маса и зачмаено ти ја впиваат позитивната енергија као сунѓер а после испуштаат отровни стрели. Од такви недоучковци, недозреани, неоформени личности за жал ни страда општеството.
 

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.640
Поени од реакции
9.873
Оние што насекаде се жалат како не постојат приземни и нормални луѓе (демек како нив) а да пробаш да комуницираш со нив ќе ти треба закажување, триста малтретирања, игнорирања, ситничења, фраерлуци, игри и замарања и пак ќе нема да исполнуваш некој услов за да можеш да им се обратиш, па ќе бидеш изигнориран, а уствари се работи за ептен искомплексирани фаци што уопште не знаат да комуницираат со луѓе. Бљак!

И оние што сакаат сите да ги "испоштуваат". Го пуштил пример некој цајкан без казна од жал или којзнае зошто, и сега тој на секое гледање иде и го замара и го поздравува. Седум пати да го види во денот, седум пати ќе застане демек да се поздрави со пријателот.

Оние што си мислат дека треба сите да размислуваат како нив. Ако не делите исто мислење, тогаш по дифолт се работи за прост човек што ништо не разбира и што нема доволно капацитет за воопшто да му се обрати на дотичниот сезнајко :) Овие уствари ептен ме нервираат.
 

Чичко Кумплунг

деца на транзицијата
Член од
3 декември 2011
Мислења
4.194
Поени од реакции
4.400
Луѓе што тазе сте станати од спиење, недоручкувани умараат со муабети и поставуваат прашања.
И патетични исто, моментално најголем отров ми се оние на кои „брат“ им е секој втор збор.
 

Божино

4815162342
Член од
27 јуни 2007
Мислења
8.606
Поени од реакции
13.304
Ме нервираат оние луѓе што плукаат по уилца.
ОВА!!!
Кога ќе слушнам рандом 50-годишен ќелав тип (не знам оти најчесто ваквите влегуваат во шаблонот) кај шо најпрво гласно р'ка и после го ака од земја мал дел од мене умира и обавезно денот ми се заебал.
 

InStealth

Лабаво лавабо
Член од
10 февруари 2015
Мислења
221
Поени од реакции
560
Искомплексирани и филозофи (Мислат дека се' знаат,се прочитале и до утре ќе зборат на тема на која прочитале ,а ти врска немаш и не те интересира и со тоа си го билдаат егото)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom