Како ја доживувате љубовта

Член од
19 ноември 2014
Мислења
6
Поени од реакции
5
Дали сите луѓе различно ја доживуваат љубовта? Какви се тие "пеперутки" во стомакот, се чувствуваат ли само на почетокот или траат долго и секогаш кога ќе помислите на саканата личност. Дали тие "пеперутки" се всушност онаа нервоза што ја имаме во нас, возбуда, како пред секоја напната ситуација. Дали љубовта бледнее со текот на времето? Можно ли е некои луѓе да бидат заљубени а да не бидат свесни за тоа, различно да се доживува љубовта. Некој има потреба постојано да биде со саканата личност, да биде постојано во контакт, а некој може и поретко но сепак да биде заљубен.Да ги нема тие пеперутки, но да му значи личноста. Или нема таква љубов, што е всушност љубовта, cе доживува различно? Или како што многумина тврдат, љубов е кога чувствуваш пеперутки во стомакот, сакаш постојано да си во близина на саканата личност итн.??
Да земеме за пример љубовта према родителите, братот, сестрата, ваквата љубов никогаш не умира, дури и да живееме далеку и оддалечени од нив овие луѓе секогаш ќе ги сакаме и не мора баш секогаш да бидеме во нивна близина. Но што е со онаа другата љубов, "пеперутките" ?
Да поразговараме за љубовта...
 
Очекуваш некој да ти одговори на ова? Па луѓето појма немаат што е љубов. Луѓето влегуваат во врски колку да не бидат сами, некои за пари, некои за секс. И ти ги прашуваш да ти опишат чувство на љубов? Хахах
 
За темава: Љубов према братот или таткото...
па само колку имаме оваа година караници и убиства баш помеѓу вакви лица.
На насловни страни.Син си го утепа таткото, или братот,се за некоја ситна пара или меѓа.
 
Последно уредено:
Очекуваш некој да ти одговори на ова? Па луѓето појма немаат што е љубов. Луѓето влегуваат во врски колку да не бидат сами, некои за пари, некои за секс. И ти ги прашуваш да ти опишат чувство на љубов? Хахах
И сега следува постoт твој од темата Денешните жени....

Никој нема да напише на темава она што до вчера пишувавте и зборевте, дека жените се курви кои трчаат по пари и коли, зашто ќе испаднете лигуши кои своите неуспеси во животот и ФЕЈЛОТ како МАЖ ги припишувате на немањето пари.

Ај сега одлучи се на кое мислење си ок?

Инаку како ја доживувам љубовта не знам, само знам дека љубовта ја уживам.
Грижа, одговорност, почит и знаење, тие 4-те елементи кој ги дефинира и објаснува Фром, се застапени и ги негувам зато шо ми чинат некое внатрешно задоволство и исполнување.
 
Љубовта е нематеријална не може да се поседува само се чувствува.
(и ова не е мое)
 
Последно уредено од модератор:
И сега следува постoт твој од темата Денешните жени....



Ај сега одлучи се на кое мислење си ок?

Инаку како ја доживувам љубовта не знам, само знам дека љубовта ја уживам.
Грижа, одговорност, почит и знаење, тие 4-те елементи кој ги дефинира и објаснува Фром, се застапени и ги негувам зато шо ми чинат некое внатрешно задоволство и исполнување.
Мажите не се материјалисти? И јас пишав некои а не како што меѓу мажите владее мислењето СИТЕ!
 
Мажите не се материјалисти? И јас пишав некои а не како што меѓу мажите владее мислењето СИТЕ!
Во двата поста отсуствува зборот некои како што можам да видам. Што значи, среди мисли пред да пукаш, па макар и во празно.
 
Како што Анчо кажа, љубов спрема брат, татко, невеста, комшика, храна, сок, флижидер???
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom