- Член од
- 8 јануари 2012
- Мислења
- 10.274
- Поени од реакции
- 15.396
ПРВО СО МИТРАЛЕЗ, ПА СО РАКЕТА ВОЗДУХ-ВОЗДУХ
Руска телевизија објавила сателитска снимка на која се гледа дека МХ17 бил урнат од воен авион (ФОТО+ВИДЕО)
Најпрвин во боингот на Малезија ерлајнс било пукано со митралез од авионот, а потоа кокпитот бил погоден со ракета воздух-воздух, додека десниот мотор и десното крило биле погодени со ракета наведувана од топлина, пренесува руската агенција Тасс.
Руската телевизија Ченел Уан денес објавила фотографија што наводно била снимена од странски шпионски сателит во последните секунди од летањето на малезискиот авион МХ17 над Украина.
Иван Андријевски, потпретседателот на Руската инженерска унија, ја анализирал снимката што ја испратил Џорџ Битл, кој се претставил како контролор на воздушниот сообраќај со 20-годишно искуство.
Според Битл, малезискиот боинг бил урнат од млазен ловец што претходно го следел. Најпрвин, во патничкиот авион било пукано од митралез, па кокпитот бил погоден со ракета, а на крај десниот мотор и десното крило биле „откинати“ од топлински наведуван проектил.
Во имејлот имало фотографија од испукување проектил од под десното крило на ловецот насочен кон кокпитот на боингот.
„Можеме да видиме снимка снимена од ниска орбита околу Земјата. Такви снимки обично се прават од воздух за разузнавачки цели“, изјавил Андријевски. „Координатите на снимката сугерираат дека е направена од американски или британски сателит. Темелно ја анализиравме фотографијата и на неа нема знаци дека лажна“.
Боингот 777-200 на Малезија ерлајнс што патуваше од Амстердам кон Куала Лумпур на 17 јули се урна во украинскиот источен Доњецки регион, 60-тина километри од руската граница, во зоната на воени операции меѓу доњецката самоодбрана и украинската армија. Сите 298 патници и членови на екипажот загинаа.
http://www.mkd.mk/svet/vesti/ruska-televizija-objavila-satelitska-snimka-na-koja-se-gleda-deka-mh17-bil-urnat-od-voen#2