И знаеш што е побитно?
Побитно е што примарните радари од Русија сепак покажале дека најблискиот авион до MH17 е на 30 километри далечина.
Ама ти можеш да продолжиш да веруваш на изјава полна со лажни шпекулации и дезинформации од министерство за одбрана кое нон-стоп ширело лаги и патки кога и да е во воен конфликт.
Да да. Затоа што фингиран извештај од некоја холандска комисија, од држава која е под контрола на САД... е пообјективен од директни докази, од 3 (ТРИ!) радарски снимки од руски цивилни контроли на летање. Истите тие снимки на кои холанѓаните не успеале да видат ништо...
Ни русите не се осмелуваат да спомнат американски или НАТО воен авион, ама ти можеш секакви обвинувања од ракав да вадиш. Ќе имаш прес-конференција за јавноста да ги изјасниш твоите докази кои очигледно не се совпаѓаат со тие на русите? Баш ме интересира да видам врз што ги базираш твоите обвинувања.
Хаха, па нормално дека Русите нема да го кажат ова... за разлика од другиве, тие изјавите ги темелат врз факти.
А што се однесува до мене... епа јас сум анонимен член на јавен форум и можам да зборувам слободно без да се однесувам како да сум адвокат или обвинител на судски процес во некоја судница.
Инаку дури и на адвокатите и обвинителите им е дозволено да го користат МОТИВОТ како елемент во процесот. Така да во секој случај QUI BONO е многу добро прашање во секоја ситуација во животот.
Ти да беше
објективен (или
искрен/интелегентен, бирај: еден услов е доволен), сам ќе се прашаше qui bono без мое сугерирање. Но одговорот на ова прашање не ти одговара на агендата.
Не гледам како рушење на цивилен авион би било ефективна метода за оцрнување на Русија и Путин.
Се разбира дека
не гледаш. Многу работи не ги гледаш (или не сакаш да ги видиш).
Тоа е тоа, секој со своите проблеми. Еве и јас, наместо да спремам материјали за посетата на Лувр и Версај -се натегам со такви како тебе по форуми...

[DOUBLEPOST=1410389949][/DOUBLEPOST]
Р
Но западот е тој кој на дебело трпи загуби од завршувањето на таквиот покер, бидејќи повеќе не се вооружува на дебело поради "неизбежниот напад од злобните Руси", со што заврши златното доба на воената индустрија, која плаче по нова Студена Војна, надевајќи се на враќање на старите добри времиња кога западот го претставуваше добриот и слободниот свет, а истокот го претставуваше злобниот и поробениот свет.
Па затоа и уривањето на овој авион се користи за демонизирање на Русија и нејзино претставување како страната која ги поддржува злосторниците кои го собориле тој патнички авион, додека добриот запад единствено сака светот да биде убаво и слободно место за живеење, каде што луѓето ќе живеат во ред, мир и хармонија... па затоа без никакво двоумење се закануваат со нови санкции од Русија, надевајќи се на реакција која би била типична за реакција од Студената Војна, но засега Владимир Путин не им го пружа таквото задоволство.
Мислам дека си премногу општ во почетната изјава.
„Западот„ не е хомоген како политичка и воена сила. Сите иницијативи, и акции на „западот„, без разлика дали се воени или политички, се исклучиво по налог на САД и исклучиво според потребите на надворешната политика и геостратегија на САД.
Многу членки на „западот„ би се одвоиле од друштвото, ама јајцата им се цврсто стегнати од чичко Сем. Пример: СИТЕ државни резерви во злато на Германија се чуваат во Форт Нокс, САД.
Или било која трансакција во долари, над одредена сума: мора да биде одобрена од амерканската централна банка (приватна банка, Федералната Банка за Резерви -која го регулира штампањето на доларите). Трансакции во долари со држави или поединци кои не се кеиф на САД носи заебани консеквенци... прашајте ги Французите кои пред некој месец мораа да платат некои
9 милијарди долари казна за трговија со blacklisted поединци.