H
Hip.Hop_MKD
Гостин
Жестоки борби на руско-украинската граница, Москва најави одмазда
14.07.2014 13:32
Според руски „Комерсант“, Кремљ точно знае од каде било гранатирано. Не се планира масоивен воен одговор, туку селективни и прецизни напади врз тие позиции...
Се усложнува состојбата на руско-украинската граница откако Москва најави одмазда поради украинското гранатирање на руска територија. Проектилите паднале во пограничниот град Ростов, во кое загина еден цивил.
Според руски „Комерсант“, Кремљ точно знае од каде било гранатирано. Не се планира масоивен воен одговор, туку селективни и прецизни напади врз тие позиции. Украинската граната која експлодираше во двор во Ростов го усмрти 47-годишниот Андреј Шулатјев, додека втората граната во соседната куќа рани ќерка и мајка.
„Ударот беше толку силен, што ги разнесе вратите и прозорците, а дури го урна и оџакот. Седев на креветот кога удри првата експлозија. Беше страшно. Од втората се онесвестив“, вели една ранета жителка на Ростов.
„Не ми се верува, убиваат цивили. Како е тоа возможно?“, додава друга жителка.
Руското министерство за надворешни вложи остар протест кај украинскиот амбасадор. „Инцидентот може да има неповратни последици“, предупреди во официјалното соопштение. Цел на напади беше и предградие на Доњецк, веднаш на руската граница. Украинската војска и сепаратистите се борат за контрола на граничниот премин.
„Тешко е да се каже дали авионите ја прелетуваат границата. Кружат и потоа гранатираат. Исто е и ноќе“, вели жител на Доњецк.
Жестоки борби се водеа и околу Луганск, каде што војската се обидела да упадне во градот со 70-на тенкови.
Ивана Салтировска
http://www.mrt.com.mk/node/11594
Што мислат Украинциве, дека Русите се глупи и не знаат од каде дошле гранатите? КОМЕДИИИИ!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!