Сообраќајни прекршоци и казни

Прашање после колку време застарува казна за саобраќаен прекршок.
Може ли некој тука да ми одговори(незнам друга тема,за слично прашање)
Денес добив покана да платам ГЛОБА од 45Е, за тоа што ми е подигнато возило со пајак од тротоар.
Тоа беше во март2011 година. Тогаш во депото немаше записник од полиција, и ми го дадоа возилото откога платив,ама и они се чудеа што нема казна од МВР и не ми понудија затоа-ниту побараа книшка за упис на казненеи поени.
---------
Прашањето е : Дали е ова дело застарено има над три години од прекршокот.
@ Смрт на зони и пајак возила...
@@Смрт за зони и пајак воз.
ако од суд уште не ти е пресудено, туку од МВР те маваат да платиш застерено е, бидејќи застаруваат за 3 години од сторување на прекршокот.
 
Шо е работата со знаците за ограничувања на брзината 40,60 и работа на пат на новиот пат Струмица - Радовиш. Знаците не се тргнати уште од тогаш кога се работеше на патот,а сега полицијата казнува таму заради тие знаци. Кој вози таму 40 и 60? Да им ебам лишинаарто.
Не зезај, казнуваат таму? :tapp: Па таму сите летаат... -.- Богами и треба тоа да се направи, сами да си ги извадиме.
 
Колку изнесува казна ако ја немаш таа налепницата на ветробранско стакло што ја даваат при регистрација?
 
Дали е казниво полукружно вртење на булевари, улици каде што нема знак за забрането полукружно вртење?
 
Дали е казниво полукружно вртење на булевари, улици каде што нема знак за забрането полукружно вртење?
Не, aкo немa знaк врти слoбoднo

Sent from my LG-D802 using Tapatalk
 
Колку изнесува казна ако ја немаш таа налепницата на ветробранско стакло што ја даваат при регистрација?

Па мислам 10-20 евра..Или казнени поени ќе ти пишат..А зошто да те казнат,залепи си ја и вози си слободно..Не ти смета..Ако си ја изгубил оди во АМСМ или Здружение и ќе ти дадат нова..
 
Колку изнесува казна ако ја немаш таа налепницата на ветробранско стакло што ја даваат при регистрација?
Поима неам, али еден другар го казнија у источна Македонија затоа што му беше наместо горе десно, - горе лево.
 
ако од суд уште не ти е пресудено, туку од МВР те маваат да платиш застерено е, бидејќи застаруваат за 3 години од сторување на прекршокот.
Само од МВР ми дојде да платам ништо од суд до сега.
А како со сугурноист да знам,некој линк од тој закон.Уште некој ден поминуват 15 дена и ќе мора да платам..
 
најлошо е кај фонтаанта кај поштата тиа рефлекторто уопште не знаат да ги исклучат не се свесни от нокно вреке ка одаш од кај центаро накај поштата рефлекторто дирекно у очи ти ударат најжално е шо има пешачки пред него а од них не можаш пешаците да ги видаш и после јадат лајна за нас пијани сме биле
 
Само од МВР ми дојде да платам ништо од суд до сега.
А како со сугурноист да знам,некој линк од тој закон.Уште некој ден поминуват 15 дена и ќе мора да платам..
ЗАСТАРЕНОСТ

Застареност на поведување и водење на прекршочната постапка

Член 42

(1) Прекршочната постапка не може да се поведе ниту да се води ако поминат три години[1] од денот кога е сторен прекршокот.

(2) Застарувањето на прекршочното гонење започнува од денот кога е сторен прекршокот.

Така да можеш еден допис до мвр да пратиш дека е застарена казната и немаш намера да ја платиш, во случај ако не се освестат и поднесат барање за поведување на прекршочна постапка, пред суд приговориш на застареност и завршена посла
 
Вака сега:
Комисија за прекршоци по тоа и тоа и разни закони донесува РЕШЕНИЕ.
Прекршокот е сторен на ден 19.о4 2011 год.
РЕШЕНИЕ донеле на ден 03.07. 2012 год. ( по член 57,59 и 66 )
Го примам пред некој ден во пошта со потпис на препорачана пратка.
Може и да не сум добил до сега ништо од суд (менував адреси ама нема ни таму)
-----------------
Правна поука:
дозволено е тужба до Управен суд, против ова решение.
------------------
да одам утре до саобраќајна па што ќе кажат да видиме.
 
моја грешка тогаш, во овој случај ке најдеш адвокат ке му го однесеш решението, тој ке ти пушти тужба до управен суд во која ке наведе и дека постои апсолутна застареност бидејќи тебе прекршокот ти е сторен на 19 април 2011,а тогаш важеше рок за застареност од 1 година од сторување на прекршокот, а апсолутна застареност е двапати повеќе време од колку што е предвидено во законот значи 2 години т.е си го фатил стариот закон за 2 дена и плус ке наведе трошоци кои што треба судот да ти ги признае.
 
Вака сега:
Комисија за прекршоци по тоа и тоа и разни закони донесува РЕШЕНИЕ.
Прекршокот е сторен на ден 19.о4 2011 год.
РЕШЕНИЕ донеле на ден 03.07. 2012 год. ( по член 57,59 и 66 )
Го примам пред некој ден во пошта со потпис на препорачана пратка.
Може и да не сум добил до сега ништо од суд (менував адреси ама нема ни таму)
-----------------
Правна поука:
дозволено е тужба до Управен суд, против ова решение.
------------------
да одам утре до саобраќајна па што ќе кажат да видиме.

А за што те казнија?Крупно ли е?
 
За неколку дена ( од 15.11) неносење на соодветна зимска опрема во патничко возило ќе преставува прекршок

Постоечкиот Закон и Правилник (Сл.Весн. бр.31 од 2010 год ) вика:
Член 11
(1) Како зимска опрема на моторни возила .... се подразбира:
- зимски пневматици на сите тркала, со минимална длабочината на шарите .. од 4 mm.
- пневматици со летен профил на сите тркала со длабочината на шарите ..4 mm. ако возилото во приборот има синџири за снег ..

Е сега,
Во процедура е нов правилник, што очекувам дека експресно ќе помине. Мислам дека една од измените е висината на казна од 15 на 45 евра

-Дали некој знае што се другите измени (?) , евентуално линк да се погледа новиот правилник.
-Дали е точно дека постоечката одредба - можеш да возиш со летни гуми, доколку имаш во возилото и ланци за снег, со новиот Правилник ќе се однесува само за возење во град, а доколку возиш надвор од град, ОБАВЕЗНО мора да имаш И зимски гуми И ланци за снег ?
- Дали евентуална казна по некоја од овие одредби може да ја замениш со казнени поени ?
 
so koe pravo ke se kaznuva za nenosenje lanci vo grad ili na platen avtopat, koga vo gradot a i na avtopatot ima služba za čistenje ?? Pravno može da se baraat i tamu lanci ( i da gi namestiš) ako se raboti za elementarna nepogoda... Vtoro i najvažno, edno e sneg drugo e mraz, na mraz e ponesigurno so lanci ... taka deka 50% od ovie zakoni i regulativi so lancite e čist laicizam i šalabajzerstvo[DOUBLEPOST=1416073931][/DOUBLEPOST]
Поима неам, али еден другар го казнија у источна Македонија затоа што му беше наместо горе десно, - горе лево.
pa gore desno treba... tuku nikoj ne kažuva što koga će dojdat novite nalepnici, kako će gi vadat starite nalepnici tie što imaat folii na šoferšajbna, ovoj što prodava i lepi folii ušte ne razmisluval za toa :mad:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom