Фото берза [помош при избор на фотоапарат]

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
“идиоти“ ги викаат зато што им се во најголем број функциите автоматски, нема шо многу да се мислиш местиш рачно, подесуваш.. само го палиш и сликаш. Додуша и кај нив има модели со можност за рачно поставување на параметри но сепак се далеку по можностите од ДСЛР апарати.
Професионална фотографија е фотографија од која живееш и нема врска со квалитет или “убавина“ Тоа значи дека фотограф кој цел живот слика матури, свадби и крштевки е професионален зато што од тоа живее а нема направено ни една уметничка слика ниту некој го познава надвор од градот каде работи, а од друга страна фотограф кој слика за своја душа, не заработува од фотографија, има еден куп дипломи, медали и звања во светот на фотографијата е фоограф аматер. Назив “аматер“ и “професионалец“ не значи знаење туку дали од тоа што го правиш живееш и заработуваш или не.
Со обичен “идиот“ ќе извадиш пристојна слика во добри услови, добро светло, не можеш многу да експериментираш со различни отвори на бленда различни брзини, фотографирање во слабо светло, брзи акцији, на ретко кој можеш да му ставиш надворешен блиц, не можеш да му менуваш објективи, сензорот му е минијатурен и во најголем случај ЦЦД, ретко кој има оптички окулар..... кога после фотографирање со “идиот“ - правилно се вика поинт енд шот, ќе преминеш на ДСЛР, ќе сфатиш и осетиш шо е разликата и повеќе нема враќање назат.
Е сега за препорака, најубо е да се препорача нешто што има чоек коистено, лично искуство, а такво нешто овде тешко ќе најдеш, во странство имаш луѓе кои работаат и заработуваат тестирајќи апарати нив му праќаат примероци кои тие ги коритат по недела две па ќе напише искуство, е читајќи такви мислења, јас можам да ти дадам совет, и би ти го препорачал Canon PowerShot SX160 IS зато што ма ауто и мануелни контроли шо ќе ти овозможи да експериментираш со фотографија слично како со ДСЛР квалитет на фпотографија е во рамките на таа класа (пристојни слики до ИСО 400 над тоа опаѓа квалитет) добар распон на објектив, пристојно видео.... значи не е екстремно ни над ни под конкуренцијата има предности над другите.
Препорака ми е со него да земеш и полнач за батерии и барем 4 полниви батерии (АА користи) пошто му е слаба страна трошење батерии.
Леле како ти се пишува толкав текст алал да ти е, еден од ретките на форумов што не се штеди себеси да сподели искуство, мислење. (y) Првично фотографијата за мене е уметност, убавина како што кажа, а тоа што некои заработуваат од тоа, професионално, односно комерцијално само за пари се сведува на свадби, настани и сл...не е тоа за мене. Јас сакам да си сликам за мене и тоа да го покажам на другите. http://parizdesigns.weebly.com/photo-gallery.html

Инаку баш за овај апарат гледав review na CNet. Има добри препораки а трошењето батерии не е проблем, веќе имам полнач за такви батерии и еден пар, така да само уште еден пар за резерва ми треба и I'm good to go (y). Го има и братучед ми, летово го зеде и задоволен е. ДСЛР тешко дека некогаш би помислил да купам а камоли ли вистински да купам. 500 евра побрзо би ги инвестирал во нов компјутер, кога ќе дојде времето моменталниов да го менувам, сепак тоа ми е примарното средство за работа. А фотоапаратче, доволно е и едно вакво ама барем во оваа класа да е од подобрите (y)
 
За фотографија не ми е жал да потрошам време да објаснам, ако се овие слики кои сакаш да ги сликаш, канонот ќе ти брка добра работа, ова се фотки дење, сонце, башка што има и добро макро така да ќе можеш и одблиску да направиш интересна фотка на некој детаљ
 
Користел некој samyang објективи? Да сподели искуство ги бива или не... Конкретно сакам да го земам Samyang 8mm f/3.5 IF MC Fisheye, гледам добри слики вади едино што нема IS и AF мада и не треба коа ќе се стави на трипод.
 
За толку широк објектив не ти треба ни AF ни IS, од каде мислиш да го купиш и по која цена?
 
Последно уредено:
За толку широк објектив не ти треба ни AF ни IS, од каде мислиш да го купиш и по која цена?
Знам затоа реков, иначе пиксплус гледам го имаат на залиха за 20.000 или од фото маркет во Грција 300 евра со тоа што ќе дојде поефтино преку граница, ионака 1-2 пати у месецот терам накај солун.
 
Паметно, земи го од таму, јас пред 2 недели од продавница блиску до нив земав двоглед, кој они (моиве) го земаа од фотомаркет - претрчаат преку улица :)

Добро се снабдени фотомаркет а и во центар се, немора многу да акаш за да ги најдеш. Јас го меркам TS-E објективот на Samyang али ќе биде за некоја година, уште не му е дојдено време.

Ако го земеш очекувам да видам фотки!
 
Nikon Coolpix L320
и Fujifim Finepix T350
и општо мислење за BenQ апаратите? Моменталното апаратче ми е BenQ, 5 години има, можда и повеќе, сеуште нормално си работи. Знам дека во светот на фотографијата не се нешто посебно ама споредено сео цените на другите марки, се поефтини ,а и не се тазе во ова поле, има секако едно 10-ина години. И мислам дека во новиве модели користат Sony чип.

Еве налик едно добро моделче:
http://www.anhoch.com/pcmarket/index.php?cat_id=354&pid=35611

@Let 3 ?
 
Од понудените модели Никонот ми изгледа како подобар избор од фуџито а за Бенкју немам најдено некој пристоен ревју да видам шо и како прави
 
dali dokolku postavis objektiv od postar aparat, konkretno na nikon d90 so navoj m42 ke raboti avtofokuot?
мислам не, башка и рачен фокус ќе дупи оти системот на Никон бара адаптер со корекционо стакло за да може да фокусира на инфинити а пак такви адаптери ги бие лош глас дека го намалуваат квалитетот насликата.
 
@Let 3 Ај пак да те прашам, најдов добра понуда за Nikon Coolpix L120, знам дека е сличен со L320 за кој те прашав претходно, ама сепак друго е поискусен да каже свое мислење. И ако не ти е тешко, одговори ми по пп, јас не можам да ти пратам, изгледа ти е блокирана таа опција. :icon_mrgr:
 
Има некаде во МКД да се купи Канон 600д нов, само тело? Гледам секаде по продавнициве што ги знам, секаде оди во пакет со кит објектив.
Сакам да го купам сега апаратов, и после тоа сакам да купам и нифти фифти, па поефтино ќе ме фати ако во старт купам само тело и 50-ката.
 
Нема во МК 600D само тело.
 
Ако имаат стварно на лагер да, чисто се сомневам.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom