bobipp
Let's cook!
- Член од
- 15 август 2008
- Мислења
- 12.173
- Поени од реакции
- 7.425
Леле како ти се пишува толкав текст алал да ти е, еден од ретките на форумов што не се штеди себеси да сподели искуство, мислење.“идиоти“ ги викаат зато што им се во најголем број функциите автоматски, нема шо многу да се мислиш местиш рачно, подесуваш.. само го палиш и сликаш. Додуша и кај нив има модели со можност за рачно поставување на параметри но сепак се далеку по можностите од ДСЛР апарати.
Професионална фотографија е фотографија од која живееш и нема врска со квалитет или “убавина“ Тоа значи дека фотограф кој цел живот слика матури, свадби и крштевки е професионален зато што од тоа живее а нема направено ни една уметничка слика ниту некој го познава надвор од градот каде работи, а од друга страна фотограф кој слика за своја душа, не заработува од фотографија, има еден куп дипломи, медали и звања во светот на фотографијата е фоограф аматер. Назив “аматер“ и “професионалец“ не значи знаење туку дали од тоа што го правиш живееш и заработуваш или не.
Со обичен “идиот“ ќе извадиш пристојна слика во добри услови, добро светло, не можеш многу да експериментираш со различни отвори на бленда различни брзини, фотографирање во слабо светло, брзи акцији, на ретко кој можеш да му ставиш надворешен блиц, не можеш да му менуваш објективи, сензорот му е минијатурен и во најголем случај ЦЦД, ретко кој има оптички окулар..... кога после фотографирање со “идиот“ - правилно се вика поинт енд шот, ќе преминеш на ДСЛР, ќе сфатиш и осетиш шо е разликата и повеќе нема враќање назат.
Е сега за препорака, најубо е да се препорача нешто што има чоек коистено, лично искуство, а такво нешто овде тешко ќе најдеш, во странство имаш луѓе кои работаат и заработуваат тестирајќи апарати нив му праќаат примероци кои тие ги коритат по недела две па ќе напише искуство, е читајќи такви мислења, јас можам да ти дадам совет, и би ти го препорачал Canon PowerShot SX160 IS зато што ма ауто и мануелни контроли шо ќе ти овозможи да експериментираш со фотографија слично како со ДСЛР квалитет на фпотографија е во рамките на таа класа (пристојни слики до ИСО 400 над тоа опаѓа квалитет) добар распон на објектив, пристојно видео.... значи не е екстремно ни над ни под конкуренцијата има предности над другите.
Препорака ми е со него да земеш и полнач за батерии и барем 4 полниви батерии (АА користи) пошто му е слаба страна трошење батерии.
Инаку баш за овај апарат гледав review na CNet. Има добри препораки а трошењето батерии не е проблем, веќе имам полнач за такви батерии и еден пар, така да само уште еден пар за резерва ми треба и I'm good to go
